ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Христос им зборува на собранијата
    Стражарска кула 2003 | 15 Мај
    • Ако некоја слична ситуација ѝ се заканува на духовната благосостојба на собранието со кое сме поврзани ние, да го отфрлиме потполно отпадот и да продолжиме да одиме во вистината (Јован 8:32, 44; 3. Јованово 4). Бидејќи лажните учители или поединците што се склони кон отпад можат да го расипат целото собрание, мораме да задржиме цврст став против отпадот и никогаш да не дозволиме злобното наговарање да нѐ спречи да бидеме послушни на вистината (Галатите 5:7—12; 2. Јованово 8—11).

      25. За Христовите пораки до кои собранија ќе дискутираме во следната статија?

      25 Какви само поттикнувачки зборови на пофалба и совет им кажал прославениот Исус Христос на три од вкупно седум собранија во Мала Азија за кои зборувавме! Меѓутоа, воден од светиот дух, тој имал да каже многу и за останатите четири собранија. За овие пораки, упатени до Тијатира, Сард, Филаделфија и Лаодикија, ќе дискутираме во следната статија.

  • Слушај што вели духот!
    Стражарска кула 2003 | 15 Мај
    • Слушај што вели духот!

      „Кој има уво, нека чуе што им вели духот на собранијата“ (ОТКРОВЕНИЕ 3:22).

      1, 2. Кој совет е повторен во врска со Исусовите пораки до седумте собранија спомнати во Откровение?

      ЈЕХОВИНИТЕ слуги мораат да обрнат внимание на зборовите што под водство на духот Исус Христос им ги упатува на седумте собранија спомнати во библиската книга Откровение. Всушност, секоја од овие пораки го содржи следниов совет: „Кој има уво, нека чуе што им вели духот на собранијата“ (Откровение 2:7, 11, 17, 29; 3:6, 13, 22).

      2 Веќе ги разгледавме Исусовите пораки до ангелите, односно надгледниците на Ефес, Смирна и Пергам. Како можеме да извлечеме корист од она што преку светиот дух тој им го рекол на другите четири собранија?

      На ангелот на Тијатира

      3. Каде се наоѓал градот Тијатира, и по кој производ бил особено познат?

      3 „Синот Божји“ му дава и пофалба и укор на собранието во Тијатира. (Прочитај Откровение 2:18—29.) Тијатира (сега Акхисар) бил изграден крај една притока на реката Гедиз (древен Хермус) во западна Мала Азија. Овој град бил познат по бројните занаети. Изработувачите на бои користеле корен од броќ за да го добијат нивниот прочуен скерлет, односно пурпур. Лидија, која станала христијанка додека Павле бил во Филипи, Грција, била „продавачка на пурпур од градот Тијатира“ (Дела 16:12—15).

      4. За што било пофалено собранието во Тијатира?

      4 Исус го пофалува собранието во Тијатира за неговите добри дела, љубов, вера, истрајност и труд во службата. Всушност, ‚нивните последни дела биле повеќе отколку претходните‘. Меѓутоа, дури и ако имаме досие на добри дела, никогаш не смееме да бидеме немарни во поглед на моралот.

      5-7. а) Која била „таа жена Језавела“ и што требало да се направи во врска со нејзиното влијание? б) Во што им помага на побожните жени Христовата порака до собранието во Тијатира?

      5 Собранието во Тијатира толерирало идолопоклонство, лажни учења и сексуален неморал. Меѓу нив била „таа жена Језавела“ — можеби група жени со особини слични на особините на злобната царица Језавела од десетплеменското царство Израел. Некои изучувачи укажуваат дека оваа „пророчица“ од Тијатира се обидела да ги наведе христијаните да ги обожаваат боговите и божиците на трговијата и да учествуваат во празниците во кои им се жртвувала храна на идолите. Ниедна самонаименувана пророчица нека не се обидува да манипулира со другите во денешното христијанско собрание!

      6 Христос ‚ќе ја фрлел таа жена Језавела во болесничка постела, а оние што вршеле прељуба со неа ќе ги фрлел во голема неволја, доколку не се покајале за нејзините дела‘. Надгледниците не смеат да потклекнат на таквото злобно учење и влијание, и ниеден христијанин не треба да врши ни духовен ни дословен блуд ниту, пак, да се впушта во идолопоклонство за да сфати дека „длабоките работи на Сатана“ се сосема злобни. Ако обрнеме внимание на Исусовото предупредување, ‚цврсто ќе се држиме за она што го имаме‘ и гревот нема да нѐ надвладее. Затоа што ги отфрлиле безбожните обичаи, сладострастија и цели, воскреснатите помазаници добиваат „власт над нациите“ и ќе му се придружат на Христос кога ќе ги разбие тие нации на парчиња. Денешните собранија имаат симболични ѕвезди, а на помазаниците ќе им биде дадена „сјајната утринска ѕвезда“, Младоженецот, Исус Христос, кога ќе воскреснат на небото (Откровение 22:16).

      7 Собранието во Тијатира било опоменато да не го толерира злобното влијание на отпадничките жени. Христовата порака до ова собрание, која била инспирирана со духот, им помага на побожните жени да го задржат местото што Бог им го доделил денес. Тие не се обидуваат да спроведуваат авторитет над мажите и не намамуваат браќа во духовен или во дословен блуд (1. Тимотеј 2:12). Наместо тоа, таквите жени даваат пример во добри дела и во служба на Божја фалба (Псалм 68:11, NW; 1. Петрово 3:1—6). Ако собранието го чува она што го има — чистата доктрина и однесување, и скапоцената служба за Царството — Христос ќе дојде со прекрасни награди, а не да ги погуби.

      На ангелот на Сард

      8. а) Каде се наоѓал Сард, и кои се некои детали во врска со него? б) Зошто на собранието во Сард му требала помош?

      8 На собранието во Сард итно му требала помош затоа што било духовно мртво. (Прочитај Откровение 3:1—6.) Сместен околу 50 километри јужно од Тијатира, Сард бил напреден град. Трговијата, плодноста на тој предел и производството на волнени ткаенини и килими придонеле тој да стане богат град што едно време имал околу 50.000 жители. Според историчарот Јосиф, во првиот век пр.н.е. во Сард имало голема еврејска заедница. Меѓу урнатините на градот има и една синагога и храм на ефеската божица Артемида.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели