-
Помогни им на другите да ја прифатат пораката за ЦарствотоСтражарска кула 2003 | 15 Ноември
-
-
бидеме стрпливи. Божја волја е сите видови луѓе „да дојдат до точно спознание на вистината“ (1. Тимотеј 2:3, 4). Зарем тоа не е и наша желба? Исто така, Јехова е стрплив, а неговата стрпливост им дава прилика на мнозина да дојдат до покајание (2. Петрово 3:9). Затоа, кога ќе најдеме некој што е спремен да ја слуша пораката за Царството, можеби ќе биде неопходно повторно да одиме за да го негуваме тој интерес. Потребно е време и стрпливост за да гледаме како расте семето на вистината (1. Коринќаните 3:6). Придружната рамка со наслов „Како успешно да правиш повторни посети“ дава предлози како да се развие таков интерес. Не заборавај, животот на луѓето — нивните проблеми и ситуации — постојано се менува. Можеби ќе треба да се обидеш повеќепати да ги најдеш дома, но вреди да вложиш напор. Сакаме да им дадеме прилика да ја чујат Божјата порака за спасение. Затоа, моли го Јехова Бог за мудрост да ги развиеш своите вештини на уверување додека им помагаш на другите да ја прифатат пораката за Царството.
19 Штом ќе најдеме некого што сака да слуша повеќе за пораката за Царството, што друго можеме да направиме ние како христијански работници? Во врска со ова ќе ни помогне нашата следна статија.
-
-
Проповедај за да правиш ученициСтражарска кула 2003 | 15 Ноември
-
-
Проповедај за да правиш ученици
„Кога [Аполо] го чуја Прискила и Акила, го примија кај себе и поточно му го образложија Божјиот пат“ (ДЕЛА 18:26).
1. Иако Аполо ‚зрачел со духот‘, што му било потребно?
ПРИСКИЛА и Акила, брачна двојка христијани од првиот век, го гледале Аполо како држи говор во една синагога во градот Ефес. Со своите силни зборови и моќ на убедување, Аполо го пленил вниманието на своите слушатели. Тој ‚зрачел со духот‘ и ‚говорел за Исус со точност‘. Меѓутоа, било очигледно дека на Аполо ‚му било познато само Јовановото крштавање‘. Она што го проповедал Аполо за Христос било точно, но не било доволно. Проблемот бил во тоа што неговото знаење било ограничено. Аполо требало да научи повеќе за улогата на Исус Христос во исполнувањето на Јеховината намера (Дела 18:24—26).
2. Каков предизвик прифатиле Прискила и Акила?
2 Без никакво двоумење, Прискила и Акила се ставиле на располагање да му помогнат на Аполо да стане човек што ќе може да ‚држи сѐ‘ што заповедал Христос (Матеј 28:19, 20). Извештајот вели дека тие го зеле Аполо ‚кај себе и поточно му го образложиле Божјиот пат‘. Меѓутоа, имало некои работи во врска со Аполо што би навеле некои христијани да се колебаат дали да го поучат. Кои биле тие работи? И што можеме да научиме од напорите што ги вложиле Прискила и Акила да дискутираат за Писмото со Аполо? Како може едно разгледување на овој историски извештај да ни помогне да се сосредоточиме на тоа да започнуваме домашни библиски студии?
Сосредоточи се на луѓето
3. Зошто потеклото на Аполо не ги спречило Прискила и Акила да го поучат?
3 Аполо имал еврејско потекло и по сѐ изгледа пораснал во градот Александрија. Во тоа време Александрија бил главен град на Египет и центар на високото образование, познат по својата голема библиотека. Во тој град имало бројно еврејско население, вклучувајќи и учени луѓе. Така, грчкиот превод на Хебрејските списи, познат како Септуагинта бил направен таму. Не е чудо што Аполо бил „добро упатен во Писмото“! Акила и Прискила правеле шатори. Дали речовитоста на Аполо ги обесхрабрила? Не. Мотивирани од љубов тие мислеле на него како личност, на неговите потреби и како можат да му помогнат.
4. Кога и како Аполо ја добил помошта што му требала?
4 Без оглед на тоа колку речовит бил Аполо, нему му требала поука. Помошта што му требала не можел да ја добие од ниеден универзитет туку само од соверниците во христијанското собрание. Сега Аполо требало да извлече корист од оние мисли што ќе му помогнеле да стекне поточно разбирање за Божјата подготовка за спасение. Прискила и Акила ‚го примиле кај себе и поточно му го образложиле Божјиот пат‘.
5. Што можеш да кажеш за духовноста на Прискила и Акила?
5 Прискила и Акила биле духовно јаки и цврсто втемелени во верата. Сосема веројатно тие биле ‚секогаш спремни да дадат одбрана пред секого кој им барал причина за надежта која била во нив‘, сеедно дали се работело за богат човек, за сиромашно лице, за учен човек или за роб (1. Петрово 3:15). Акила и неговата жена можеле ‚исправно да ракуваат со речта на вистината‘ (2. Тимотеј 2:15). Очигледно, тие сериозно го проучувале Писмото. Аполо бил длабоко трогнат од поуката што се темелела на ‚Божјата реч, која е жива и врши силно влијание‘, допирајќи до срцето (Евреите 4:12).
6. Од каде знаеме дека Аполо ја ценел помошта што ја добил?
6 Аполо го ценел примерот на своите учители и станал уште повешт во правењето ученици. Своето спознание добро го користел во делото на објавување на добрата вест, особено меѓу еврејското население. Аполо особено бил корисен во тоа да ги увери Евреите во врска со Христос. Бидејќи бил ‚моќен во Писмото‘, тој можел да им докаже дека сите пророци од древнина со радост го очекувале доаѓањето на Христос (Дела 18:24, Kingdom Interlinear Translation). Извештајот додава дека Аполо потоа заминал во Ахаја, каде што ‚многу им помогнал на оние кои верувале поради Божјата незаслужена љубезност; зашто со жар јавно и темелно докажувал дека Евреите не се во право, со тоа што на темел на Писмото покажувал дека Исус е Христос‘ (Дела 18:27, 28).
Учи од примерот на другите учители
7. На кој начин Акила и Прискила станале вешти учители?
7 На кој начин Акила и Прискила станале вешти учители на Божјата реч? Освен тоа што биле многу марливи во личната студија и во присуството на состаноците, сигурно многу им помогнало и
-