ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • kp стр. 3-5
  • Каде оди овој свет?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Каде оди овој свет?
  • Бдејте!
  • Сличен материјал
  • Библиско пророштво чие исполнување си го видел
    Библијата — Реч Божја или човечка?
  • ”Крајот на светот“ е близу!
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Дали е подоцна отколку што мислиш?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Бдејте!
kp стр. 3-5

Каде оди овој свет?

Сериозните проблеми и шокантните настани станаа секојдневие во целиот свет! Што значи тоа?

ЛИЧНА БЕЗБЕДНОСТ: Експлозии на бомби на пазариштата. Учители и ученици застрелани во училиште. Деца грабнати додека родителите да се свртат. Жени и постари мажи нападнати и ограбени среде бел ден.

РЕЛИГИОЗНА СЦЕНА: Цркви потпомагаат завојувани страни. Свештенство обвинето за геноцид. Свештеници сексуално искористуваат млади луѓе; црквата го прикрива тоа. Сѐ помала посетеност; црквите продадени.

ЖИВОТНА СРЕДИНА: Шуми испосечени заради комерцијални проекти. Во потрага по огрев, сиромаси соголуваат цели ридови. Загадени подземни води — не се за пиење. Индустрискиот отпад и некои современи методи на рибарење го упропастуваат рибарството. Загадениот воздух задушува.

ЗАРАБОТУВАЊЕ ЗА ЖИВОТ: Во супсахарска Африка се известува приход од околу 480 долари годишно по глава на жител. Алчноста на директорите води до пропаст на претпријатија и остава илјадници луѓе без работа. Поради измама, инвеститори ја губат својата животна заштеда.

НЕДОСТИГ НА ХРАНА: Околу 800.000.000 луѓе во светот редовно си легнуваат гладни.

ВОЈНИ: Преку 100 милиони луѓе го изгубија животот поради војни во 20 век. На располагање доволно нуклеарно оружје за да се уништи неколкупати целото човештво. Граѓански војни. Тероризмот ја зафаќа целата планета.

ЧУМИ И ДРУГИ БОЛЕСТИ: Почнувајќи во 1918, шпанскиот грип уби 21.000.000 луѓе. СИДА-та стана „најопустошителната пандемија во човечката историја“. Ракот и срцевите заболувања носат тага по целиот свет.

Види што стои зад поединечните вести. Дали се тоа настани што се случуваат само овде-онде или се детали од целокупната светска ситуација која има сериозно значење?

[Рамка/слика на страница 5]

Дали е Бог навистина заинтересиран?

Потресени од шокантните настани или од некоја тешка лична загуба, многу луѓе се прашуваат зошто Бог не прави ништо за да ги спречи ваквите работи.

Бог е заинтересиран. Тој уште сега дава сигурно водство и вистинско олеснување (Матеј 11:28—30; 2. Тимотеј 3:16, 17). Положил темел за да бидат засекогаш отстранети насилството, болестите и смртта. Подготовките што ги има направено покажуваат дека е заинтересиран не само за луѓето од една нација, туку за луѓето од сите нации, племиња и јазици (Дела 10:34, 35).

Колку сме заинтересирани ние? Дали знаеш кој е Творецот на небото и на Земјата? Како се вика? Што има намера да направи? На овие прашања тој одговара во Библијата. Во неа тој ни кажува какви чекори презема за да му стави крај на насилството, како и на болеста и на смртта. Што се бара од нас за да извлечеме корист од тоа? Ние треба да учиме за него и за неговата намера. Како може да очекуваме да извлечеме корист од она што го прави тој ако не покажуваме вера во него? (Јован 3:16; Евреите 11:6). Исто така, неопходно е да бидеме послушни на неговите барања (1. Јованово 5:3). Дали си ти заинтересиран доволно за да го сториш тоа?

За да сфатиме зошто Бог ги допушта сегашниве околности, мораме најпрво да разбереме едно битно спорно прашање. Библијата го објаснува. На 15. страница од оваа публикација можеш да дознаеш кое е тоа спорно прашање.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели