-
Ние ќе одиме во името на Јехова засекогаш!Стражарска кула 2003 | 15 Август
-
-
водство меѓу неговиот народ да спроведуваат правда. 2) Јехова нема да одговори на нашите молитви ако намерно практикуваме грев. 3) Нашиот налог да проповедаме можеме да го исполниме само ако Бог нѐ зајакне со својот свет дух. 4) За да имаме божествена наклоност, мораме да одиме во името на Јехова. 5) Како објавители на Царството, треба да ја цениме нашата предност да им носиме вистинско освежување на луѓето. Можеби ти оставиле впечаток и некои други точки. Што друго можеме да научиме од оваа пророчка библиска книга? Следната статија ќе ни помогне да извлечеме практични поуки од последните две поглавја од пророштвото на Михеј, кое ја зајакнува верата.
-
-
Што очекува Јехова од нас?Стражарска кула 2003 | 15 Август
-
-
Што очекува Јехова од нас?
„Што бара Јехова од тебе, освен да постапуваш праведно, да ја љубиш добротата и скромно да одиш со својот Бог?“ (МИХЕЈ 6:8, NW).
1, 2. Зошто некои Јеховини слуги можат да се обесхрабрат, но што треба да им биде од помош?
ВЕРА е верна христијанка на возраст од околу 75 години и има многу слабо здравје. „Понекогаш“, вели таа, „погледнувам низ прозорецот и гледам како моите христијански браќа и сестри проповедаат од куќа до куќа. Очите ми се полнат со солзи затоа што сакам да бидам со нив, но мојата служба за Јехова е ограничена поради болеста“.
2 Дали некогаш си се чувствувал така? Се разбира, сите што го сакаат Јехова, сакаат да одат во негово име и да ги исполнат неговите барања. Сепак, што ако нашето здравје станува сѐ послабо, ако сме во поодминати години или ако имаме семејни одговорности? Можеби сме малку обесхрабрени затоа што таквите околности можат да нѐ спречат да правиме сѐ што нашето срце посакува да правиме во Божјата служба. Ако е тоа случај и со нас, разгледувањето на Михеј, 6. и 7. поглавје може многу да нѐ охрабри. Овие поглавја покажуват дека Јеховините барања се разумни и дека можат да се исполнат.
Како постапува Бог со својот народ
3. Како постапува Јехова со бунтовните Израелци?
3 Најнапред да погледнеме во Михеј 6:3—5 и да забележиме како постапува Јехова со својот народ. Сети се дека во времето на Михеј Израелците се бунтовни. Сепак, Јехова сочувствително им се обраќа со зборовите: „Народе Мој“. Тој ги моли: „Народе Мој, спомни си сега“. Наместо остро да ги обвинува, тој се обидува да допре до нивните срца прашувајќи ги: „Што ти сторив?“ Тој дури и ги охрабрува да сведочат против него.
4. Како треба да влијае врз нас Божјиот пример на сочувство?
4 Каков само пример ни дава Бог на сите нас! Дури и бунтовниот народ на Израел и Јуда што живеел во времето на Михеј, Јехова сочувствително го нарекол ‚мој народ‘ и го молел. Се разбира, ние треба да покажуваме сочувство и љубезност во нашите постапки со оние што се дел од собранието. Точно, можеби не ти е лесно да се сложуваш со некои или, пак, можеби се духовно слаби. Сепак, ако тие го сакаат Јехова, ние сакаме да им помогнеме и да покажеме сочувство кон нив.
5. Која основна мисла е изнесена во Михеј 6:6, 7?
5 Како следно, да свртиме во Михеј 6:6, 7. Михеј поставува низа прашања, велејќи: „Со што ќе дојдам пред Господа, ќе паднам ли ничкум пред Севишниот Бог? Ќе дојдам ли пред Него со жртва паленица, со телиња годиначиња? Дали ќе Му бидат мили илјада овни, илјада илјади потоци масло? Треба ли да се принесе првородениот син заради својот престап, плодот на својата утроба заради гревот на мојата душа?“ Не, не е можно да му се угоди на Јехова со „илјада овни, илјада илјади потоци масло“. Но, има нешто што ќе го израдува. Што е тоа?
Мораме да постапуваме праведно
6. Кои три Божји барања се изнесени во Михеј 6:8?
6 Од Михеј 6:8 (NW) учиме што очекува Јехова од нас. Михеј прашува: „Што бара Јехова од тебе, освен да постапуваш праведно, да ја љубиш добротата и скромно да одиш со својот Бог?“ Во овие три барања е вклучено што чувствуваме, што мислиме и како постапуваме. Мораме да чувствуваме желба да ги покажуваме овие особини, да размислуваме како да ги покажуваме и да преземеме чекори да ги покажуваме. Да ги разгледаме овие три барања едно по едно.
7, 8. а) Што значи тоа ‚да се постапува праведно‘? б) Кои неправди се раширени во времето на Михеј?
7 ,Да се постапува праведно‘ значи да се прави она што е исправно. Начинот на кој Бог ги извршува работите е мерило за правда. Меѓутоа, современиците на Михеј не постапуваат праведно туку неправедно. На кои начини? Погледни што стои во Михеј 6:10. На крајот на овој стих, за трговците се вели дека користат „неполна ефа“ како мерка, односно, мерка што е премала. Стих 11 додава дека тие користат „крива мерка“. А според 12. стих, ‚нивниот јазик е измамлив‘. Значи, лажните мерки, лажните тегови и лажливиот говор се раширени во трговскиот свет во времето на Михеј.
8 Нечесните практики не се ограничени само на пазарот. Тие се вообичаени и на суд. Михеј 7:3 покажува дека „главатарот бара подарок, судијата суди според поткупот“. На судиите им се дава мито за да изрекуваат неправедни пресуди над невините луѓе. „Големецот“, односно влијателниот граѓанин, се придружува на злосторствата. Всушност, Михеј вели дека главатарот, судијата и големецот ‚ги ткаат‘, односно ги координираат своите злобни дела.
9. Како влијаат врз Јуда и Израел неправдите што ги прават злобните?
9 Неправдите што ги практикуваат злобните водачи влијаат врз целата Јуда и Израел. Михеј 7:5 забележува дека недостигот на правда водел до недостиг на доверба меѓу другарите, доверливите пријатели, па дури и меѓу сопружниците. Стих 6 покажува дека тоа довело до состојба кога некои што се во блиско сродство, како што се синови и татковци, ќерки и мајки, се презираат едни со други.
10. Како се однесуваат христијаните во денешнава клима на неправда?
10 Како стојат работите денес? Зарем не гледаме слични услови? Исто како Михеј, и ние сме опкружени со недостиг на правда, со атмосфера на недоверба и со распад на општествениот и на семејниот живот. Сепак, како Божји слуги среде овој неправеден свет, не дозволуваме духот на неправедните постапки на овој свет да се вовлече во христијанското собрание. Наместо тоа, настојуваме да ги поддржуваме начелата на чесност и интегритет, покажувајќи ги во нашиот секојдневен живот. Всушност, ние ‚се однесуваме чесно во сѐ‘ (Евреите 13:18). Зарем не се согласуваш дека, кога постапуваме праведно, уживаме богати благослови што произлегуваат од едно братство кое покажува вистинска доверба?
Како луѓето го слушаат „гласот на Јехова“?
11. Како се исполнува стихот од Михеј 7:12?
11 Михеј прорекува дека, и покрај неправедните услови, правдата ќе ги стигне сите луѓе. Пророкот претскажува дека ќе
-