Надгледници кои го преземаат водството — претседавачки надгледник
1 Да се служи како надгледник во собранието е сериозна одговорност (Дела 20:28; 1. Тим. 3:1). Ова е прва од серијата статии кои ќе ги изложат различните должности на христијанските старешини за да можеме сите ние да ја цениме важната работа што ја извршуваат во наша корист.
2 Заедницата го наименува претседавачкиот надгледник да служи неодреден временски период. Додека претседавачкиот надгледник ги координира работите, тоа им помага на старешините да им посветат исправно внимание на доделените должности (Наша служба, стр. 41, 42). Што вклучува тоа?
3 Претседавачкиот надгледник ја прима собраниската пошта и веднаш му ја предава на секретарот. Кога се подготвува за состаноците со старешините, претседавачкиот надгледник добива предлози од старешините за работи кои треба да се дискутираат и го составува дневниот ред. Тој служи и како претседавач на старешинските состаноци. Кога се донесуваат одлуки, тој се грижи истите соодветно да се спроведат. Го надгледува подготвувањето на Состанокот за служба и распоредот за јавните предавања. Ги одобрува известувањата кои му се даваат на собранието, ги ополномоштува исплатите на сите вообичаени трошоци за функционирање и се уверува дали е направен кварталниот преглед на собраниските сметки.
4 Како претседавач, претседавачкиот надгледник ја координира работата на собранискиот одбор за служба. Кога некој библиски студент ќе замоли да биде признат како некрстен објавител или кога некој некрстен објавител сака да се крсти, претседавачкиот надгледник прави подготовки старешините да се состанат со него. Претседавачкиот надгледник презема водство и во подготовките за посетата на покраинскиот надгледник за да можат собранијата во потполност да извлечат корист од посебната седмица на активност.
5 Претседавачкиот надгледник има многу и различни должности. Додека тој понизно се грижи за своите одговорности „со добра волја“, сите ние можеме да го дадеме нашиот дел соработувајќи со старешините (Рим. 12:8). Ако сме „послушни“ и ‚покорни‘ на оние кои го преземаат водството меѓу нас, тие ќе можат да ја извршуваат својата работа со поголем степен на вистинска радост (Евр. 13:17).