-
Мартин Лутер — човекот и неговата оставинаСтражарска кула 2003 | 15 Септември
-
-
почитуваат. Поранешната Демократска република Германија, во чии граници се наоѓаа Ајслебен, Ерфурт, Витенберг и Вартбург, во 1983 ја прослави 500-годишнината од раѓањето на Лутер. Оваа социјалистичка држава го призна како истакната фигура во германската историја и култура. Освен тоа, еден католички теолог од 1980-те го резимираше влијанието на Лутер и забележа: „Никој после Лутер не може да се спореди со него“. Професор Аланд напишал: „Секоја година има најмалку 500 нови публикации за Мартин Лутер и за реформацијата — и тоа на речиси сите главни јазици во светот“.
Мартин Лутер имал изострен ум, извонредно памтење, мајсторска вештина со зборови и плодоносна работна етика. Исто така, бил нестрплив и презирен, и жестоко реагирал на она што го сметал за лицемерство. Кога бил на смртна постела во Ајслебан, во февруари 1546, пријателите го прашале Лутер дали останал цврст во поглед на верувањата за кои ги поучувал другите. „Да“, одговорил тој. Лутер умрел, но мнозина сѐ уште се држат за тие верувања.
-
-
Прашања од читателитеСтражарска кула 2003 | 15 Септември
-
-
Прашања од читателите
Што значи да се има „живот во себе“?
Библијата зборува дека Исус Христос има „живот во себе“, и дека и неговите следбеници имаат „живот во себе“ (Јован 5:26; 6:53). Меѓутоа, овие два стиха немаат исто значење.
„Како што Таткото има живот во себе“, рекол Исус, „така и на Синот му дал да има живот во себе.“ Пред да ја каже оваа значајна изјава, Исус рекол: „Вистина ви велам: ‚Кој ја слуша мојата реч и му верува на оној кој ме испрати, има вечен живот . . . Доаѓа часот, и веќе е тука, кога мртвите ќе го чујат гласот на Синот Божји, и оние кои ќе послушаат, ќе живеат‘“. Овде Исус укажал на посебната моќ што му ја дал Татко му — способноста да им овозможи на луѓето одобрена положба пред Бог. Освен тоа, Исус е способен да ги воскресне оние што се во смртен сон и да им даде живот. За Исус, тоа што има „живот во себе“ значи дека нему му е дадена оваа моќ. Како Таткото, и Синот го има ‚дарот на живот во себе‘, како што, исто така, би можел да се преведе овој израз (Јован 5:24—26). Но, што е со неговите следбеници?
Околу една година подоцна, Исус им се обратил на оние што го слушале, велејќи: „Вистина, вистина ви велам: Ако не го јадете телото на Синот човечки и не ја пиете неговата крв, немате живот во себе. Кој се храни со моето тело и ја пие мојата крв, има вечен живот, и јас ќе го воскреснам во последниот ден“ (Јован 6:53, 54). Овде Исус го споредува тоа да се има „живот во себе“ со добивањето „вечен живот“. Изрази со иста граматичка конструкција како што е да се има „живот во себе“ има и на други места во Грчките христијански списи. Два такви примера се „имајте сол во себе“ и „примајќи на себе полна плата“ (Марко 9:50; Римјаните 1:27). Во овие примери, изразите не означуваат моќ да им даваат сол на другите или да се одмери плата на некого. Наместо тоа, се укажува на внатрешна целост или потполност. Според тоа, изразот „живот во себе“, употребен во Јован 6:53, едноставно значи да се добие самата потполност на животот.
-