ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • uw погл. 15 стр. 117-124
  • Како Јехова ја води својата организација?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како Јехова ја води својата организација?
  • Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Препознавање на видливиот дел
  • Теократска структура
  • Како ја води Јехова својата организација?
    Обожавај го единствениот вистински Бог
  • Божјата видлива организација
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • „Сеќавајте се на оние што ве предводат“
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Остани безбеден како дел од Божјата организација
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Повеќе
Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
uw погл. 15 стр. 117-124

Глава 15

Како Јехова ја води својата организација?

1. Кои информации во врска со Јеховината организација ни ги открива Библијата, и зошто тоа е важно за нас?

ПРЕКУ инспирираните Списи, Јехова ни овозможува накратко да ѕирнеме во неговата прекрасна небесна организација (Иса. 6:2, 3; Езек. 1:1, 4-28; Дан. 7:9, 10, 13, 14). Иако не можеме да ги видиме духовните суштества, тој ни го свртува вниманието на тоа како активноста на светите ангели влијае на вистинските обожаватели на Земјата (1. Мој. 28:12, 13; 4. Цар. 6:15-17; Псал. 33:7; Мат. 13:41, 42; 25:31, 32). Библијата го опишува и видливиот дел од Јеховината организација и ни помага да сфатиме како тој ја води. Ако навистина имаме духовно разбирање на тие работи, тоа ќе ни помогне да ‚постапуваме достојно за Бога, угодувајќи Му во сѐ‘ (Кол. 1:9, 10).

Препознавање на видливиот дел

2. Кое е Божјето собрание од Пентакост 33. н. е.?

2 Нацијата Израел била Божје собрание 1.545 години. Но таа пропуштила да го држи сојузот на Законот и го отфрлила Божјиот сопствен Син. Затоа Јехова создал ново собрание со кое склопил нов сојуз. Тоа собрание во Библијата е идентификувано како Христова ‚невеста‘, составена од 144.000 Божји избраници да бидат соединети со неговиот Син на небото (Еф. 5:22-32; Отк. 14:1; 21:9, 10). Првите биле помазани со свет дух на Пентакост 33. н. е. Преку светиот дух Јехова пружил непогрешлив доказ дека тоа е собранието коешто тој ќе го употребува за да ја постигне својата цел (Евр. 2:2-4).

3. Кој денес ја сочинува Јеховината видлива организација?

3 Денес само остаток од тие 144.000 е на Земјата. Но, во исполнение на библиското пророштво, големо мноштво „други овци“ активно е поврзан со него. Исус Христос, Добриот Пастир, ги соединил ‚другите овци‘ со остатокот од неговите духовно родени следбеници за да бидат само „едно стадо“ кое ќе го води тој како „еден пастир“ (Јован 10:11, 16; Отк. 7:9, 10). Сите тие сочинуваат една обединета организација, Јеховината денешна видлива организација.

Теократска структура

4. Кој ја води организацијата и како?

4 Библискиот израз „Црква [собрание, NW] на живиот Бог“ јасно ни покажува кој ја води. Организацијата е теократска, односно со неа управува Бог. Јехова го води својот народ преку оној кого Тој го поставил да биде невидлив поглавар на собранието, Господ Исус Христос, и преку Неговата сопствена инспирирана Реч, Библијата (1. Тим. 3:14, 15; Еф. 1:22, 23; 2. Тим. 3:16, 17).

5. а) Како било видливо дека собранието во првиот век имало небесно водство? б) Што покажува дека Исус е сѐ уште поглавар на собранието?

5 Таквото теократско водство било посебно уочливо кога на Пентакост 33. н. е., светиот дух ги поттикнал на акција првите членови на собранието (Дела 2:1-4, 32, 33). Се покажало и тогаш кога Јеховиниот ангел ги водел настаните кои довеле до ширење на добрата вест во Африка (Дела 8:26-39). Исто така се покажало кога Исусовиот глас дал упатства при покрстувањето на Савле од Тарс и уште еднаш кога било започнато мисионерско дело меѓу неевреите (Дела 9:3-7, 10-17; 10:9-16, 19-23; 11:12). Но потребното водство не било секогаш пружано на такви спектакуларни начини. Со текот на времето, повеќе не се слушале гласови од небото, ангели повеќе не им се јавувале на луѓето и немало повеќе чудесни дарови на духот. Сепак, Исус на своите верни следбеници им ветил: „Ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот“ (Мат. 28:20; 1. Кор. 13:8). Јеховините сведоци не само што го признаваат неговото поглаварство, туку очигледно без негова помош би било невозможно да продолжат да ја објавуваат пораката за Царството среде жестокото непријателство.

6. а) Кој го сочинува ‚верниот и разумен роб‘, и зошто? б) Каква задача Христос му дал на тој „роб“?

6 Непосредно пред својата смрт, Исус им зборувал на своите ученици за „верен и разумен роб“ (NW) на кого тој како Господар ќе му довери посебна одговорност. Според Исусовиот опис, тој „роб“ требало да биде присутен кога Исус заминал на небото и сѐ уште требало да биде жив кога тој ќе се врати. Таквиот опис во никој случај не би можел да се однесува само на еден човек. Но се однесува на Христовото верно помазано собрание земено како целина. Исус знаел дека ќе ги откупи со својата сопствена крв, затоа е на место што им се обратил колективно, како свој „роб“. Тој им дал работа, овластувајќи ги сите нив да прават ученици, а потоа постепено духовно да ги хранат, давајќи им „навреме храна [духовна]“. Нивното овластување било потврдено со светиот дух на Пентакост 33. н. е. (Мат. 24:45-47; 28:19, 20; 1. Кор. 6:19, 20; спореди Иса. 43:10).

7. а) Кои зголемени одговорности ги има денес ‚робот‘, и зошто? б) Зошто е важна да ја прифатиме поуката преку овој канал?

7 При враќањето на Господарот, ако ‚робот‘ верно ја извршувал својата работа, ќе му биле доверени поголеми одговорности. Годините кои следеле требало да бидат време за сведочење за Царството во светски размери, и требало да се собере „големо мноштво“ Јеховини обожаватели со изглед да бидат зачувани низ „големата неволја“ (ДК) (Мат. 24:14; Отк. 7:9, 10). И на овие ќе им биде потребна таа духовна храна која ќе ја добиваат од колективниот „роб“, Христовите духовно помазани слуги. За да му угодуваме на Јехова потребно е да ја прифатиме поуката што ни ја дава преку овој канал и да постапуваме во потполна согласност со неа.

8, 9. а) Кое уредување постоело за решавање на прашања околу науката и давање на потребното упатство во врска со проповедањето на добрата вест во I век? б) Какво слично уредување постои денес?

8 Секако, понекогаш можат да се појават прашања поврзани со науката или со начинот на постапување. Што тогаш? Во Дела на св. апостоли 15. поглавје, известени сме за тоа како било решено спорното прашање околу условите кои се барале за обратените Народи. Тоа било доставено до апостолите и постарите мажи во Ерусалим кои служеле како централно водечко тело. Тие постари мажи не биле непогрешливи; не биле луѓе кои никогаш не грешеле. (Спореди Галатјаните 2:11-14.) Но Бог ги употребувал. Тие го зеле предвид она што инспирираните Списи имале да го кажат за темата за која станувало збор, како и доказот за делување на Божјиот дух во отворањето на делото меѓу Народите, па потоа донеле одлука. Бог го благословил тоа уредување (Дела 15:1-29; 16:4, 5). Од тоа централно тело, биле испраќани и поединци за да го унапредат проповедањето на добрата вест во согласност со она за кое ги овластил самиот Господ (Дела 8:14; Гал. 2:9).

9 Во наше време, Водечкото тело се состои од браќа помазани со дух кои потекнуваат од различни земји. Се наоѓа во светската централа на Јеховините сведоци. Лојално ги унапредува интересите на чистото обожавање под поглаварство на Исус Христос. Тие браќа го споделуваат гледиштето на апостол Павле кој, кога им праќал духовен совет на другите христијани, напишал: „Но не како ние да владееме со верата ваша, туку сме помагачи на вашата радост, бидејќи во верата вие сте тврди“ (2. Кор. 1:24).

10. а) Кој одлучува кој ќе биде старешина или слуга помошник? б) Зошто треба тесно да соработуваме со оние кои се поставени на такви одговорни места?

10 Јеховините сведоци ширум светот го признаваат ова теократско уредување. Сите нивни месни собранија тесно соработуваат со него. Тие чекаат од Водечкото тело да наименува старешини и слуги помошници кои се грижат за непречено функционирање на собранијата. Врз каква основа се избираат поединци за таквото именување? Условите се јасно поставени во Библијата. И старешините кои даваат препораки и оние кои се овластени да именуваат сносат сериозна одговорност пред Бог да се придржуваат кон тие услови (1. Тим. 3:1-10, 12, 13; 5:22; Тит 1:5-9). Меѓу членовите на собранието нема општи избори, ниту некакво собраниско гласање. Наместо тоа, во согласност со она што го правеле апостолите кога давале наименувања во првиот век, оние надгледници кои се одговорни за давање на препораки и оние кои подоцна го вршат наименувањето, се молат за помошта од Божјиот дух и бараат водство од Божјата инспирирана Реч (Дела 6:2-4; 14:23; спореди Псалми 74:6, 7). Со нашата реакција на водството кое старешините го пружаат, можеме да го покажеме нашето ценење за Христовата љубезна подготовка на овие ‚дарови [во облик, NW] на луѓе‘ кои ни помагаат на сите нас за да постигнеме „единство во верата“ (Еф. 4:8, 11-16).

11. а) Кои вредни служби ги вршат жените во рамките на теократското уредување? б) Кога треба да носат покривало на главата, и зошто?

