ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Започнување библиски студии на врата или преку телефон
    Нашата служба 2005 | Август
    • Започнување библиски студии на врата или преку телефон

      1, 2. Како можеме да се прилагодиме за да им помогнеме на луѓето што се зафатени да ја проучуваат Библијата со нас?

      1 Луѓето денес се зафатени. Сепак, многумина се заинтересирани за духовни работи. Како можеме да им помогнеме да ги задоволат своите духовни потреби? (Мат. 5:3). Многу објавители можат да ја проучуваат Библијата со луѓето на нивната врата или преку телефон. Можеш ли да ја прошириш твојата служба на овој начин?

      2 За да започнеме библиска студија, треба да бидеме подготвени да им покажеме како изгледа тоа секогаш кога ќе ни се укаже таква прилика. Како и каде може да се направи тоа?

      3. Зошто е добро да презентираме библиска студија на ново место и како може да се направи тоа?

      3 На врата: Кога ќе сретнеш некого што сака да разговара за Библијата, едноставно отвори го пасусот што си го подготвил претходно, како што е пасусот од лекција 1 во брошурата Бара, и започни. Прочитај го пасусот, постави го прашањето, и дискутирај за еден или два наведени стиха. Честопати ова може да се направи на самиот праг за пет до десет минути. Ако на лицето му се допаѓа дискусијата, договорете се другпат да разгледате уште еден или два наредни пасуси. (Дополнителни предлози за тоа како да се користи директен пристап за да започнеме да проучуваме со некого, можат да се најдат во Наша служба за Царството од јануари 2002, стр. 6.)

      4. Како можеме на повторните посети да започнеме да ја проучуваме Библијата со станарот, додека стоиме на вратата?

      4 Можеме да користиме сличен пристап за да започнеме библиска студија и кога правиме повторни посети. На пример, би можел да ја понудиш брошурата Бара и да го истакнеш Божјето име, користејќи ја лекција 2, пасуси 1-2. На следната посета, би можел да дискутираш што открива Библијата за особините на Јехова, користејќи ги пасусите 3-4. За следната дискусија, би можел да ги разгледаш пасусите 5-6 и сликата на 5. страница, за да покажеш како проучувањето на Библијата ни помага да го запознаеме Јехова. Сето ова може да се прави додека стоите пред вратата.

      5, 6. а) Зошто некои луѓе повеќе би сакале да ја проучуваат Библијата преку телефон? б) Каков пристап можеме да користиме кога нудиме библиска студија преку телефон?

      5 Преку телефон: Некои луѓе можеби повеќе ќе сакаат да ја проучуваат Библијата преку телефон. Разгледај го следниов пример: додека проповедала од куќа до куќа, една сестра сретнала некоја млада зафатена деловна жена која е и мајка. Откако не можела повторно да ја најде дома, сестрата одлучила да ѝ телефонира. Младата жена објаснила дека нема време да разговара за Библијата. Сестрата рекла: „За 10 или 15 минути, можете да научите нешто ново, дури и преку телефон“. „Па, ако е преку телефон, тогаш може!“ одговорила жената. Наскоро, тие започнале редовно да ја проучуваат Библијата преку телефон.

      6 Дали некои, од оние што ги посетуваш, би биле поспремни да проучуваат преку телефон? Би можел да го пробаш пристапот што го опишавме, или едноставно би можел да кажеш: „Ако повеќе сакате, би можеле да разговараме за Библијата преку телефон. Дали тоа би било подобро за Вас?“ Со тоа што ќе се прилагодуваме според околностите на другите, кога ја проучуваме Библијата со нив, можеме да им помогнеме да ‚го најдат знаењето за Бога‘ (Посл. 2:5; 1. Кор. 9:23).

  • Што да речеш за списанијата
    Нашата служба 2005 | Август
    • Што да речеш за списанијата

      Стражарска кула 15 авг.

      „По некоја трагична загуба, многумина се прашуваат што се случува по смртта. Што мислите, дали е можно да ја разбереме смртта? [Почекај да одговори.] Ова списание објаснува што вели Библијата за состојбата на мртвите. Тоа исто така кажува за Божјето ветување дека ќе ги воскресне нашите блиски што умреле.“ Прочитај Јован 5:28,29.

      Стражарска кула 1 сеп.

      „Во денешниот свет, лојалноста е доблест која повеќе се фали отколку што се покажува на дело. Зарем не би било прекрасно ако повеќето луѓе се како пријателот што е опишан тука? [Прочитај Пословици 17:17. Потоа почекај да одговори.] Ова списание кажува кои се благословите ако сме им лојални на нашето семејство и пријателите.“

      Разбудете се! 8 сеп.

      „Невработеноста денес е најголем проблем, иако има голема конкуренција за работни места. Ова списание ни кажува пет важни фактори за да најдете работа. [Прочитај ги поднасловите со масни букви во статијата „Пет важни фактори за да најдете работа“.] Тоа исто така дава практични предлози како да се задржи работата.“ Прочитај Пословици 22:29, што е цитирано на 10 страница.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели