Песна 56
Храбро напред
1. Оној што верно, лојално служи,
страв нема од никого.
Тој сведочи за вистината смело:
Завладеа Царството.
(Рефрен)
2. Верата нас нѐ бодри на дела,
љубовта на преданост;
ревност за Царот нѐ храбри во служба,
отфрламе себичност.
(Рефрен)
3. Дневно Јехова, моќен во бојот,
на верност поттикнува,
сѐ додека овој свет не се сруши
и дојде победата.
(РЕФРЕН)
Напред во бој, храбро ти стој.
Вистината светлост е.
,Јас ќе те зајакнам‘, вели Јехова.
,За вистина бори се.‘