ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Истрајноста донесува награди
    Нашата служба 2004 | Август
    • Истрајноста донесува награди

      1 „Преку својата истрајност ќе ги добиете своите души“ (Лука 21:19). Овие зборови, кои се дел од пророштвото за „завршетокот на системот на работи“ што го кажал Исус, јасно ни покажуваат дека за да го задржиме нашиот интегритет, мора да бидеме подготвени да се соочиме со многу испити. Но, со сила од Јехова, секој од нас може да „истрае до крај“ и да „биде спасен“ (Мат. 24:3, 13; Фил. 4:13).

      2 Прогонството, здравствените проблеми, финансиските тешкотии и емоционалната болка можат да го претворат секој ден во искушение. Сепак, никогаш не смееме да заборавиме дека Сатана се обидува да го скрши нашиот интегритет кон Јехова. Секој ден во кој му остануваме лојални на нашиот Татко е уште еден ден во кој сме придонеле да му се даде одговор на предизвикот упатен од Потсмевачот. Каква само прекрасна награда за нас е да знаеме дека „солзите“ што ги пролеваме кога се соочуваме со испити не се заборавени! Тие му се скапоцени на Јехова, а нашиот интегритет го радува неговото срце! (Псал. 56:8; Посл. 27:11).

      3 Прочистени со искушенија: Неволјите можат да изнесат на површина некоја слабост во верата или некоја карактерна маана како, на пример, гордост или нестрпливост. Наместо да се обидуваме да ги избегнеме или да ги скратиме искушенијата на небиблиски начин, мора да го послушаме советот од Божјата реч да дозволиме ‚истрајноста да го доврши своето дело‘. Зошто? Затоа што ако верно истрајуваме кога сме во искушенија, ќе станеме „потполни и здрави во секој поглед“ (Јак. 1:2—4). Истрајноста може да ни помогне да стекнеме скапоцени особини, како што се разумност, соживување и милосрдност (Рим. 12:15).

      4 Испитан квалитет на верата: Кога ќе истраеме во искушенија, се здобиваме со испитан квалитет на верата што е од голема вредност во очите на Бог (1. Петр. 1:6, 7). Таквата вера нѐ опремува да останеме непоколебливи и кога ќе имаме искушенија во иднина. Освен тоа, чувствуваме дека Бог нѐ одобрува, а тоа ја прави нашата надеж уште поцврста и пореална (Рим. 5:3—5).

      5 Најдобрата можна награда за истрајноста е нагласена во Јаков 1:12, каде што се вели: „Среќен е оној човек кој и понатаму истрајува во искушението бидејќи, откако ќе биде одобрен, ќе ја добие круната на животот“. Затоа, да останеме непоколебливи во нашата оддаденост на Јехова, цврсто уверени дека тој богато ќе ги награди „оние кои продолжуваат да го љубат“.

  • Дел 2: Водење напредни библиски студии
    Нашата служба 2004 | Август
    • Дел 2: Водење напредни библиски студии

      Подготви се да ја водиш студијата

      1 За да се поучува делотворно во текот на една библиска студија, потребно е повеќе отколку само да се дискутира за материјалот и да се прочитаат наведените стихови. Треба да ги изнесеме информациите така, што ќе го достигнеме срцето на оној што го поучуваме. Ова бара темелно да се подготвиме имајќи го на ум лицето со кое ќе проучуваме (Посл. 15:28).

      2 Како да се подготвиме: Почни така што ќе му се молиш на Јехова за тоа лице и за неговите потреби. Замоли го Јехова да ти помогне да го достигнеш неговото срце (Кол. 1:9, 10). За да ти биде јасна темата што се обработува, разгледај ги накратко насловот на поглавјето или лекцијата, поднасловите и визуелните помагала. Прашај се: ‚Која е главната цел на овој материјал?‘ Ова ќе ти помогне да го насочиш вниманието на главните мисли додека ја водиш студијата.

      3 Внимателно разгледај го материјалот пасус по пасус. Види каде точно се наоѓаат одговорите на отпечатените прашања, но потцртај си ги само клучните зборови и фрази. Анализирај како наведените стихови се поврзани со главната мисла во пасусот, и избери кои стихови ќе ги читате во текот на студијата. Можеби ќе ти биде од помош да направиш кратки белешки на маргините од публикацијата. Ученикот треба јасно да увиди дека она што го учи е од Божјата реч (1. Сол. 2:13).

      4 Приспособи ја лекцијата на потребите на ученикот: Потоа, разгледај ја лекцијата размислувајќи за конкретниот ученик. Пробај да предвидиш што ќе те праша, како и кои работи ќе му бидат тешки да ги разбере или да ги прифати. Прашај се: ‚Што треба да разбере или на што треба да работи за да напредува во духовен поглед? Како можам да му го достигнам срцето?‘ Потоа приспособи го своето поучување во склад со она што ќе го заклучиш. Понекогаш можеби ќе увидиш дека има потреба да подготвиш илустрација, дополнително објаснување или уште неколку прашања за да му помогнеш на ученикот да го сфати значењето на некоја мисла или стих (Неем. 8:8). Но, избегнувај да внесуваш додатни информации што не се баш поврзани со темата. Едно кратко повторување на крајот на студијата ќе му помогне на ученикот да ги запамти главните мисли.

      5 Каква само радост е за нас кога новите донесуваат праведен плод на Јеховина фалба! (Фил. 1:11). За да им помогнеш да ја постигнат таа цел, добро подготви се секогаш кога водиш библиска студија.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели