ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ‚Имајте љубов меѓу себе‘
    Стражарска кула 2003 | 1 Февруари
    • и дека сакаат да бидат за него како ‚брат во неволја‘ (Пословици 17:17; Псалм 34:18). Нашите искрени изрази можат нежно и постепено да го подигнат до таа мера што ќе може да се врати во стадото. Што треба да сториме потоа? Илустрацијата за жената и загубената паричка ни дава водство.

      Биди искрен

      18. а) Зошто жената од илустрацијата не се чувствувала безнадежно? б) Каков искрен напор вложила жената, и со каков резултат?

      18 Жената што ја губи паричката знае дека ситуацијата е тешка, но не и безнадежна. Да паднела паричката во некое големо поле со грмушки или во некое длабоко, калливо езеро, веројатно ќе кренела раце од неа како да е нешто загубено засекогаш. Меѓутоа, знаејќи дека паричката мора да е некаде во куќата, на дофат, таа започнува темелна и искрена потрага (Лука 15:8). Прво, пали светилка за да ја осветли својата темна куќа. Потоа го мете подот со метлата, надевајќи се дека ќе чуе ѕвонлив звук. На крајот, внимателно го пребарува секое катче и пукнатина сѐ додека ламбата не фрли зрак светлина врз една сребрена паричка. Искрените напори на жената се наградени!

      19. Кои лекции за помагање на слабите можеме да ги научиме од постапките на жената во илустрацијата за загубената паричка?

      19 Како што нѐ потсетува овој детаљ од илустрацијата, библиската обврска да му помогнеме на некој слаб христијанин не е вон нашите способности. Во исто време, сфаќаме дека е потребен напор. Всушност, апостол Павле им рекол на старешините во Ефес: „Така трудејќи се морате да им помагате на оние кои се слаби“ (Дела 20:35а). Сети се дека жената не ја наоѓа паричката барајќи низ својата куќа лежерно, овде-–онде, ниту случајно, одвреме навреме. Не, таа успева затоа што систематски бара „додека не ја најде“. Слично на тоа, кога настојуваме повторно да придобиеме некого што е духовно слаб, нашиот пристап треба да биде искрен и смисловен. Што можеме да сториме?

      20. Што може да се направи за да им се помогне на слабите?

      20 Како можеме да му помогнеме на некој слаб да изгради вера и ценење? Лична библиска студија со некоја соодветна христијанска публикација можеби е токму она што е потребно. Всушност, водењето библиска студија со некој слаб поединец ни овозможува да му помогнеме на еден доследен и темелен начин. Веројатно надгледникот за служба ќе може најдобро да одреди кој би можел да ја даде потребната помош. Може да предложи кои теми би можеле да се проучуваат и која публикација ќе биде најкорисна. Исто како што жената од илустрацијата употребува корисни помагала за да ја изврши својата работа, така и денес имаме помагала за да ја извршиме нашата одговорност што ни ја дал Бог да им помогнеме на оние што се слаби. Две од нашите нови помагала, односно публикации, ќе бидат особено корисни во овој потфат. Тоа се книгите Обожавај го единствениот вистински Бог и Приближи му се на Јехова.a

      21. На кој начин помагањето на оние што се слаби им носи благослови на сите?

      21 Помагањето на оние што се слаби им носи благослови на сите. Оној на кого му е помогнато е среќен затоа што е повторно обединет со вистински пријатели. Ја искусуваме длабоката радост што може да дојде само од давањето (Лука 15:6, 9; Дела 20:35б). Собранието како целина станува сѐ посрдечно додека секој член покажува љубезен интерес за другите. Над сѐ, им се оддава чест на нашите грижливи Пастири, Јехова и Исус, бидејќи нивната желба да ги поддржат слабите може да се види во нивните слуги на земјата (Псалм 72:12—14; Матеј 11:28—30; 1. Коринќаните 11:1; Ефешаните 5:1). Затоа, колку само добри причини имаме да продолжиме ‚да имаме љубов меѓу себе‘!

  • ‚Донесувајте многу плод‘
    Стражарска кула 2003 | 1 Февруари
    • ‚Донесувајте многу плод‘

      „Да донесувате многу плод и да се покажете дека сте мои ученици“ (ЈОВАН 15:8).

      1. а) Кое барање за да се биде ученик им го спомнал Исус на своите апостоли? б) Кое прашање треба да си го поставиме?

      БИЛО вечерта пред неговата смрт. Исус одвоил доволно време за да ги охрабри своите апостоли во интимен и отворен разговор. Веќе мора да минало полноќ, но Исус, поттикнат од љубов кон своите блиски пријатели, продолжил да зборува. Потоа, среде разговорот, ги потсетил на уште едно барање што требало да го исполнат за да останат негови ученици. Тој рекол: „Со тоа мојот Татко е прославен, да донесувате многу плод и да се покажете дека сте мои ученици“ (Јован 15:8). Дали ние денес го исполнуваме ова барање за да бидеме ученици? Што значи тоа да ‚донесуваме многу плод‘? За да откриеме, ајде да се вратиме на разговорот што се водел таа вечер.

      2. Која илустрација во врска со донесувањето плод ја раскажува Исус вечерта пред својата смрт?

      2 Советот да донесуваме плод е дел од една илустрација што Исус им ја раскажал на своите апостоли. Тој рекол: „Јас сум вистинската лоза, а мојот Татко е лозарот. Секоја гранка на мене која не носи плод, тој ја отстранува, а секоја која носи плод, ја чисти за да донесе повеќе плод. Вие сте веќе чисти заради речта што ви ја зборував. Останете во обединетост со мене и јас во обединетост со вас. Како што гранката не може сама од себе да донесе плод ако не остане на лозата, така не можете ни вие ако не останете во обединетост со мене. Јас сум лозата, вие сте гранките . . . Со тоа мојот Татко е прославен, да донесувате многу плод и да се покажете дека сте мои ученици. Како што Таткото ме љубеше мене и

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели