ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Проповедање на Царството — скапоцена задача
    Нашата служба 2005 | Август
    • Проповедање на Царството — скапоцена задача

      1 Милијарди жители на Земјата секојдневно извлекуваат корист од Јеховините великодушни подготовки за живот (Мат. 5:45). Меѓутоа, само малкумина ја имаат единствената прилика да покажат благодарност кон својот Творец, со тоа што ја проповедаат добрата вест за Божјето Царство (Мат. 24:14). Колку ја цениш оваа скапоцена задача?

      2 Проповедањето на Царството му носи слава на Бог и им дава надеж и мир на луѓето кои се вознемирени од денешниве бурни времиња (Евр. 13:15). За оние што ќе се оѕвијат на пораката, тоа може да значи вечен живот (Јован 17:3). Која кариера или професија може да ни понуди такви користи? Апостол Павле покажал дека ја цени службата со начинот на којшто ја извршувал. Тој на неа гледал како на богатство (Дела 20:20, 21, 24; 2. Кор. 4:1, 7).

      3 Покажи ценење за скапоцената задача: Еден начин да покажеме дека ја цениме задачата да проповедаме е тоа што ќе обрнеме внимание на квалитетот на нашата служба. Дали си одвојуваме време да подготвиме презентација што ќе допре до срцата на оние кои нѐ слушаат? Можеме ли да ја подобриме нашата вештина во користењето на Библијата и во резонирањето со луѓето? Дали темелно го обработуваме подрачјето што ни е доделено? Знаеме ли како да започнеме и да водиме библиски студии? Како верните христијани, во минатото и денес, и ние сме мотивирани со исправно гледиште кон оваа активност и длабоко ја цениме нашата задача (Мат. 25:14-23).

      4 Кога се соочуваме со последиците од длабоката старост, лошото здравје или други тешки околности, утешно е да знаеме дека нашите ревносни напори да учествуваме во службата навистина многу се ценат. Божјата Реч нѐ уверува дека Јехова го цени таквиот труд да му служиме, дури и кога нашата служба можеби не остава голем впечаток во очите на другите (Лука 21:1-4).

      5 Проповедањето на Царството е извор на големо задоволство. Една 92-годишна сестра рекла: „Навистина голема чест е да се погледне наназад на преку 80 години предадена служба на Бог — без никакво жалење! Кога би можела повторно да го живеам својот живот, би го правела истото бидејќи навистина ‚Божјата љубов е подобра од животот‘“ (Пс. 63:3). Да ја цениме и ние оваа скапоцена задача од Бог — делото на проповедање на Царството.

  • Дел 12: Водење напредни библиски студии
    Нашата служба 2005 | Август
    • Дел 12: Водење напредни библиски студии

      Помагај им на учениците да започнат и да водат библиски студии

      1 Кога нашите ученици ќе почнат да учествуваат во службата на подрачјето, можеби ќе се плашат од помислата сами да започнат и да водат библиски студии. Како можеме да им помогнеме да развијат позитивен став кон овој важен дел од нашата служба? (Мат. 24:14; 28:19, 20).

      2 Кога ученикот ќе ги исполни условите да стане некрстен објавител, веројатно веќе учествува во Теократската школа за служба. Обуката што ја добива со подготвувањето и презентирањето на задачите, ќе му помогне да развие вештини за поучување, кои му се потребни да биде „работник кој нема од што да се срами, кој исправно ракува со речта на вистината“ (2. Тим. 2:15).

      3 Поучувај со пример: Исус ги поучувал своите ученици со јасни упатства и со тоа што давал добар пример. Тој рекол: „Секој кој е совршено поучен, ќе биде како својот учител“ (Лука 6:40). Многу е важно да постапуваш како Исус, со тоа што ќе даваш добар пример во твојата служба. Додека го гледа твојот пример во службата, ученикот ќе сфати дека целта на повторните посети е да се започнат библиски студии.

      4 Објасни му на ученикот дека кога нудиме библиска студија, обично не е потребно во детали да опишеме како ќе изгледа тоа. Честопати најдобро е едноставно да му го покажеме тоа, така што ќе употребиме еден или два пасуси од публикацијата за проучување. Корисни упатства за тоа можат да се најдат на 8. страница од ова издание и на 6. страница од Наша служба за Царството од јануари 2002.

      5 Кога ќе биде соодветно, покани го ученикот заедно со тебе или со некој друг искусен објавител да присуствува на друга библиска студија. Тој би можел да даде коментар за некој пасус или за некој клучен стих. На тој начин, со набљудување, ученикот ќе научи многу за тоа како да води напредни библиски студии (Посл. 27:17; 2. Тим. 2:2). Пофали го и разговарајте како може да се подобри.

      6 Ако ги поучуваме новите објавители да бидат учители на Божјата Реч, тоа ќе ги оспособи и самите да го вршат ‚доброто дело‘ на започнување и водење студии (2. Тим. 3:17). Навистина е големо задоволство да се работи заедно со нив во упатувањето на љубезната покана: „Секој кој сака, нека земе бесплатно од водата на животот“ (Откр. 22:17).

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели