ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • „Останете во мојата реч“
    Стражарска кула 2003 | 1 Февруари
    • „Меѓу трње“ — поделеност

      15. а) Зошто третиот вид почва што го спомнал Исус особено го заслужува нашето внимание? б) Што се случува на крајот со третиот вид почва, и зошто?

      15 Третиот вид почва, онаа со трње, особено го заслужува нашето внимание затоа што во некои погледи е слична на добрата почва. Исто како добрата почва, трнливата почва му дозволува на семето да пушти корени и да из’рти. Во почетокот нема разлика во растот на новото растение на овие два вида почва. Но, со текот на времето, се развива состојба што на крајот го задушува растението. За разлика од добрата почва, оваа почва обраснува со трње. Додека младото растение расте на оваа почва, се соочува со соперништво од ‚трњето што нараснале со него‘. Извесно време двата рода се натпреваруваат за храна, светлина и простор, но на крајот трњето го засенуваат растението и ‚го задушуваат‘ (Лука 8:7).

      16. а) Кои поединци личат на почвата со трње? б) Според трите извештаи од евангелијата, што е претставено со трњето? (Види фуснота.)

      16 Кои поединци личат на почвата со трње? Исус објаснува: „Тоа се оние кои чуле, но бидејќи се одвлечени од тегобните грижи и од богатството и од задоволствата на овој живот, потполно се задушуваат и ништо не доведуваат до совршенство“ (Лука 8:14). Исто како што семето на сејачот и трњето растат на почвата истовремено, така некои поединци се обидуваат да направат простор истовремено и за Божјата реч и за „задоволствата на овој живот“. Вистината од Божјата реч е посеана во нивното срце, но се соочува со соперништво од други стремежи што се натпреваруваат за нивното внимание. Нивното фигуративно срце е поделено (Лука 9:57—62). Ова не им дозволува да посветуваат доволно време за смисловно медитирање за Божјата реч во молитва. Тие не успеваат да ја впијат целосно Божјата реч и затоа им недостига длабокото ценење што е потребно за да истраат. Малку по малку, нивните духовни интереси се засенети од недуховни стремежи до тој степен што „потполно се задушуваат“.c Каков само тажен крај за оние што не го љубат Јехова со цело срце! (Матеј 6:24; 22:37).

      17. Каков избор треба да направиме во животот за да не бидеме задушени од фигуративното трње спомнато во Исусовата илустрација?

      17 Давајќи им приоритет на духовните работи во однос на материјалните, избегнуваме да бидеме задушени од болките и задоволствата на овој свет (Матеј 6:31—33; Лука 21:34—36). Никогаш не треба да го запоставиме читањето на Библијата и размислувањето за она што го читаме. Ќе најдеме повеќе време за концентрирано размислување во молитва ако го поедноставиме својот живот колку што е можно повеќе (1. Тимотеј 6:6—8). Божјите слуги што го направиле тоа — кои, така да се каже, го искорнале трњето од почвата за да му дадат повеќе храна, светлина и простор на растението што дава плод — доживуваат благослов од Јехова. Сандра, која има 26 години, вели: „Кога медитирам за моите благослови во вистината, сфаќам дека светот не може да понуди ништо што може да се спореди со тоа!“ (Псалм 84:11).

      18. Како можеме да останеме во Божјата реч и да истраеме како христијани?

      18 Значи, јасно е дека сите ние, млади и стари, ќе останеме во Божјата реч и ќе истраеме како Христови ученици сѐ додека Божјата реч останува во нас. Затоа, да се погрижиме почвата на нашето фигуративно срце никогаш да не стане тврда, плитка или обрасната туку да остане мека и длабока. На тој начин ќе можеме целосно да ја впиеме Божјата реч и ‚да донесуваме плод со истрајност‘ (Лука 8:15).

  • ‚Имајте љубов меѓу себе‘
    Стражарска кула 2003 | 1 Февруари
    • ‚Имајте љубов меѓу себе‘

      „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе“ (ЈОВАН 13:35).

      1. Која особина ја нагласил Исус кратко пред својата смрт?

      „ДЕЧИЊА“ (Јован 13:33). Со овој нежен израз, Исус им се обратил на своите апостоли вечерта пред својата смрт. Немаме запис во извештаите на евангелијата дека некогаш пред тоа Исус го употребил овој сочувствителен израз додека им зборувал. Меѓутоа, таа посебна ноќ бил поттикнат да им се обрати со ваква наклоност за да ја изрази длабоката љубов што ја чувствувал кон своите следбеници. Всушност, Исус ја спомнал љубовта околу 30 пати таа ноќ. Зошто ја нагласил толку многу оваа особина?

      2. Зошто е толку важно христијаните да покажуваат љубов?

      2 Исус објаснил зошто љубовта е толку важна. „По тоа“, рекол тој, „сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе“ (Јован 13:35; 15:12, 17). Да се биде следбеник на Христос оди рака под рака со покажувањето братска љубов. Вистинските христијани не се препознаваат по некој посебен начин на облекување или по некои несекојдневни обичаи, туку по топлата и нежна љубов што ја покажуваат еден кон друг. Да се поседува овој извонреден вид љубов е второто од трите главни работи што се бараат од еден ученик на Христос, како што спомнавме во почетокот на претходната статија. Што ќе ни помогне и понатаму да го исполнуваме ова барање?

      „Да го правите тоа во попотполна мера“

      3. Која опомена во врска со љубовта ја дал апостол Павле?

      3 Како што било случај со Христовите следбеници во првиот век, оваа извонредна љубов може да се види и денес меѓу Христовите вистински ученици. На христијаните во првиот век, апостол Павле им напишал: „Што се однесува до братската љубов, нема потреба да ви пишуваме

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели