ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Дали „чекаш со готовност“?
    Стражарска кула 2003 | 15 Јули
    • 12. Зошто треба духовните интереси да ги ставаме на прво место во животот?

      12 Нашата ситуација би можела да се спореди со ситуацијата на луѓето во некоја зграда во која избувнал пожар. Дали би било мудро избезумено да трчаме за да ги спасиме материјалните работи од зградата што е во пламен и само што не се срушила? Наместо тоа, зарем не би било многу поважно да спасуваме животи — сопствениот и животот на членовите на нашето семејство и на другите станари од зградата? Слично на тоа, овој злобен систем на работи брзо оди кон пропаст и во прашање се животи. Штом го сфаќаме ова, секако дека на прво место треба да ги ставиме духовните интереси и ревносно да се сосредоточиме на животоспасувачкото дело на проповедање на Царството (1. Тимотеј 4:16).

      Треба да бидеме „без дамка“

      13. Во каква состојба сакаме да бидеме кога ќе дојде Јеховиниот ден?

      13 Нагласувајќи колку е важно постојано да чекаме со готовност, Петар вели: „Љубени, бидејќи ги очекувате овие работи, сторете сѐ што можете за [Бог] на крајот да ве најде без дамка и без петно и во мир“ (2. Петрово 3:14). Освен советот да бидеме зафатени со дела на свето однесување и побожна оддаденост, Петар нагласува колку е важно на крајот Јехова да нѐ најде како лица што се очистени со Исусовата скапоцена крв (Откровение 7:9, 14). За ова е потребно човек да практикува вера во Исусовата жртва и да стане предаден и крстен слуга на Јехова.

      14. Што вклучува тоа да се биде „без дамка“?

      14 Петар нѐ поттикнува да даваме сѐ од себе за да бидеме најдени „без дамка“. Дали ја чуваме нашата облека на христијанско однесување и на христијанска личност без дамка, неизвалкана од светот? Кога ќе забележиме дамка на нашата облека, веднаш се обидуваме да ја отстраниме. Ако се работи за нашата омилена облека, посебно сме педантни кога ја чистиме. Дали имаме ист став ако ни се исфлека и христијанската облека, така да се каже, поради некој недостаток во нашата личност или во нашето однесување?

      15. а) Зошто Израелците требало да направат реси на рабовите на облеката? б) Зошто денешните Јеховини слуги се издвојуваат како поинакви?

      15 Израелците требало да направат „реси на рабовите на своите облеки“ и ‚за ресата на секој раб да врзат сина врвца‘. Зошто? За да се сеќаваат на Јеховините заповеди, да ги слушаат и да бидат „свети“ пред својот Бог (Броеви 15:38—40). Како Јеховини слуги во денешно време, ние се издвојуваме како поинакви од светот затоа што ги држиме Божјите закони и начела. На пример, задржуваме морална чистота, ја почитуваме светоста на крвта и избегнуваме секаков вид идолопоклонство (Дела 15:28, 29). Многу луѓе нѐ почитуваат поради нашата цврста одлучност да останеме неизвалкани (Јаков 1:27).

      Треба да бидеме „без петно“

      16. Што е вклучено во тоа да останеме „без петно“?

      16 Петар исто така вели дека треба да бидеме најдени „без петно“, односно без маана. Како е можно тоа? Дамката обично може да се избрише или да се исчисти, но не и мааната. Мааната покажува дека нешто однатре фали, односно не е како што треба. Апостол Павле ги советувал сохристијаните во Филипи: „Правете и понатаму сѐ без мрморење и препирање за да бидете беспрекорни и недолжни, Божји деца без маана среде една изопачена и искривена генерација во која светлите како светила во светот“ (Филипјаните 2:14, 15). Ако го следиме тој совет, ќе одбегнуваме мрморење и расправии и ќе му служиме на Бог од чист мотив. Ќе бидеме поттикнати од љубов кон Јехова и кон ближните додека ја проповедаме „оваа добра вест за царството“ (Матеј 22:35—40; 24:14). Освен тоа, ќе продолжиме да ја објавуваме добрата вест иако луѓето, општо земено, можеби не сфаќаат зошто доброволно посветуваме време за да им помогнеме на другите да научат за Бог и за неговата Реч, Библијата.

      17. Од кој мотив треба да тежнееме по предности во христијанското собрание?

      17 Со желба да бидеме најдени „без петно“, односно без маана, ќе биде добро да ги преиспитаме своите мотиви во сите наши цели. Сме го напуштиле светскиот начин на вршење на работите од себични причини, како што е настојувањето да стекнеме богатство или моќ. Ако тежнееме по предности во христијанското собрание, нашите мотиви нека останат чисти и да бидеме секогаш мотивирани од љубов кон Јехова и кон другите. Освежувачки е да се видат духовни мажи што ‚тежнеат по служба на надгледник‘ со радост и понизна желба да робуваат за Јехова и за своите соверници (1. Тимотеј 3:1; 2. Коринќаните 1:24). Всушност, оние што се квалификувани да служат како старешини ‚го пасат Божјето стадо доброволно; ниту од љубов кон нечесна добивка, туку желно; ниту како да господарат над оние кои се Божје наследство, туку станувајќи примери за стадото‘ (1. Петрово 5:1—4).

