Песна 97
Јеховините особини
1. Боже Јехова, ти си за нас
извор на живот, светлина.
Те слави сето творештво,
а врв ќе е Армагедон.
2. Делата твои прекрасни се!
Мудрост забележуваме.
И кога в Речта читаме,
мудроста твоја сјајна е.
3. Престол врз правда ти постави,
праведност сегде разгласи.
О, дај ни да сме послушни,
секогаш да сме лојални.
4. Со твојта љубов се фалиме,
за неа благодариме.
Ти совршен си, да, во сѐ
— тоа ќе го објавиме!