-
Сега, повеќе од кога и да е порано, остани буден!Стражарска кула 2003 | 1 Јануари
-
-
млад христијанин, кој напишал до канцеларијата на подружницата: „Служам како слуга помошник. Но, не можам да им речам на браќата да бидат пионери ако и јас самиот не дадам добар пример. Затоа напуштив едно добро платено работно место и сега работам самостојно, а тоа ми дава повеќе време за служба“. Овој млад човек станал еден од 983-те пионери што служат во државата Брегот на слоновата коска, каде што минатата година известиле 6.701 објавител, пораст од 5 проценти.
17. На кој начин една млада девојка Сведок во Белгија покажала дека не се плаши од предрасудите?
17 Нетолеранцијата, предрасудите и дискриминацијата и понатаму предизвикуваат проблеми за 24.961 објавител на Царството во Белгија. Сепак, тие се ревносни и не се плашат. Кога една 16-годишна девојка Сведок слушнала дека Јеховините сведоци ги претставуваат како секта на часот по етика на училиште, таа побарала дозвола да ја изнесе и другата страна на приказната. Користејќи ја видеокасетата Јеховините сведоци — организацијата зад името и брошурата Јеховини сведоци — кои се тие?, таа можела да објасни кои се, всушност, Сведоците. Информациите наишле на добар одѕив и следната седмица на учениците им бил даден тест во кој сите прашања биле во врска со христијанската религија на Јеховините сведоци.
18. Кој доказ постои дека на објавителите во Аргентина и Мозамбик економските проблеми не им го одвлекле вниманието од служењето на Јехова?
18 Повеќето христијани мораат да се соочуваат со тешки проблеми во текот на овие последни денови. Сепак, тие се трудат да не им биде одвлечено вниманието. И покрај економските проблеми кои се добро познати, Аргентина извести нов највисок број од 126.709 Сведоци минатата година. Во Мозамбик сѐ уште владее голема сиромаштија. Сепак, 37.563 известиле дека учествуваат во делото на сведочење, пораст од 4 проценти. Во Албанија животот е тежок за многу луѓе, но сепак таа земја извести еден добар пораст од 12 проценти, достигнувајќи највисок број од 2.708 објавители. Јасно, Јеховиниот дух не е спречен од тешките услови кога неговите слуги ги ставаат интересите на Царството на прво место (Матеј 6:33).
19. а) Што дава доказ дека сѐ уште има уште многу луѓе слични на овци што гладуваат по библиската вистина? б) Кои се некои други детали од годишниот извештај што покажуваат дека Јеховините слуги остануваат духовно будни? (Види ја табелата на страници 12—15.)
19 Просечниот број од 5.309.289 библиски студии месечно во целиот свет што беа известени минатата година покажува дека сѐ уште има многу луѓе слични на овци што гладуваат за библиската вистина. Од новиот највисок број од 15.597.746 присутни на Меморијалот, повеќето сѐ уште не му служат активно на Јехова. Нека продолжат да растат во спознанието и во љубовта, како кон Јехова така и кон братството. Возбудливо е да се види дека ‚големото мноштво‘ од „други овци“ и понатаму е продуктивно додека му служи на Творецот „ден и ноќ во неговиот храм“ заедно со неговите браќа помазани со дух (Откровение 7:9, 15; Јован 10:16).
Лекција од Лот
20. Што учиме од примерот на Лот и неговата жена?
20 Се разбира, дури и верните слуги на Бог можат привремено да го изгубат чувството на итност. Размисли за Лот, внукот на Авраам. Од двајцата ангели што го посетиле дознал дека Бог наскоро ќе ги уништи Содом и Гомор. Таа вест не можела да го изненади Лот, кого ‚тешко го измачувала распуштеноста на која ѝ се препуштале луѓето кои му пркоселе на законот‘ (2. Петрово 2:7). Сепак, кога двајцата ангели дошле да го придружат за да излезе од Содом, тој ‚се задржувал‘ (NW). Ангелите речиси морале да го одвлечат него и неговото семејство надвор од градот. Подоцна, Лотовата жена го игнорирала предупредувањето на ангелите да не се свртува назад. Таа скапо платила за својот лежерен став (Битие 19:14—17, 26). „Сеќавајте се на Лотовата жена“, опоменал Исус (Лука 17:32).
21. Зошто е толку битно сега да останеме будни повеќе од кога и да е порано?
21 Катастрофата во Помпеја и Херкуланум, настаните во врска со уништувањето на Ерусалим, како и примерот со Потопот во времето на Ное и примерот на Лот, илустрираат колку е важно сериозно да се сфатат предупредувањата. Како Јеховини слуги, ние го препознаваме знакот за времето на крајот (Матеј 24:3). Сме се одвоиле од лажната религија (Откровение 18:4). Исто како христијаните од првиот век, треба ‚цврсто да ја држиме во мислите присутноста на Јеховиниот ден‘ (2. Петрово 3:12). Да, сега, повеќе од кога и да е порано, мораме да останеме будни! Кои чекори можеме да ги преземеме и кои особини можеме да ги развиеме за да останеме будни? Следната статија ќе ги разгледа овие работи.
-
-
„Бдејте“!Стражарска кула 2003 | 1 Јануари
-
-
„Бдејте“!
„Што ви кажувам вам, на сите им го кажувам: Бдејте“ (МАРКО 13:37).
1, 2. а) Каква лекција научил еден човек во врска со чувањето на својот посед? б) Што учиме во врска со будноста од Исусовата илустрација за крадецот?
ХУАН си ги чувал вредните работи дома. Ги ставил под кревет — најбезбедното место во куќата, како што си мислел тој. Меѓутоа, една ноќ, додека тој и неговата жена спиеле, во спалната влегол крадец. Очигледно, крадецот точно знаел каде да бара. Тивко ги зел сите скапоцени предмети што биле под креветот, како и парите што Хуан ги оставил во една фиока во шкафчето покрај креветот. Следното утро, Хуан ја открил кражбата. Долго време ќе се сеќава на болната лекција што ја научил: Заспан човек не може да го чува својот посед.
2 Истото важи и во духовен поглед. Не можеме да ја зачуваме нашата надеж и нашата вера ако заспиеме. Затоа, Павле ја дал опомената: „Да не спиеме како останатите, туку да останеме будни и да бидеме трезвени“ (1. Солуњаните 5:6). За да покаже колку е битно да се остане буден, Исус ја употребил илустрацијата за еден крадец. Ги опишал настаните што ќе се случат пред тој да се појави како Судија, а потоа опоменал: „Затоа, бдејте зашто не знаете во кој ден доаѓа вашиот Господ. Но едно знајте дека
-