11 Библијата бара надгледничките положби во собранието да ги заземаат мажи. Тоа во никој случај не ги омаловажува жените, зашто голем број од нив се вброени меѓу наследниците на небесното Царство. Со скромното, чесно однесување и марливоста додека се грижат за своите семејства, и христијанките придонесуваат за добриот глас на собранието (Тит 2:3-5). Тие често го вршат поголемиот дел од делото на пронаоѓање на новозаинтересирани и нивно поврзување со организацијата (Псал. 67:11). Но за поучувањето во собранието се грижат наименуваните мажи (1. Тим. 2:12, 13). Ако нема оспособен маж кој ќе го води состанокот, тогаш жената ќе стави покривало на главата кога претседава или кога се моли.a На тој начин таа покажува почитување спрема Јеховината подготовка, како што Исус го поставил примерот за сите кои биле подложни на неговиот Татко (1. Кор. 11:3-16; Јован 8:28, 29).

12. а) На какво гледиште ги поттикнува Библијата старешините со оглед на нивната положба? б) Која прекрасна предност можеме сите да ја имаме?

12 Поединец кој има истакната положба во светот се смета за значаен, но во Божјата организација правилото е: „Кој е најмал меѓу вас, тој ќе биде најголем“ (Лука 9:46-48; 22:24-26). Значи, Библијата ги советува старешините да внимаваат да не господарат над оние кои се Божје наследство, туку да му бидат пример на стадото (1. Петр. 5:2, 3). Не само малкумина избрани, туку сите Јеховини сведоци, машки и женски, ја имаат извонредната предност да го претставуваат Суверенот на универзумот, зборувајќи понизно во негово име и насекаде кажувајќи им на луѓето за неговото Царство.

13. Одговори на прашањата кои се наведени на крајот од овој пасус.

13 Добро ќе сториме ако се запрашаме: „Дали навистина сфаќаме како Јехова ја води својата видлива организација? Дали нашите ставови, говор и постапки го одразуваат тоа?“ Следните мисли ќе му помогнат на секој од нас да направи такво самоиспитување:

Што ќе правиме ако вистински се подложуваме на Христос како поглавар на собранието, согласно со следниве библиски стихови? (Мат. 24:14; 28:19, 20: Лука 21:34-36; Јован 13:34, 35).

Во нивното настојување да бидат продуктивни христијани, до која мера треба сите кои се дел од организацијата да се чувствуваат зависни од Бог и Христос? (Јован 15:5; 1. Кор. 3:5-7).

Чија љубезна грижа треба да препознаеме кога старешините се трудат да го променат размислувањето на некој за да гледа на работите во согласност со останатите од организацијата? (Еф. 4:7, 8, 11-13; 2. Кор. 13:11).

Спрема кого покажуваме почитување кога со ценење ги прифаќаме духовните подоготвки кои доаѓаат преку класата „роб“ и нејзиното Водечко тело? Но, што ако за нив зборуваме омаловажувачки? (Лука 10:16; спореди 3. Јованово 9, 10).

Зошто не треба да ги критизираме наименуваните старешини? (Дела 20:28; Рим. 12:10).

14. а) Што покажуваме со нашиот став спрема теократската организација? б) Во какви прилики можеме да докажеме дека Ѓаволот е лажливец и да го израдуваме Јеховиното срце во овој поглед?

14 Јехова денес постапува со нас преку својата видлива организација под Христос како наименуван поглавар. Затоа, нашиот став спрема оваа организација на практичен начин покажува каде стоиме во спорното прашање за суверенитетот (Евр. 13:17). Сатана тврди дека сите ние сме мотивирани од желбата за лична добивка, дека нашиот главен интерес е насочен кон нас лично. Но ако радо се ставаме на располагање да служиме на било каков начин кадешто е потребно, а избегнуваме да кажуваме и да правиме работи со кои неоправдано би привлекувале внимание кон себеси, докажуваме дека Ѓаволот е лажливец. Ако ги љубиме и почитуваме оние кои „го преземаат водството“ (NW) меѓу нас и ја имитираме нивната вера, а одбиваме да бидеме онакви кои „за корист стануваат ласкатели“, го радуваме Јеховиното срце (Евр. 13:7; Јуда 16). Ако развиваме здраво почитување спрема Јеховината организација и со цело срце го вршиме делото кое тој го води, докажуваме дека Јехова е навистина наш Бог и дека сме обединети во неговото обожавање (1. Кор. 15:58).

[Фуснота]

a Меѓутоа, таа не мора да носи покривало на главата кога проповеда од куќа до куќа, бидејќи одговорноста за проповедање на добрата вест лежи на сите христијани подеднакво. Но ако околностите бараат таа да води домашна библиска студија во присуство на нејзиниот сопруг (нејзин поглавар, иако можеби не е христијанин), тогаш треба да носи покривало на главата. Исто така, како исклучителна околност, кога е присутен предаден машки член на собранието а таа води однапред договорена домашна библиска студија, треба да ја покрие главата, но тој треба да се моли.

За повторување

● Која е Јеховината видлива организација денес? Која е нејзината цел?

● Кој е поставен како поглавар на собранието? Преку кои видливи уредувања ни пружа љубезно водство?

● Кои здрав став спрема одговорноста и спрема поединците во организацијата треба да го развиваме?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели