ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • „Хранет со зборовите на верата“
    Нашата служба 2005 | Јануари
    • „Хранет со зборовите на верата“

      1 Потребен е голем напор за да се стремиме по живот на побожна оддаденост (1. Тим. 4:7-10). Ако се обидуваме само со својата сила да следиме таков правец, наскоро ќе почнеме да се тетеравиме и ќе ослабиме (Иса. 40:29-31). Еден начин на кој можеме да добиеме сила од Јехова е да се ‚храниме со зборовите на верата‘ (1. Тим. 4:6).

      2 Богата духовна храна: Преку својата Реч и преку „верниот и разборит роб“, Јехова ни обезбедува богата духовна храна (Мат. 24:45). Дали правиме сѐ за да извлечеме корист од тоа? Дали ја читаме Библијата секој ден? Дали имаме одредени термини за лично проучување и длабоко размислување? (Псал. 1:2, 3). Таквата здрава духовна исхрана нѐ зајакнува и нѐ штити од влијанијата на сатанскиот свет кои можат да нѐ ослабнат (1. Јов. 5:19). Ако го полниме нашиот ум со здрави работи и ги применуваме во својот живот, Јехова ќе биде со нас (Фил. 4:8, 9).

      3 Јехова нѐ зајакнува и преку собраниските состаноци (Евр. 10:24, 25). Духовната поука и здравото друштво што ги наоѓаме на овие собири нѐ зајакнуваат да останеме цврсти и покрај испитите (1. Петр. 5:9, 10). Една млада христијанка рекла: „По цел ден сум на училиште и тоа ме исцрпува. Но состаноците се како оаза во пустина, каде што можам да се освежам и на тој начин да се справам со следниот училишен ден“. Навистина сме благословени за напорот што го вложуваме за да присуствуваме на состаноците!

      4 Објавување на вистината: За Исус, проповедањето било како храна. Тоа му давало сила (Јован 4:32-34). На сличен начин и ние се чувствуваме како да ни е обновена силата кога им зборуваме на другите за прекрасните ветувања од Бог. Исто така, кога сме зафатени во службата нашите срца и мисли остануваат сосредоточени на Царството и на благословите што наскоро ќе дојдат. Тоа навистина нѐ освежува (Мат. 11:28-30).

      5 Колку само сме благословени што извлекуваме корист од духовната храна што Јехова ја обезбедува за својот народ денес! Да продолжиме да воскликнуваме од радост на негова слава (Иса. 65:13, 14).

  • Дел 5: Водење напредни библиски студии
    Нашата служба 2005 | Јануари
    • Дел 5: Водење напредни библиски студии

      Одреди колку материјал да се обработи

      1 Кога ги поучувал своите ученици, Исус ги зел предвид нивните ограничувања, со тоа што им зборувал онолку ‚колку што можеле да слушаат‘ (Марко 4:33; Јован 16:12). Слично на тоа, оние што денес поучуваат за Божјата реч треба да одредат колку материјал е практично да обработат за време на библиската студија. Од способноста и од околностите на учителот и на ученикот ќе зависи колку материјал може да се разгледа.

      2 Гради цврста вера: На некои ученици можеби им требаат две или три студии за да го сфатат истиот материјал што други ученици лесно можат да го разберат во текот на една студија. Многу поважно е да му помогнеме на ученикот јасно да го разбере материјалот отколку да поминеме многу материјал за кратко време. На секој ученик му треба цврст темел за неговата новопронајдена вера во Божјата Реч (Посл. 4:7; Рим. 12:2).

      3 Додека ја водиш студијата од седмица во седмица, помини онолку време колку што е потребно за да му помогнеш на ученикот да го разбере и да го прифати она што го учи од Божјата Реч. Немој да брзаш, зашто тоа ќе го спречи ученикот да извлече корист од вистинската вредност на вистините за кои е поучуван. Остави си доволно време за да го насочиш вниманието на важните мисли и да ги разгледаш клучните стихови врз кои се темели поучувањето (2. Тим. 3:16, 17).

      4 Држи се за темата: Како што не сакаме да брзаме низ студијата, исто така не сакаме и да застрануваме од темата. Ако ученикот е склон многу да зборува за лични работи, можеби ќе мораме да се договориме да разговараме за нив после студијата (Проп. 3:1).

      5 Од друга страна, пак, поради нашата сопствена воодушевеност за вистината, можеби ние зборуваме премногу за време на проучувањето (Псал. 145:6, 7). Повремените дополнителни мисли или искуства можат да бидат корисни при проучувањето, но не би сакале тие да бидат толку чести и долги што ќе го спречат ученикот да стекне точно спознание за основните библиски науки.

      6 Ако на секоја студија обработуваме разумно количество материјал, ќе им помогнеме на лицата што ја проучуваат Библијата да ‚одат во Јеховината светлина‘ (Иса. 2:5, NW).

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели