Песна 36
„Среќни се оние со благ нарав“
1. Бог благослов на кротки дава
за нив е среќа голема.
И кога патат не се гневат;
на Бога спремно чекаат.
А злите се воздигаат,
но јад не им создаваат.
За нив ќе нема живот вечен,
ко трева ќе се исушат.
2. ,Бев млад и сега веќе стар сум‘,
цар Давид рекол еден ден.
,Не видов праведник што сам е
ил’ деца да му просат леб‘.
Ти чесен биди секогаш;
да, имај доверба во Бог!
Штом имаш нарав благ и радост,
ќе добиеш и благослов.
3. На злите им се ближи крајот,
за нив ќе нема место в рај.
А кротките во мир ќе бидат
на Земјата засекогаш.
До тогаш да сме цврсти, знај,
во Речта е вистината.
И понизни и кротки да сме,
во мислите и делата.