ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • „Задржете чиста совест“
    Стражарска кула 2003 | 1 Мај
    • „Задржете чиста совест“

      „ПУШТИ нека те води совеста“ е совет што често може да се слушне. Но, за нашата совест да ни биде доверлив водич, треба да биде исправно школувана да разликува добро и лошо и мораме да бидеме свесни за нејзиното водство.

      Разгледај го искуството на еден човек по име Закхеј што е запишано во Библијата. Закхеј, кој живеел во Ерихон, бил главен даночник и богат човек. Како што самиот признал, своето богатство го стекнал со изнудување — практика што секако ги повредувала другите. Дали совеста на Закхеј го гризела поради неговите неправедни постапки? Ако и го гризела, изгледа ја игнорирал (Лука 19:1—7).

      Меѓутоа, се појавила една ситуација што го натерала Закхеј да го преиспита својот правец на постапување. Во Ерихон дошол Исус. Нискиот Закхеј сакал да го види, но не можел од толпата. Затоа истрчал напред и се качил на едно дрво за да може подобро да гледа. Импресиониран од големиот интерес на Закхеј, Исус му рекол дека ќе го посети во неговиот дом. Закхеј со задоволство му укажал гостољубивост на својот виден гостин.

      Она што Закхеј го видел и го чул додека се дружел со Исус го трогнало и го поттикнало да го промени својот начин на постапување. Тој рекол: „Еве! Половина од мојот имот, Господи, им давам на сиромасите, и сѐ што сум изнудил од некого преку лажно обвинение, враќам четирикратно“ (Лука 19:8).

      Совеста на Закхеј била поучена и тој ја послушал и се оѕвал на неа. Добрите резултати биле далекосежни. Замисли како се чувствувал Закхеј кога Исус му рекол: „Денес дојде спасение на оваа куќа!“ (Лука 19:9).

      Колку охрабрувачки пример! Тој покажува дека сеедно по каков правец сме се стремеле претходно, можеме да се промениме. Како Закхеј, можеме да обрнеме внимание на Исусовите зборови — запишани во Библијата — и да го развиеме нашето чувство за добро и лошо. Тогаш ќе можеме, како што поттикнал апостол Петар, да ‚задржиме чиста совест‘. Ќе можеме да ја слушаме нашата школувана совест и да го правиме она што е добро (1. Петрово 3:16).

  • Дали би сакале да бидете посетени?
    Стражарска кула 2003 | 1 Мај
    • Дали би сакале да бидете посетени?

      Дури и во овој свет оптоварен со проблеми, можете да пронајдете среќа преку точното библиско спознание за Бог, за неговото Царство и за неговата прекрасна намера со човештвото. Ако сакате повеќе информации или би сакале некој да Ве посети во Вашиот дом и бесплатно да ја проучува Библијата со Вас, Ве молиме пишете до: Јеховини сведоци, п. ф. 800, 1 000 Скопје, или на соодветната адреса од страница 2.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели