Песна 157
Обожавај го Јехова во младоста
1. Детската уста разнесува глас,
фалба и поздрав за Творецот наш.
Бог го величаат и младите,
заедно со нив постарите се.
2. Вашата должност, родители, е:
покорни да се на Бога во сѐ.
Вие, пак, деца слушајте ги нив,
голема радост им носите ним.
3. Млади христијани трудете се,
доверба в Бога во сѐ имајте.
Слава не барајте во овој свет,
тој ќе ве расипе, чувајте се!
4. Сети се ти на Бог во младоста,
служи му во дух и во вистина.
Додека растеш порадосен си;
Божјето срце го веселиш ти.