-
Каде може да се најде вистинска утеха?Стражарска кула 2003 | 1 Мај
-
-
виделе доказ дека Божјиот дух бил со нив, а нивните искуства им дале натамошна причина да се радуваат (Матеј 5:11, 12; Дела 8:1—40).
19. Што мислел Павле за утехата што ја дава Бог, иако трпел жестоко прогонство?
19 Со текот на времето, Савле (Павле), кој и самиот бил насилнички прогонител, станал мета на прогонство затоа што станал христијанин. На островот Кипар имало некој гаталец што се обидел да ја спречи службата на Павле служејќи се со измама и извртување на работите. Во Галатија, Павле бил каменуван и оставен затоа што мислеле дека е мртов (Дела 13:8—10; 14:19). Во Македонија бил тепан со стапови (Дела 16:22, 23). По насилството од некоја толпа во Ефес, тој напишал: „Бевме под крајно голем притисок над нашата сила, така што не бевме сигурни дури ни за својот живот. Всушност, во себе чувствувавме дека ја примивме смртната пресуда“ (2. Коринќаните 1:8, 9). Но, во истото писмо Павле ги напишал утешните зборови цитирани во 2. пасус од оваа статија (2. Коринќаните 1:3, 4).
20. Што ќе разгледаме во следната статија?
20 Како можеш и ти да даваш таква утеха? Во нашево време има многу луѓе на кои им е потребна утеха кога трпат болка, или поради некоја несреќа што погодува илјадници луѓе или поради некоја неволја што ги погодува само нив. Во следната статија ќе разгледаме како да даваме утеха и во едниот и во другиот случај.
-
-
Дај им утеха на оние што жалатСтражарска кула 2003 | 1 Мај
-
-
Дај им утеха на оние што жалат
„Јехова ме помаза . . . да ги утешам сите жалосни“ (ИСАИЈА 61:1, 2, NW).
1, 2. Кому треба да му даваме утеха, и зошто?
ЈЕХОВА, Богот на вистинската утеха, нѐ учи да покажуваме грижа кога другите доживуваат несреќи. Тој нѐ поучува ‚да им зборуваме утешно на депримираните души‘ и да ги тешиме сите што се жалосни (1. Солуњаните 5:14). Кога на сообожавателите им е потребна таква помош, ние им ја даваме. Исто така, покажуваме љубов кон оние што не се дел од собранието, па дури и кон оние што во минатото можеби никогаш не покажале никаква љубов кон нас (Матеј 5:43—48; Галатите 6:10).
2 Исус Христос го прочитал и го применил на себе пророчкиот налог: „Духот на Суверениот Господ Јехова е на мене затоа што Јехова ме помаза да им ја објавувам добрата вест на кротките. Ме испрати да ги превијам оние со скршени срца . . . да ги утешам сите жалосни“ (Исаија 61:1, 2, NW; Лука 4:16—19). Денешните помазани христијани одамна сфатиле дека овој налог важи и за нив, а ‚другите овци‘ радосно им се придружуваат во тоа дело (Јован 10:16).
3. Како би можеле да им помогнеме на луѓето кога ќе прашаат „Зошто Бог допушта несреќи?“
3 Кога ќе се случи катастрофа и луѓето се во длабока болка и очај, тие честопати прашуваат „Зошто Бог допушта несреќи?“ Библијата дава јасен одговор на ова прашање. Меѓутоа, можеби на некој што не ја проучувал Библијата ќе му треба време сосема да го разбере одговорот. Публикациите на Јеховините сведоци можат да му помогнат во тоа.a Меѓутоа, се покажало дека за некои луѓе, за почеток, било утешно и самото тоа што во Библијата виделе некој стих како што се стиховите од Исаија 61:1, 2, бидејќи тие покажуваат дека Бог има желба луѓето да добијат утеха.
4. Како можела една девојка Сведок од Полска да ѝ помогне на една очајна соученичка, и како може тоа искуство да ти помогне тебе да им помагаш на другите?
4 И на младите и на постарите им е потребна утеха. Една депримирана тинејџерка од Полска побарала совет од една своја познаничка. Со љубезно потпрашување, пријателката, која е Јеховин сведок, дознала дека девојката била преплавена со прашања и сомневања: ‚Зошто постои толкава злоба? Зошто луѓето страдаат? Зошто страда мојата парализирана сестра? Зошто имам болест на срцето? Црквата вели дека Бог сака да биде така. Но, ако тоа е точно, ќе престанам да верувам во него!‘ Девојката Сведок му се помолила во себе на Јехова, и потоа рекла: „Мило ми е што ме праша за тоа. Ќе се обидам да ти помогнам“. Таа раскажала дека како дете и самата имала сомневања и дека Јеховините сведоци ѝ помогнале. Објаснила: „Дознав дека Бог не го предизвикува страдањето на луѓето. Тој ги сака, им го посакува само најдоброто и наскоро ќе донесе големи промени на земјата. Болеста, проблемите на староста и смртта ќе ги нема повеќе, а послушните луѓе ќе живеат засекогаш — токму овде, на оваа планета“. Ѝ ги покажала на девојката стиховите од Откровение 21:3, 4; Јов 33:25; Исаија 35:5—7 и 65:21—25. По долга дискусија, со видливо олеснување девојката рекла: „Сега знам зошто живеам. Може ли пак да се видиме?“ Со неа се водела библиска студија двапати седмично.
Со утехата што ја дава Бог
5. Кога изразуваме сочувство, што ќе даде вистинска утеха?
5 Кога се трудиме да ги утешиме другите, секако дека е на место да кажеме зборови на сочувство. Со нашите зборови и со тонот на гласот настојуваме да му покажеме на ужаленото лице дека сме длабоко загрижени за неговата ситуација. Ова нема да го постигнеме ако кажуваме само плитки фрази. Библијата ни вели ‚да имаме надеж преку својата истрајност и преку утехата од Писмото‘ (Римјаните 15:4). Со оглед на ова, во погоден момент можеме да објасниме што е Божјето царство и можеме да покажеме на темел на Библијата како тоа ќе ги реши сегашниве проблеми. Потоа можеме да образложиме зошто таа надеж е сигурна. На тој начин ќе дадеме утеха.
6. За луѓето да извлечат потполна корист од утехата во Писмото, што би требало да им помогнеме да сфатат?
6 За да извлече потполна корист од утехата што му е дадена, едно лице треба да го познава вистинскиот Бог, каква Личност е тој и колку се веродостојни неговите ветувања. Кога се трудиме да му помогнеме на некое лице што сѐ уште не е обожавател на Јехова, добро е да ги објасниме следниве мисли: 1) Утехата што се наоѓа во Библијата е од Јехова, вистинскиот Бог. 2) Јехова е Семоќен, Творец на небото и на Земјата. Тој е Бог на љубовта и обилен е во оддадена љубезност и вистина. 3) Можеме да бидеме зајакнати да се справиме со различни ситуации ако му
-