ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Млади што го радуваат Јеховиното срце
    Стражарска кула 2003 | 15 Април
    • Затоа те опоменува: „Спомнувај си за својот Создател во деновите на својата младост, пред да дојдат лоши денови и пред да пристигнат годините, кога ќе речеш: ‚Не ми се милеат‘ “ (Проповедник 12:1).

      17, 18. На кој начин една млада христијанка ја изразила својата радост што му служи на Јехова, и како можеш и ти да најдеш иста таква радост?

      17 Многу млади денес се пресреќни што му служат на Јехова. На пример, 15-годишната Лина вели: „Можам да одам со крената глава. Имам здраво тело затоа што не пушам и не се дрогирам. Имам скапоцено водство што ми се дава преку собранието и што ми помага да се борам со страшниот притисок од Сатана. Моето лице зрачи од среќа поради изградувачкото дружење во Салата на Царството. А што е најважно, го имам неспоредливиот изглед за вечен живот на земјата“.

      18 Исто како Лина, многу христијански младинци водат тешка борба за верата, и тоа им носи радост. Тие сфаќаат дека нивниот живот — иако понекогаш е полн со предизвици — има вистинска цел и вистинска иднина. Затоа, продолжи да му служиш на Богот што од сѐ срце ти го посакува најдоброто. Израдувај го неговото срце, а тој ќе те израдува тебе сега и во вечноста! (Псалм 5:11).

  • Млади — Јехова нема да го заборави вашето дело!
    Стражарска кула 2003 | 15 Април
    • Млади — Јехова нема да го заборави вашето дело!

      „Бог не е неправеден да го заборави вашето дело и љубовта што ја покажавте кон неговото име, со тоа што им служевте на светите и понатаму им служите“ (ЕВРЕИТЕ 6:10).

      1. На кој начин библиските книги Евреите и Малахија покажуваат дека Јехова ја цени твојата служба?

      ДАЛИ некогаш си направил добро дело за некој пријател, а тој не ти се заблагодарил? Може да бидеш длабоко повреден кога некоја великодушна постапка се зема здраво за готово или, што е уште полошо, сосема се заборава. Но, колку само е поинаку кога му служиме на Јехова со сето срце! Библијата вели: „Бог не е неправеден да го заборави вашето дело и љубовта што ја покажавте кон неговото име, со тоа што им служевте на светите и понатаму им служите“ (Евреите 6:10). Помисли само што значи тоа. Јехова, всушност, ќе смета дека е неправедно од негова страна — грев — кога би заборавил што си направил и што правиш и понатаму во неговата служба. Каков само благодарен Бог! (Малахија 3:10).

      2. Зошто служењето на Јехова е навистина нешто посебно?

      2 Ти имаш посебна прилика да го обожаваш и да му служиш на овој благодарен

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели