ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Дел 3: Водење напредни библиски студии
    Нашата служба 2004 | Ноември
    • Дел 3: Водење напредни библиски студии

      Делотворно користење на Писмото

      1. Зошто треба да го нагласуваме Писмото кога водиме библиски студии?

      1 Кога водиме библиски студии, нашата цел е да ‚правиме ученици‘ така што ќе им помогнеме на луѓето да ги разберат и да ги прифатат учењата од Божјата реч и да ги применат во својот живот (Мат. 28:19, 20; 1. Сол. 2:13). Поради тоа, студијата треба да се сосредоточи на Писмото. Во почетокот, можеби ќе биде добро да им покажеш на учениците како да ги наоѓаат стиховите во нивната сопствена Библија. Но, како можеме да го користиме Писмото да им помогнеме на таквите да напредуваат во духовен поглед?

      2. Како да избереме кои библиски стихови ќе ги прочитаме и продискутираме?

      2 Избери кои стихови ќе ги прочитате: Додека се подготвуваш, размисли во каква врска е секој од наведените стихови во лекцијата со мислата што се разгледува, и одлучи кои стихови ќе ги прочитате и ќе ги продискутирате во текот на студијата. Обично е добро да се прочитаат оние стихови од Библијата што даваат поткрепа на нашите верувања. Не мора да се читаат стиховите во кои се изнесени само информации што ни го појаснуваат контекстот. Земи ги предвид потребите и околностите на секој ученик.

      3. Каква е користа од поставувањето прашања, и како можеме да го правиме ова?

      3 Користи прашања: Наместо да му ги објасниш библиските стихови на ученикот, тој нека ти ги објасни тебе. Можеш да го поттикнеш да го направи ова ако вешто користиш прашања. Доколку примената на некој стих е јасна, можеш едноставно да прашаш како стихот го потврдува она што е кажано во пасусот. Во други случаи, можеби ќе биде потребно на ученикот да му поставиш некое поконкретно прашање или повеќе прашања за да го наведеш на исправниот заклучок. Ако е потребно додатно објаснување, може да се даде откако ученикот ќе го каже одговорот.

      4. Колку опширно треба да се објаснуваат цитатите што ги читаме?

      4 Нека биде едноставно: На еден вешт стрелец со лак честопати му е потребна само една стрела за да ја погоди метата. На сличен начин, на еден вешт учител не му се потребни многу зборови за да ја истакне поентата. Тој може да ја каже мислата едноставно, јасно и точно. Понекогаш можеби ќе треба да истражуваш во нашите публикации за да разбереш некој стих и точно да го објасниш (2. Тим. 2:15). Но, немој да се обидуваш да го објасниш секој аспект на секој стих во текот на студијата. Вклучи го само она што е потребно за да се нагласи поентата на она што се разгледува.

      5, 6. Како можеме да им помогнеме на учениците да ја применат Божјата реч во својот живот, но што не треба да правиме?

      5 Објасни ја практичната примена: Кога е соодветно, помогни му на ученикот да види како библиските стихови се однесуваат на него лично. На пример, кога ги разгледуваш стиховите од Евреите 10:24, 25 со ученик што сѐ уште не доаѓа на христијанските состаноци, можеш да поразговараш за еден од состаноците и да го поканиш да дојде. Но, немој да го присилуваш. Дозволи Божјата реч да го мотивира да ги преземе потребните чекори за да му угоди на Јехова (Евр. 4:12).

      6 Додека го извршуваме налогот да правиме ученици, да ‚унапредуваме послушност со помош на верата‘ така што делотворно ќе го користиме Писмото (Рим. 16:26).

  • Што да речеш за списанијата
    Нашата служба 2004 | Ноември
    • Што да речеш за списанијата

      Стражарска кула 15 ное.

      „Повеќето луѓе сакаат да имаат добро здравје и да живеат долго. Но, кога би било можно, дали би сакале да живеете вечно? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Јован 17:3]. Ова списание зборува за библиското ветување за вечен живот. Исто така, објаснува каков ќе биде животот кога тоа ветување ќе се оствари.“

      Стражарска кула 1 дек.

      „Една карактеристика по која луѓето се разликуваат од животните е нивната способност да одредуваат што е исправно а што погрешно. За жал, многу луѓе прават лоши работи. Што мислите Вие, зошто е тоа така? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Еремија 17:9 или Откровение 12:9.] Ова списание кажува што може да ни помогне да знаеме што е исправно, а и да го правиме тоа.“

      Разбудете се! 8 дек.

      „Се проценува дека 25 отсто од луѓето кога-тогаш во животот ќе бидат погодени од некоја душевна болест. Мнозина од нас познаваат некого што има таква болест. [Отвори на статијата.] Оваа статија содржи корисни предлози за тоа што можеме да сториме ако некој наш близок е во таква ситуација.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели