Песна 158
Нашето христијанско единство
1. Кој Татко е како Јехова,
што извор на единство е!
Од небо го пратил тој Синот свој
што значи спас за верните.
А темелот свој за слога
во Христос го положил Бог.
За сите што Речта ја следат во сѐ
да се сплотат ко семејство.
2. И што ни е должноста сега,
со Исус штом в единство сме?
Со мисли и дела да сме во склад
пред Бог верно да служиме.
Телесните дела — бол се,
духовниот плод радост е.
Давањето извор на среќа ќе е
по примерот Божји штом е.
3. А уредувањето Божје
наш водич и заштита е.
Вистината нѐ обликува за
во единство да бидеме.
Бог што бара сега од нас,
и личности какви да сме?
Со праведност, љубезност, скромност во сѐ
по патот прав да одиме.