-
„Ете, Овој е нашиот Бог“Стражарска кула 2003 | 1 Јули
-
-
грев. Тој си го излеал срцето, изразувајќи големо жалење и преколнувајќи го Бог за простување. Во 2. и 3. стих стои: „Очисти ме од мојот грев. Зашто го признавам своето беззаконие, мојот грев е секогаш пред мене“. Забележи го 5. стих: „Еве, грешен сум веќе роден, во грев ме зачна мојата мајка“. Стих 17 додава: „Смирениот дух е жртва на Бога, нема да го презреш, Боже, понизното и покајничко срце“. Зарем не можеш да ја почуствуваш болката на писателот? Кој, освен несовршен човек, би можел да изрази такви чувства?
20, 21. а) Зошто може да се рече дека, и покрај тоа што биле употребени човечки писатели, Библијата ја содржи Јеховината мудрост? б) За што ќе дискутираме во следната статија?
20 Со тоа што употребил такви несовршени луѓе, Јехова ни го дал токму она што ни е потребно — запис што е ‚инспириран од Бог‘, а сепак го задржува човечкиот елемент (2. Тимотеј 3:16). Да, тие писатели биле водени од светиот дух. Затоа ја запишале Јеховината мудрост, а не својата. Таа мудрост е совршено достојна за доверба. Толку е далеку над нашата сопствена мудрост што Божјата реч со љубов нѐ поттикнува: „Надевај се на [Имај доверба во, NW] Господа со сето свое срце и не се потпирај врз сопствениот разум. Мисли на Него на сите свои патишта и Тој ќе ги исправи твоите патеки“ (Пословици 3:5, 6). Следејќи го тој мудар совет, му се приближуваме на нашиот семудар Бог.
21 Најпривлечна и најубава од сите особини на Јехова е љубовта. Во следната статија ќе дискутираме за тоа како Јехова покажал љубов.
-
-
„Бог е љубов“Стражарска кула 2003 | 1 Јули
-
-
„Бог е љубов“
„Кој не љуби не го запознал Бог, зашто Бог е љубов“ (1. ЈОВАНОВО 4:8).
1-3. а) Каква изјава дава Библијата за Јеховината особина љубов, и на кој начин таа изјава е нешто посебно? б) Зошто Библијата вели дека „Бог е љубов“?
СИТЕ Јеховини особини се прекрасни, совршени и привлечни. Но, најпривлечна од сите Јеховини особини е љубовта. Ништо друго не нѐ привлекува толку силно кон Јехова како неговата љубов. За среќа, љубовта е и негова доминантна особина. Од каде го знаеме ова?
2 Библијата кажува нешто за љубовта што никогаш не го кажува за другите главни особини на Јехова. Писмото не вели дека Бог е моќ, ниту дека Бог е правда, дури ниту дека Бог е мудрост. Тој ги поседува тие особини и е основен извор на сите три. Но, во 1. Јованово 4:8 е речено нешто подлабоко за љубовта: „Бог е љубов“. Да, љубовта е многу длабоко вкоренета во Јехова. Таа е самата негова суштина, односно самата негова природа. Општо земено, за ова би можеле да размислуваме вака: Моќта му овозможува на Јехова да дејствува. Неговата правда и неговата мудрост го водат начинот на кој тој дејствува. Меѓутоа, љубовта го мотивира Јехова да дејствува. Исто така, неговата љубов секогаш се гледа во начинот на кој ги користи другите свои особини.
3 Често се вели дека Јехова е самата персонификација на љубовта. Според тоа, ако сакаме да научиме за љубовта, мораме да научиме за Јехова. Затоа, ајде да испитаме некои фасети на Јеховината неспоредлива љубов.
Најголемиот чин на љубов
4, 5. а) Кој е најголемиот чин на љубов во целата историја? б) Зошто можеме да речеме дека Јехова и неговиот Син се обединети во најсилната врска на љубов што некогаш била формирана?
4 Јехова покажал љубов на многу начини, но има еден начин што ги надминува сите други. Кој е тој? Тоа што го пратил
-