ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Бидете со здрави мисли додека крајот се приближува
    Нашата служба 2003 | Февруари
    • Бидете со здрави мисли додека крајот се приближува

      1 Божјата реч постојано го опишува Јеховиниот ден дека доаѓа „како крадец“ — односно ненадејно, одеднаш, потајно (1. Сол. 5:2; Мат. 24:43; 2. Петр. 3:10; Откр. 3:3, 16:15). „Затоа“, рекол Исус, „покажете се подготвени, зашто Синот човечки доаѓа во час кога не ни мислите“ (Мат. 24:44). Како можеме да ја задржиме нашата духовна будност додека крајот се приближува? Клучот се наоѓа во инспирираниот совет: „Бидете со здрави мисли“ (1. Петр. 4:7).

      2 Здравите мисли вклучуваат да се гледа на работите од Јеховина гледна точка (Ефеш. 5:17). Тие ни помагаат да гледаме на себеси како на „странци и привремени жители“ во сегашниов систем на работи (1. Петр. 2:11). Нѐ оспособуваат да увидиме што е навистина важно, да поставуваме приоритети и да донесуваме добри одлуки (Фил. 1:10).

      3 Постави духовни цели: Поставувањето и постигнувањето духовни цели ни помага да бидеме со здрави мисли. Имаш ли духовни цели кон кои се стремиш во моментов? Настојуваш ли да ја читаш Библијата секој ден, да присуствуваш на сите христијански состаноци, да го прочиташ секое издание на Стражарска кула и Разбудете се! или можеби да го зголемиш својот удел во службата? Ако си поставиш цели што одговараат за тебе, ако истраеш во тоа да ги постигнеш и ако го молиш Јехова да ги благослови твоите напори, можеби ќе бидеш изненаден од резултатите.

      4 Еден старешина прашал еден млад брачен пар за нивните духовни цели. Прашањето ги натерало да сфатат дека ако го поедностават животот и ако го отстранат тешкиот долг, ќе можат да пионерат. Одлучиле ова да го направат своја цел. Марливо го исплатиле долгот и изнашле начини да ги скратат непотребните активности што им ги исцрпувале времето и енергијата. По точно една година, ја постигнале својата цел. Со каков резултат? Сопругот вели: „Без цели немаше да бидеме таму каде што сме сега. Посреќни сме. Нашиот живот е помирен и подобар. Има вистинска смисла и цел“.

      5 Додека го чекаме Јеховиниот ден, да ја задржиме нашата духовна будност така што ќе живееме со здрави мисли, сосредоточувајќи се на вршењето на Божјата волја (Тит 2:11—13).

  • Можеш ли да го ставиш својот дом на располагање?
    Нашата служба 2003 | Февруари
    • Можеш ли да го ставиш својот дом на располагање?

      1 Во првиот век многу христијани ги ставиле своите домови на располагање за собраниските состаноци (1. Кор. 16:19; Кол. 4:15; Филим. 1, 2). Во некои собранија денес нема доволно локации за Собраниска студија на книга и за состаноците за служба на теренот. Ова може да има резултат во некои групи за студија на книга да има 30 или повеќе присутни, што многу го надминува препорачаниот број 15.

      2 Убава предност: Си размислувал ли да го ставиш својот дом на располагање за Собраниска студија на книга? За таа цел идеална би била доволно голема соба што е чиста, добро осветлена и проветрена. Бидејќи студијата на книга е собраниски состанок и дел од Јеховината подготовка да го поучува својот народ, да се има студија на книга во твојот дом е убава предност. Многумина известуваат дека извлекуваат духовна корист затоа што го ставиле својот дом на располагање на ваков начин.

      3 Ако мислиш дека твојот дом одговара, тогаш секако кажи им го тоа на старешините. Тие можеби бараат дополнителни локации. Ако не е можно да се има студија на книга во твојот дом, може ли состаноците за служба на теренот да се одржуваат кај тебе? Дури и ако во моментов нема потреба, старешините ќе бидат благодарни ако знаат дека твојот дом е на располагање. Можеби ќе ја уживаш таа предност во иднина.

      4 Покажувај добри манири: Кога се собираме во приватен дом, сите присутни треба да се однесуваат со почит кон сопственоста на домаќинот. Родителите треба да се погрижат нивните деца да останат во просторијата што е одредена за студијата, а не да одат во приватните простории во домот. Треба да се покаже и обѕир кон соседите така што внимателно ќе избегнуваме непотребно да ги вознемируваме (2. Кор. 6:3, 4; 1. Петр. 2:12).

      5 Евреите 13:16 нѐ охрабрува да не заборавиме ‚да им правиме добро и да делиме со другите, зашто со таквите жртви му се угодува на Бог‘. Тоа што ќе го ставиш својот дом на располагање за некој собраниски состанок е убав начин да ги делиш добрите работи со другите и да му ‚оддаваш чест на Јехова со твоите скапоцени работи‘ (Посл. 3:9, NW).

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели