ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • rq лекција 8 стр. 16-17
  • Семеен живот кој му е допадлив на Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Семеен живот кој му е допадлив на Бог
  • Што бара Бог од нас?
  • Сличен материјал
  • Семејниот живот да се направи среќен
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Како можеш да имаш среќен семеен живот
    Што навистина учи Библијата?
  • Како твоето семејство може да биде среќно?
    Запознај го Бог и живеј засекогаш
  • Два клуча за траен брак
    Тајната на семејната среќа
Повеќе
Што бара Бог од нас?
rq лекција 8 стр. 16-17

Лекција 8

Семеен живот кој му е допадлив на Бог

Кое е местото на сопругот во семејството? (1)

Како треба сопругот да се однесува спрема својата сопруга? (2)

Какви одговорности има таткото? (3)

Која е улогата на сопругата во семејството? (4)

Што бара Бог од родителите и од децата? (5)

Кое е библиското гледиште во врска со одвојувањето и разводот? (6, 7)

1. Библијата вели дека сопругот е поглавар на своето семејство (1. Коринтјаните 11:3). Сопругот мора да има само една сопруга. Тие треба да бидат регуларно венчани во очите на законот (1. Тимотеј 3:2; Тит 3:1).

2. Сопругот треба да ја сака својата сопруга како што се сака самиот себеси. Тој треба да постапува со неа како што постапува Исус со своите следбеници (Ефесјаните 5:25, 28, 29). Тој не треба никогаш да ја удира својата сопруга или на кој и да било начин да ја малтретира. Поправо, тој треба да ѝ покажува чест и почитување (Колосјаните 3:19; 1. Петрово 3:7).

3. Таткото треба напорно да работи за да се грижи за своето семејство. Тој мора да обезбеди храна, облека и стан за својата сопруга и за децата. Таткото исто така мора да ги задоволи духовните потреби на своето семејство (1. Тимотеј 5:8). Тој го презема водството помагајќи му на своето семејство да учи за Бог и за Неговите намери (5. Мојсеева 6:4—9; Ефесјаните 6:4).

4. Сопругата треба да му биде добра помошничка на својот сопруг (1. Мојсеева 2:18). Таа треба да му помага на својот сопруг во поучувањето и воспитувањето на нивните деца (Изреки 1:8). Јехова бара сопругата со љубов да се грижи за своето семејство (Изреки 31:10, 15, 26, 27; Тит 2:4, 5). Таа треба да има длабоко почитување спрема својот сопруг (Ефесјаните 5:22, 23, 33).

5. Бог бара децата да ги слушаат своите родители (Ефесјаните 6:1—3). Тој очекува родителите да ги поучуваат и да ги исправаат своите деца. Родителите треба да поминуваат време заедно со своите деца и со нив да ја проучуваат Библијата, грижејќи се за нивните духовни и емоционални потреби (5. Мојсеева 11:18, 19; Изреки 22:6, 16). Родителите никогаш не треба да им даваат стега на своите деца на еден строг или суров начин (Колосјаните 3:21).

6. Кога брачните парови имаат проблеми да се сложуваат, тие треба да се трудат да ги применуваат библиските совети. Библијата нѐ поттикнува да покажуваме љубов и да простуваме (Колосјаните 3:12—14). Божјата Реч не охрабрува на одвојување како начин да се решат незначителните проблеми. Но сопругата би можела да одлучи да го напушти својот сопруг ако 1) тој тврдоглаво одбива да ја издржува својата фамилија, 2) толку е насилен што се доведени во опасност нејзиното здравје и животот, или 3) неговото жестоко противење оневозможува таа да го обожава Јехова (1. Коринтјаните 7:12, 13).

7. Брачните другари мора да бидат верни еден на друг. Прељубата е грев против Бог и против брачниот другар (Евреите 13:4). Сексуалните односи надвор од бракот се единствената библиска основа за развод која допушта повторно стапување во брак (Матеј 19:6—9; Римјаните 7:2, 3). Јехова мрази кога луѓето се разведуваат без библиска основа и се венчаваат со некој друг (Малахија 2:14—16, НС).

[Слики на страници 16 и 17]

Еден татко полн со љубов се грижи за своето семејство во материјален и духовен поглед

[Слика на страница 17]

Бог очекува родителите да ги поучуваат своите деца и да ги исправаат

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели