-
Благоста — неопходна христијанска особинаСтражарска кула 2003 | 1 Април
-
-
работиме на тоа да бидеме со благ нарав? Тешко. Зарем не треба постојано да водиме грижа за новата облека и да ја одржуваме чиста и претставителна? Ако се задлабочиме во Божјата реч и медитираме за примерите што ги содржи таа, тоа ќе ни помогне да се погледнеме себеси одново и пообјективно. Што открива за тебе огледалото на инспирираната Божја реч? (Јаков 1:23—25).
20. Како можеме да успееме да покажуваме благост?
20 По природа, луѓето имаат различен нарав. На некои Божји слуги им е полесно да покажуваат благост отколку на други. Сепак, сите христијани треба да ги негуваат плодовите на Божјиот дух, вклучувајќи ја и благоста. Павле со љубов го опоменал Тимотеј: „Стреми се кон праведност, побожна оддаденост, вера, љубов, истрајност, благ нарав“ (1. Тимотеј 6:11). Зборот „стреми се“ покажува дека е потребно да се вложи напор. Еден библиски превод го преведува овој поттик со ‚биди решен на‘ (New Testament in Modern English — Нов завет на современ англиски јазик, од Џ. Б. Филипс). Ако вложуваш напор да медитираш за добрите примери од Божјата реч, тие можат да станат дел од тебе, исто како да ти се всадени. Тие ќе те обликуваат и ќе те водат (Јаков 1:21).
21. а) Зошто треба да се стремиме кон благост? б) За што ќе дискутираме во следната статија?
21 Начинот на кој се однесуваме со другите покажува до каде сме стигнале во тој поглед. „Кој е меѓу вас мудар и со разбирање?“, прашува ученикот Јаков. „Нека ги покаже своите дела преку своето добро однесување со благост која ѝ припаѓа на мудроста“ (Јаков 3:13). Како можеме да ја покажуваме оваа христијанска особина дома, во христијанската служба и во собранието? Следната статија ќе ни даде корисно водство.
-
-
Покажувај „секаква благост спрема сите луѓе“Стражарска кула 2003 | 1 Април
-
-
Покажувај „секаква благост спрема сите луѓе“
„Потсетувај ги . . . да бидат разумни, покажувајќи секаква благост спрема сите луѓе“ (ТИТ 3:1, 2).
1. Зошто не е секогаш лесно да се покажува благост?
„СТАНЕТЕ мои имитатори“, напишал апостол Павле, „како што сум и јас на Христос“ (1. Коринќаните 11:1). Сите Божји слуги денес се напрегаат да го следат овој совет. Мора да се признае дека тоа не е лесно бидејќи од нашите први човечки родители сме наследиле себични желби и нарав што не се во склад со Христовиот пример (Римјаните 3:23; 7:21—25). Сепак, кога станува збор за тоа да се покажува благост, сите ние можеме да успееме ако вложиме напор. Но, не е доволно да се потпираме само на нашата сопствена волја. Што уште е потребно?
2. Како можеме да покажуваме „секаква благост спрема сите луѓе“?
2 Божествената благост е еден од плодовите на светиот дух. Колку повеќе се препуштаме на водството на Божјата активна сила, толку повеќе ќе бидат видливи нејзините плодови. Само тогаш ќе можеме да покажуваме „секаква благост“ кон секого (Тит 3:2). Да разгледаме како можеме да го имитираме Исусовиот пример и да им дадеме прилика на оние што
-