ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Посвети се на читањето
    Стражарска кула 1996 | 15 Мај
    • конечно на Исус Христос. На тој начин, таа добива „полна [совршена, НС] награда“. Освен тоа, оние кои го читаат библискиот извештај, учат една вредна поука: Биди му лојален на Јехова и ќе бидеш богато благословен (Рут 2:12; 4:17—22; Изреки 10:22; Матеј 1:1, 5, 6).

      16. На каков испит биле подложени тројцата Евреи, и како може овој извештај да ни помогне?

      16 Извештајот за Евреите по име Седрах, Мисах и Авденаго, може да ни помогне да му бидеме верни на Бог во искушувачки ситуации. Претстави си го настанот додека се чита на глас извештајот од Даниил, поглавје 3. Еден огромен лик од злато се издига над рамницата Дура, каде што се собрани вавилонските службеници. При звукот на музичките инструменти, тие паѓаат долу и го обожаваат ликот што го поставил царот Навуходоносор. Тоа значи, сите — освен Седрах, Мисах и Авденаго — прават така. Со почит, но одлучно, тие му кажуваат на царот дека нема да им служат на неговите богови и да го обожаваат златниот лик. Овие млади Евреи се фрлени во една прекумерно вжештена печка. Но, што се случува? Погледнувајќи внатре, царот гледа четворица силни мажи, од кои едниот ‚е сличен на синот Божји [на еден син на боговите, НС]‘ (Даниил 3:92). Тројцата Евреи ги извлекуваат од печката, а Навуходоносор го благословува нивниот Бог. Наградувачки е да си го претставиме овој извештај. А каква само поука тоа дава во поглед на верноста спрема Јехова под испит!

      Извлечете корист од читањето на Библијата како семејство

      17. Накусо наведи некои корисни работи кои твоето семејство може да ги научи преку заедничкото читање на Библијата.

      17 Вашето семејство може да ужива многу користи ако редовно поминувате време во заедничко читање на Библијата. Почнувајќи од 1. Мојсеева, можете да бидете очевидци на создавањето и да ѕирнете во првобитниот рајски дом на човекот. Можете да споделите искуства за верните патријарси и за нивните семејства и да ги следите Израелците додека со суви нозе минуваат преку Црвеното Море. Можете да го видите овчарчето Давид како го совладува џинот Голијат. Вашето семејство може да ја набљудува изградбата на Јеховиниот храм во Ерусалим, да го види неговото опустошување од страна на вавилонските орди и да ја види неговата повторна изградба под управителот Зоровавел. Заедно со понизните овчари близу Витлеем, можете да ја чуете ангелската објава на Исусовото раѓање. Можете да добиете детали за неговото крштавање и служба, можете да го видите како го дава својот човечки живот како откупнина и да ја споделите радоста од неговото воскресение. Како следно, можете да патувате со апостол Павле и да го посматрате воспоставувањето на собранија како што се шири христијанството. Потоа, твоето семејство може да се радува на величествената визија за иднината што ја имал апостол Јован во книгата Откровение, вклучувајќи го Христовото Илјадагодишно владеење.

      18, 19. Кои предлози се понудени во врска со семејното читање на Библијата?

      18 Ако ја читате Библијата на глас како семејство, читајте ја јасно и одушевено. Кога читате некои извадоци од Светото писмо, еден член на семејството — можеби таткото — би можел да ги чита зборовите од општиот извештај. Другите можат да ги земат улогите на библиските ликови, а вашите делови да ги читате со соодветно чувство.

      19 Додека учествувате во читањето на Библијата како семејство, би можела да се подобри вашата способност за читање. Веројатно, вашето спознание за Бог ќе порасне, а тоа би требало повеќе да ве зближи со него. Асаф испеал: „Мене ми е добро да сум со [да му се приближам на, НС] Бога, на Господа ја полагам надежта моја, за да ги вознесувам сите похвали Твои“ (Псалм 72:28). Тоа ќе му помогне на вашето семејство да биде како Мојсеј, кој ‚останал постојан како да го гледа Невидливиот‘, т.е. Јехова Бог (Евреите 11:27, НС).

      Читањето и христијанската служба

      20, 21. На кој начин нашиот налог за проповедање е поврзан со способноста за читање?

      20 Нашата желба да го обожаваме ‚Невидливиот‘ би требало да нѐ поттикне да работиме на тоа да бидеме добри читатели. Способноста за добро читање ни помага да даваме сведоштво од Божјата Реч. Таа сигурно ќе ни помогне да продолжиме во делото на проповедање за Царството, за кое Исус ги овластил своите следбеници кога рекол: „Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот дух, и учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал“ (Матеј 28:19, 20; Дела 1:8). Сведочењето е главното дело на Јеховиниот народ, а способноста за читање ни помага да го извршиме.

      21 Потребен е напор за да се биде добар читател и вешт учител на Божјата Реч (Ефесјаните 6:17). Затоа, ‚дај сѐ од себе за да се претставиш како признат пред Бог, и кој исправно управува со речта на вистината‘ (2. Тимотеј 2:15, НС). Зголеми го своето спознание за библиската вистина и својата способност како Јеховин сведок со тоа што ќе се посветиш на читањето.

  • Читај ја Божјата Реч и служи му во вистина
    Стражарска кула 1996 | 15 Мај
    • Читај ја Божјата Реч и служи му во вистина

      „Упати ме, Господи, кон Твојот пат, и јас ќе одам во Твојата вистина“ (ПСАЛМ 85:11).

      1. Во суштина, што рекло за вистината првото издание на ова списание?

      ЈЕХОВА испраќа светлина и вистина (Псалм 42:3). Исто така, тој ни ја дава способноста да ја читаме неговата Реч, Библијата, и да ја научиме вистината. Во првото издание на ова списание од 1 јули 1879 година, пишувало: „Вистината, како некое скромно цвеќенце во пустината на животот, е опкружена и скоро задушена од бујниот раст на каколот на лагата. За да ја пронајдеш, мораш секогаш да бидеш внимателен. За да ја видиш нејзината убавина, мораш да го оставиш настрана каколот на лагата и трњето на биготизмот. За да ја поседуваш, мораш да се наведнеш за да ја земеш. Немој да се задоволуваш со едно цвеќе на вистината. Ако едно би било доволно, тогаш не би ги имало повеќе. Секогаш собирај, барај други“. Читањето и

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели