ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • „Останете во мојата реч“
    Стражарска кула 2003 | 1 Февруари
    • благослови во вистината, сфаќам дека светот не може да понуди ништо што може да се спореди со тоа!“ (Псалм 84:11).

      18. Како можеме да останеме во Божјата реч и да истраеме како христијани?

      18 Значи, јасно е дека сите ние, млади и стари, ќе останеме во Божјата реч и ќе истраеме како Христови ученици сѐ додека Божјата реч останува во нас. Затоа, да се погрижиме почвата на нашето фигуративно срце никогаш да не стане тврда, плитка или обрасната туку да остане мека и длабока. На тој начин ќе можеме целосно да ја впиеме Божјата реч и ‚да донесуваме плод со истрајност‘ (Лука 8:15).

  • ‚Имајте љубов меѓу себе‘
    Стражарска кула 2003 | 1 Февруари
    • ‚Имајте љубов меѓу себе‘

      „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе“ (ЈОВАН 13:35).

      1. Која особина ја нагласил Исус кратко пред својата смрт?

      „ДЕЧИЊА“ (Јован 13:33). Со овој нежен израз, Исус им се обратил на своите апостоли вечерта пред својата смрт. Немаме запис во извештаите на евангелијата дека некогаш пред тоа Исус го употребил овој сочувствителен израз додека им зборувал. Меѓутоа, таа посебна ноќ бил поттикнат да им се обрати со ваква наклоност за да ја изрази длабоката љубов што ја чувствувал кон своите следбеници. Всушност, Исус ја спомнал љубовта околу 30 пати таа ноќ. Зошто ја нагласил толку многу оваа особина?

      2. Зошто е толку важно христијаните да покажуваат љубов?

      2 Исус објаснил зошто љубовта е толку важна. „По тоа“, рекол тој, „сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе“ (Јован 13:35; 15:12, 17). Да се биде следбеник на Христос оди рака под рака со покажувањето братска љубов. Вистинските христијани не се препознаваат по некој посебен начин на облекување или по некои несекојдневни обичаи, туку по топлата и нежна љубов што ја покажуваат еден кон друг. Да се поседува овој извонреден вид љубов е второто од трите главни работи што се бараат од еден ученик на Христос, како што спомнавме во почетокот на претходната статија. Што ќе ни помогне и понатаму да го исполнуваме ова барање?

      „Да го правите тоа во попотполна мера“

      3. Која опомена во врска со љубовта ја дал апостол Павле?

      3 Како што било случај со Христовите следбеници во првиот век, оваа извонредна љубов може да се види и денес меѓу Христовите вистински ученици. На христијаните во првиот век, апостол Павле им напишал: „Што се однесува до братската љубов, нема потреба да ви пишуваме

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели