Песна 152
Да се цени Божјата милост
1. Какво знаење и мудрост
се наоѓаат во Бог!
Колку ли е патот негов
непознат за човекот!
Кој му дава совет нему
или, пак, му помага,
па Бог да му биде должен
или да му отплаќа?
2. Милоста од Бог Јехова
искрено ја цениме.
Тој заслужува во вечност
ние да му служиме.
Се предадовме на Бога,
верни секогаш да сме.
Со способноста на умот,
сѐ што може правиме.
3. Враќање во свет да нема;
мисли да обновиме.
Верата ни помага нам
чисти да останеме.
Молејќи се на Јехова,
понизни во служба сме.
Љубејќи се еден со друг,
радост, мир наоѓаме.