ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ‚Соломон не беше дотеран како еден од нив‘
    Стражарска кула 2003 | 1 Јуни
    • ‚Соломон не беше дотеран како еден од нив‘

      ДИВИТЕ цвеќиња како овие на сликата се вообичаена глетка по должината на патиштата во јужна Африка. Тие се наречени космос и се својствени за американскиот тропски појас. Ваквите прекрасни цвеќиња можеби ќе нѐ потсетат на една лекција што ја дал Исус. Мнозина од неговите слушатели биле сиромашни и биле загрижени за своите физички потреби, за својата храна и облека.

      „За облеката“, прашал Исус, „зошто се грижите тегобно? Извлечете поука од тоа како растат полските кринови; не се мачат ниту предат; но ви велам дека ни Соломон во сета своја слава не беше дотеран како еден од нив“ (Матеј 6:28, 29).

      Биле дадени различни предлози за тоа кој конкретен вид диво цвеќе го имал Исус на ум. Меѓутоа, Исус продолжил да ги споредува со обична вегетација, велејќи: „Ако, значи, Бог така ја облекува вегетацијата од полето која денес е тука, а утре се фрла в печка, нема ли многу повеќе да ве облече вас, маловерни?“ (Матеј 6:30).

      Иако космос не се својствени за Израел, тие сигурно ја поткрепуваат лекцијата за која Исус поучувал. Сеедно дали ги гледаме од далеку или ги испитуваме од близу, тие се запрепастувачки убави и се омилен предмет за фотографите и уметниците. Навистина, Исус не претерувал кога рекол дека ‚ни Соломон во сета своја слава не бил толку дотеран како еден од нив‘.

      Лекцијата за нас денес? Оние што му служат на Бог можат да бидат сигурни дека тој ќе им помогне да ги добијат неопходните работи дури и во тешки времиња. Исус објаснил: „Постојано барајте го [Божјето] царство, и сите овие работи ќе ви се додадат“ (Лука 12:31). Да, кога го бараме Божјето Царство произлегуваат вистински користи. Но, знаеш ли што е Божјето Царство и што ќе стори тоа за човештвото? Јеховините сведоци со задоволство ќе ти помогнат да ги најдеш одговорите од Библијата.

  • Дали би сакале да бидете посетени?
    Стражарска кула 2003 | 1 Јуни
    • Дали би сакале да бидете посетени?

      Дури и во овој свет оптоварен со проблеми, можете да пронајдете среќа преку точното библиско спознание за Бог, за неговото Царство и за неговата прекрасна намера со човештвото. Ако сакате повеќе информации или би сакале некој да Ве посети во Вашиот дом и бесплатно да ја проучува Библијата со Вас, Ве молиме пишете до: Јеховини сведоци, п. ф. 800, 1 000 Скопје, или на соодветната адреса од страница 2.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели