Песна 72
Радостите и плодовите на службата за Царството
1. В службата за Богот наш Јехова
радоста е неспоредлива.
Одиме несебично кај други,
носиме на сите утеха.
Токму како што и Христос рекол:
,Среќата е во давањето‘.
А што подобро би дале ние,
ако не вистината за Царството.
2. Таа служба од куќа до куќа
носи презир и рамнодушност.
Треба да сме одлучни и цврсти
да зачуваме беспрекорност.
Ако сме прогонети во служба,
дур сведочиме за својот Бог,
Исус рекол среќни да сме ние,
тоа било така во минатото.
3. Радост носи таа света служба,
ако одиме по Христов пат.
Одмазда проповедај на злите.
Дај му чест на Бог Јехова драг!
Надеж носиме на сите желни
за свет еден слободен од грев.
Тоа нам задоволство ни носи,
а на крајот — живот среќен, бескраен.