      Треба да бидеме „во мир“

      18. По кои особини се познати Јеховините сведоци?

      18 На крајот, Петар ни вели да бидеме најдени „во мир“. За да го исполниме ова барање, треба да бидеме во мир со Јехова и со ближниот. Петар нагласува колку е важно да имаме „горлива љубов еден кон друг“ и да задржиме мир со нашите сохристијани (1. Петрово 2:17; 3:10, 11; 4:8; 2. Петрово 1:5—7). За да го одржиме мирот, мораме да имаме љубов меѓу себе (Јован 13:34, 35; Ефешаните 4:1, 2). Нашата љубов и мирот се особено очигледни кога се одржуваат меѓународни конгреси. На еден конгрес во Костарика во 1999, еден продавач на аеродромот се налутил затоа што локалните Сведоци кои им изразувале добредојде на делегатите што пристигнувале, ненамерно му ја закривале продавницата. Меѓутоа, вториот ден тој ја забележал љубовта и мирот што се гледале во воодушевеното дочекување на делегатите, иако локалните Сведоци не ги познавале лично. Последниот ден, продавачот се придружил во дочекот и замолил за библиска студија.

      19. Зошто е многу битно да се стремиме по мир со соверниците?

      19 Тоа што искрено се стремиме по мир со нашите духовни браќа и сестри може многу да влијае врз тоа колку желно го очекуваме Јеховиниот ден и новиот свет што го ветил (Псалм 37:11; 2. Петрово 3:13). Да речеме дека ни е тешко да задржиме мир со некој соверник. Можеме ли да се замислиме како мирољубиво живееме со него во Рајот? Ако некој брат има нешто против нас, веднаш треба ‚да се помириме со него‘ (Матеј 5:23, 24). Тоа е неопходно за да бидеме во мир со Јехова (Псалм 35:27; 1. Јованово 4:20).

      20. Како треба да покажеме дека ‚чекаме со готовност‘?

      20 Дали ние лично ја ‚очекуваме и цврсто ја држиме во мислите присутноста на Јеховиниот ден‘? Нашата горлива желба да го видиме крајот на злобата ќе ја покажеме со тоа што ќе останеме свети во овој неморален свет. Освен тоа, нашиот силен копнеж по доаѓањето на Јеховиниот ден и по животот под владата на Царството го покажуваме со нашите дела на побожна оддаденост. А нашето исчекување да живееме во мирољубивиот нов свет се гледа во тоа дали се стремиме по мир со нашите сообожаватели сега. Така покажуваме дека ‚чекаме со готовност‘ и дека ‚цврсто ја држиме во мислите присутноста на Јеховиниот ден‘.

  • Како треба да гледаме на луѓето додека се приближува Јеховиниот ден?
    Стражарска кула 2003 | 15 Јули
    • Како треба да гледаме на луѓето додека се приближува Јеховиниот ден?

      „Јехова не е бавен во врска со своето ветување . . . туку е стрплив со вас бидејќи не сака никој да биде уништен, туку сака сите да дојдат до покајание“ (2. ПЕТРОВО 3:9).

      1, 2. а) Како гледа Јехова на луѓето денес? б) Кои прашања можеме да си ги поставиме?

      ЈЕХОВИНИТЕ слуги имаат налог ‚да прават ученици од луѓето од сите нации‘ (Матеј 28:19). Додека ја исполнуваме оваа задача и го чекаме „големиот ден на Јехова“, треба да гледаме на луѓето онака како што гледа тој (Софонија 1:14, NW). А како гледа тој? Апостол Петар вели: „Јехова не е бавен во врска со своето ветување, како што некои тоа го сметаат за бавност, туку е стрплив со вас бидејќи не сака никој да биде уништен, туку сака сите да дојдат до покајание“ (2. Петрово 3:9). Бог гледа на луѓето како на поединци што можат да дојдат до покајание. Негова „волја е сите видови луѓе да се спасат и да дојдат до точно спознание на вистината“ (1. Тимотеј 2:4). Јехова дури и се радува кога ‚безбожникот се одвратува од својот лош пат и живее‘! (Езекиел 33:11).

      2 Дали ние лично гледаме на луѓето онака како што гледа Јехова? Исто како него, дали ги сметаме поединците од сите раси и нации за потенцијални „овци на Неговото пасиште“? (Псалм 100:3; Дела 10:34, 35). Да разгледаме два примера што ни покажуваат колку е важно да го

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели