Песна 193
Проповедај ја „оваа добра вест за царството“!
1. Објавувај ја веста за Царството ти,
за сведоштво на сите луѓе.
Името Божје мора да се посвети,
нашироко нека се чуе.
(Рефрен)
2. Лоши времиња се, време откупете
од себични, световни желби.
Нека Божјата служба во прв ред ни е;
да стекнеме богатства трајни.
(Рефрен)
3. Дур јавуваме вест храбро и бестрашно,
ќе имаме и зли прогонства.
Но, сведочиме љубезно, со тактичност;
ја вршиме Божјата волја.
(РЕФРЕН)
Јавувај ја оваа вест
и помогни им на кротките
за и тие пред Бог став да заземат свој
за вечната негова слава.