ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Потребна е твојата помош
    Нашата служба 2004 | Декември
    • Потребна е твојата помош

      1 „Ви благодарам за сѐ што правите за сите нас. Тоа навистина многу ни користи.“ Овој коментар убаво ја изразува благодарноста што ја чувствуваме кон нашите старешини и слуги помошници. Додека Божјата организација продолжува да се зголемува, постои сѐ поголема потреба од зрели мажи што ќе служат во скоро 100.000 собранија низ целиот свет. Ако си крстен брат, потребна е твојата помош.

      2 ,Тежнејте‘: На кој начин можеш да тежнееш по дополнителни задачи во службата? (1. Тим. 3:1). Општо земено, со тоа што ќе даваш добар пример во сите аспекти од твојот живот (1. Тим. 4:12; Тит 2:6—8; 1. Петр. 5:3). Имај целосен удел во проповедничкото дело и помагај им на другите да го прават истото (2. Тим. 4:5). Биди искрено заинтересиран за доброто на твоите соверници (Рим. 12:13). Трудољубиво проучувај ја Божјата реч и развивај ја ‚уметноста на поучување‘ (Тит 1:9; 1. Тим. 4:13). Марливо извршувај ги задачите што ти ги доделуваат старешините (1. Тим. 3:10). Ако си семеен поглавар, ‚добро предводи го својот дом‘ (1. Тим. 3:4, 5, 12).

      3 Секој што служи како наименуван брат треба да работи напорно и од него се бара самопожртвуван дух (1. Тим. 5:17). Затоа, кога тежнееш по такви одговорности, сосредоточи се на тоа понизно да им служиш на другите (Мат. 20:25—28; Јован 13:3—5, 12—17). Длабоко размислувај за ставот што го имал Тимотеј и труди се да го имитираш (Фил. 2:20—22). Исто како него, дозволи твоето добро однесување да те препорача и тебе (Дела 16:1, 2). Додека ги стекнуваш духовните особини што се потребни за да ги извршуваш дополнителните задачи и го применуваш секој совет што го добиваш за подобрување, ‚твојот напредок ќе им биде видлив на сите‘ (1. Тим. 4:15).

      4 Родители, учете ги младите да помагаат: Децата можат да учат да помагаат уште од рана возраст. Учете ги да бидат внимателни на состаноците, да проповедаат и да се однесуваат примерно во Салата на Царството и на училиште. Учете ги да им служат на другите и да уживаат во тоа, извршувајќи работи како на пример: да чистат во Салата на Царството, да им помагаат на постарите итн. Нека ја почувствуваат радоста што доаѓа од давањето (Дела 20:35). Ако учат на таков начин, ќе можат утре да станат пионери, слуги помошници и старешини.

  • Дел 4: Водење напредни библиски студии
    Нашата служба 2004 | Декември
    • Дел 4: Водење напредни библиски студии

      Научи ги учениците да се подготвуваат

      1 Ученикот кој претходно го чита градивото, ги подвлекува одговорите и размислува како да одговори со свои зборови, обично брзо напредува во духовен поглед. Затоа, штом е воспоставена редовна студија, подгответе една лекција заедно за да му покажеш на ученикот како се прави тоа. Со повеќето ученици ќе биде корисно заедно да подготвите по едно цело поглавје или лекција.

      2 Подвлекување и забелешки: Објасни му како да ги најде директните одговори на отпечатените прашања. Покажи му на ученикот како ти си ги подвлекол клучните зборови или фрази во твојот примерок од публикацијата што се проучува. Додека го разгледувате материјалот, можеби ќе сака да го следи твојот пример, подвлекувајќи го во својот примерок само тоа што е неопходно за да се сети на одговорот (Лука 6:40). Потоа замоли го да одговори со свои зборови. На тој начин ќе имаш увид во тоа колку добро го разбира материјалот.

      3 Важен дел од подготовката на ученикот за студијата е внимателно да ги испитува стиховите што не се цитирани (Дела 17:11). Помогни му да согледа дека секој наведен стих поддржува некоја мисла во пасусот. Покажи му како да си прави кратки белешки на маргините од својата публикација за проучување. Нагласи му го фактот дека темелот за она што го учи е Библијата. Поттикни го често да ги користи наведените стихови во коментарите што ги дава при проучувањето.

      4 Краток преглед и повторување: Пред да почне темелно да го подготвува материјалот за проучување, на ученикот ќе му биде од помош ако направи еден преглед на темата. Покажи му дека тоа може да го направи со кратко разгледување на насловот, поднасловите и илустрациите во поглавјето. Објасни му дека пред да заврши со подготовката, би било мудро да одвои малку време за да ги повтори главните мисли што се изнесени во лекцијата, можеби користејќи ја рамката со прашања за повторување, доколку ја има. Таквото повторување ќе му помогне да ги запомни информациите.

      5 Тоа што ќе го поучуваш ученикот добро да се подготвува за проучувањето ќе му помогне да дава смисловни коментари на собраниските состаноци. Ова исто така ќе му помогне да развие навики при проучувањето, кои ќе му користат долго откако ти ќе престанеш да ја проучуваш Библијата со него.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели