ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 15/10 стр. 4-7
  • Семејните проблеми — обележје на времето

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Семејните проблеми — обележје на времето
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Пари и работа
  • Ослабнати брачни врски
  • Напад врз младите
  • Корените на семејните проблеми
  • Семејства кои напредуваат
  • Постои ли тајна за семејна среќа?
    Тајната на семејната среќа
  • Тежнеј кон божествен мир во семејниот живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Обезбеди трајна иднина за своето семејство
    Тајната на семејната среќа
  • Семејниот живот да се направи среќен
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 15/10 стр. 4-7

Семејните проблеми — обележје на времето

ПРОБЛЕМИ во семејството — мнозина ги гледаат како знак дека традиционалните брачни и родителски правила се застарени. Други ги сметаат за продукт на политичките, економските и социјалните промени. А трети, пак, само за уште една жртва на модерната технологија. Во стварност, проблемите со кои семејствата денес се борат, укажуваат на нешто што има многу поголемо значење. Забележи ги библиските зборови во 2. Тимотеј 3:1-4:

„Но ова знај го: во последните денови ќе настанат времиња тешки. Зашто луѓето ќе станат саможиви, среброљупци, самофалци, горди, хулители, непокорни спрема родителите, неблагодарни, неправедни, недружељубиви, непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци, предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољупци отколку богољупци“.

Зарем овие зборови не зафаќаат до самиот корен на денешните проблеми? Јасно е дека денешните семејни проблеми се директен резултат на условите кои по пророштвата треба да се одиграат во текот на последните денови на овој свет. А постои убедлив доказ дека овој период на проблеми започнал во 1914 година.a Оттогаш, влијанието на натчовечкото духовно суштество наречено Сатана Ѓавол било особено смртоносно (Матеј 4:8-10; 1. Јованово 5:19).

Ограничен на близината на Земјата, од 1914, Сатана има „голем гнев, оти знае дека му останува малку време!“ (Откровение 12:7-12). Со оглед дека Сатана е заколнат непријател на Бог, „на кого секое семејство на небото и на земјата му го должи своето име“ (New World Translation of the Holy Scriptures), дали е некакво чудо тоа што Земјата станала опасно место за семејствата? (Ефесјаните 3:15). Сатана е решен да го одврати сето човештво од Бог. На кој начин може подобро да се постигне ова освен да ги напаѓа семејствата нанесувајќи им проблеми?

Потребно е повеќе од слаткоречивите теории на наводните експерти за семејствата да се одбранат од еден таков натчовечки напад. Сепак, Библијата вели за Сатана: „Неговите замки ни се извесни“ (2. Коринтјаните 2:11). Постои мерка на заштита ако познаваме некои од посебните начини на кои тој напаѓа.

Пари и работа

Економскиот притисок е едно од најмоќните Сатанови оружја за напад. Ова се „тешки времиња“, или како што Revised Standard Version го преведува 2. Тимотеј 3:1, „времиња на притисок“. Во земјите во развој, проблемите како што се невработеноста, ниските плати и недостигот на основни потреби, им причинуваат големи потешкотии на семејствата. Меѓутоа, дури и во релативно влијателните Соединети американски држави, економските притисоци го земаат својот данок. Една американска анкета откри дека парите се една од главните причини за проблеми во семејствата. Книгата Тајните на цврстите семејства (Secrets of Strong Families) објаснува дека „времето, вниманието [и] енергијата“ кои се вложуваат за задоволување на барањата на [световната] работа, можат исто така да бидат „префинет непријател“ кој ги нагризува брачните обврски.

Околностите присилиле голем број жени да бараат вработување. Писателот Ванс Пакард известува: „Моментално, барем една четвртина од американските доенчиња и дечиња на возраст под три години имаат мајки кои имаат некој вид работа надвор од домот“. Грижата за скоро незаситните потреби на малите деца, како и за работата, може да биде напорно, исцрпувачко настојување — со негативни последици и за родителите и за децата. Пакард додава дека, поради недостатокот на соодветна детска нега во Соединетите Американски Држави, „скоро неколку милиони деца, денес, се лишени од соодветното овозможување на детска грижа во нивните рани години“ — Нашите загрозени деца (Our Endangered Children).

Самото работно место честопати ја поткопува семејната хармонија. Многу работници се вовлечени во незаконски [сексуални] врски со колеги или колешки. Други, пак, се фатени во залудната потрага по успех и го жртвуваат својот семеен живот заради напредок во кариерата. (Спореди Проповедник 4:4.) Еден човек бил толку преокупиран со својата работа како трговски претставник, што неговата жена се опишала себеси како „де факто самохрана родителка“.

Ослабнати брачни врски

Самата брачна институција се нашла на удар. Книгата Интимна околина (The Intimate Environment) вели: „Во минатото, очекувањата беа брачната двојка да остане венчана сѐ додека еден од сопружниците не направи некаков голем прекршок против бракот — прељуба, малтретирање, крајно запоставување. Сега, повеќето луѓе целта на бракот ја гледаат во личното задоволување“. Да, бракот се третира како противотров за несреќата, досадата или осаменоста, а не како доживотна обврска спрема друго лице. Денес, во средиштето на интересот е, што можеш да извлечеш од бракот, а не што можеш да вложиш во него. (Спореди Дела на св. апостоли 20:35.) Оваа „главна промена во вредностите кои го опкружуваат бракот“ во огромна мера ги ослабела брачните врски. Кога личното задоволување ќе ги изигра нивните сфаќања, двојките често се послужуваат со развод како брзо решение.

Луѓето во овие „последни денови“, пророчки се опишани во Библијата како „на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле“ (2. Тимотеј 3:4, 5). Многу експерти мислат дека падот во религијата одиграл улога во поткопувањето на бракот. Д-р Дајан Медвед, во својата книга Случај против разводот (The Case Against Divorce), напишала: „Според повеќето религии, Бог рекол дека бракот требало да биде траен. Ако не си сигурен во Бог или не му веруваш, тогаш правиш онака како што сакаш“. Како резултат на тоа, кога во бракот има проблеми, двојката не бара здрави решенија. „Тие брзо го прекинуваат бракот“.

Напад врз младите

Децата доживуваат кошмар од денешните притисоци. Зачудувачки голем број деца се насилнички тепани и вербално или сексуално злоупотребувани од своите сопствени родители. Преку разводи, милиони други се лишени од доброљубивото влијание на своите два родитела, а болката од родителскиот развод често трае доживотно.

Младите се бомбардирани со силни влијанија. Од својата 14. година, само преку телевизијата, просечниот американски младинец гледа 18.000 убиства и безброј други видови насилство, незаконски секс, садизам и криминал. Музиката исто така врши огромно влијание врз младите, а голем дел од неа е шокантно непристојна, со јасна сексуална, па дури и сатанска содржина. Во училиштата младите се изложени на теории како што е еволуцијата која тежнее да ја поткопа верата во Бог и во Библијата. Притисокот од врсниците тера многумина да се впуштаат во предбрачен секс, алкохол или злоупотреба на дрога.

Корените на семејните проблеми

Поради тоа, нападот врз семејствата е во замав и може да биде опустошувачки. Што може да им помогне на семејствата да преживеат? Семејниот советник Џон Брадшо предлага: „Веќе 150 години нашите родителски правила не се сериозно модернизирани. . . . Верувам дека старите правила повеќе не вредат“. Сепак, повеќето човечки правила не нудат решение. Јехова Бог е Творецот на семејството. Тој знае подобро од било кој друг колку важна улога игра семејниот живот во нашата лична среќа и што е потребно за нашиот семеен живот да го направиме среќен и цврст. Дали треба да нѐ изненади тоа што неговата Реч, Библијата, го дава решението за семејните проблеми?

Таа древна книга објаснува како семејниот живот се изопачил. Првата брачна двојка, Адам и Ева, била сместена во прекрасна рајска околина и им бил даден наградувачкиот предизвик да ја претворат Земјата во сеопшт Рај. Бог одлучил Адам да биде поглаварот на семејството. Ева требало да соработува со неговото поглаварство како негова „помошничка“ или „надополнение“ (NW). Но Ева се побунила против оваа подготовка. Таа го присвоила поглаварството на својот сопруг и не ја послушала таа една единствена забрана којашто Бог им ја поставил. Потоа Адам се одрекол од своето поглаварство и ѝ се придружил во овој револт (1. Мојсеева 1:26–3:6).

Разорните последици од ова отстапување од Божјата подготовка, веднаш станале очевидни. Не повеќе чисти и невини, Адам и Ева реагирале со срам и вина. Адам, кој својата сопруга порано ја опишал со блескави, поетски изрази, сега ладно ја нарекол „жената, која ми ја даде Ти“. Таа негативна забелешка била само почетокот на брачната беда. Залудниот обид на Адам повторно да го добие своето поглаварство требало да заврши со тоа што тој ‚ќе ѝ биде господар‘. А Ева, пак, требало да има ‚копнеж‘ (Стварност) по својот сопруг, веројатно на екстремен или неурамнотежен начин (1. Мојсеева 2:23; 3:7-16).

Не е за изненадување што брачната кавга на Адам и Ева имала штетно влијание на нивното потомство. Нивниот прв син, Каин, станал ладнокрвен убиец (1. Мојсеева 4:8). Ламех, потомок на Каин, придонел за овој пад на семејниот живот со тоа што станал прв полигамист во историјата (1. Мојсеева 4:19). Така, Адам и Ева оставиле не само наследство на грев и смрт, туку и образец на болно семејство, кој оттогаш ја одредува ситуацијата на човечката раса. Во текот на овие последни денови, семејната неслога достигнала кулминација како никогаш досега.

Семејства кои напредуваат

Но, не сите семејства се виткаат под товарот на денешните притисоци. На пример, во едно мало место во Соединетите Американски Држави, живее еден човек со својата сопруга и двете ќерки. Иако кај голем број од неговите соседи постои генерациски јаз меѓу родителите и нивните потомци, кај него и неговата сопруга тоа го нема, ниту се загрижени дека нивните ќерки би можеле да експериментираат со дрога или секс. Во понеделник навечер, кога другите млади се прилепуваат до телевизорот, целото семејство се собира околу масата во трпезаријата на библиски разговор. „Понеделник навечер е нашата посебна вечер за дружење и разговарање“, објаснува тој. „Нашите ќерки се чувствуваат слободни да зборуваат за своите проблеми со нас.“

Од друга страна, една самохрана родителка од Њујорк Сити, исто така се радува на семејната поврзаност со своите две ќерки. Во што е нејзината тајна? „Телевизорот е исклучен сѐ до викендот“, објаснува таа. „Секојдневно разговараме за еден библиски стих. Исто така, одвојуваме една вечер за семеен библиски разговор.“

Обете семејства се Јеховини сведоци. Тие ги следат советите за семејствата што се дадени во Библијата — и тоа делува. Но, тие не се исклучок. Постојат стотици илјади семејства како нив кои постигнуваат добри резултати применувајќи ги правилата за семејниот живот што се наоѓаат во таа книга.b А кои се тие правила? Како можеш да извлечеш корист за себе и своето семејство? Во одговор на тоа те покануваме да ги разгледаш статиите почнувајќи од следната страница.

[Фусноти]

a За понатамошни докази дека последните денови започнале во 1914, види поглавје 18 од книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата издадена од Христијанската верска заедница на Јеховини сведоци.

b Преку бесплатна домашна библиска студија Јеховините сведоци нудат лична помош во применувањето на библиските начела во семејството. Можете да стапите во контакт со нив ако му пишете на издавачот на ова списание.

[Слика на страница 4]

Бедните економски услови создаваат големи проблеми за семејствата во земјите во развој

[Извор на слика]

Фотографија на U.S. Navy

[Слика на страница 7]

Со примена на библиските начела, многу семејства им се спротивставуваат на денешните притисоци

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели