-
Остани цврст и победи во трката за животСтражарска кула 2003 | 15 Мај
-
-
денови. „Секој ден го живеам како големиот ден на Јехова да е утре“, рекол еден искусен старешина (Јоил 1:15).
Да, големиот ден на Јехова е неизбежен. Меѓутоа, нема од што да се плашиме сѐ додека сме близу до Бог. Ако цврсто се придржуваме за неговите праведни мерила и ако останеме цврсти, можеме успешно да трчаме во трката за вечен живот! (Пословици 11:19; 1. Тимотеј 6:12, 17—19).
-
-
Секој ќе седи под својата смокваСтражарска кула 2003 | 15 Мај
-
-
Секој ќе седи под својата смоква
СЕНКАТА е нешто што тешко се наоѓа за време на жешките лета во земјите на Блискиот Исток. Секое дрво што нуди заштита од сончевите зраци е добредојдено, особено кога расте близу домот. Со своите големи, широки лисја и раширени гранки, дрвото на смоквата дава подобра сенка од речиси секое друго дрво во регионот.
Според книгата Plants of the Bible (Билките во Библијата), „се вели дека сенката [од дрвото на смоквата] освежува повеќе и е постудена отколку сенката на шатор“. Смоквините дрва што растеле на меѓите на лозјата во древниот Израел им нуделе на работниците на полето идеално место за краток одмор.
На крајот на еден долг, жежок ден, членовите на семејството можеле да си седнат под својата смоква и да уживаат во пријатното дружење. Освен тоа, смоквата му се оддолжувала на својот сопственик со изобилство хранливи плодови. Затоа, од времето на цар Соломон, да седиш под својата смоква значело мир, напредок и изобилство (1. Цареви 4:24, 25).
Со векови пред тоа, пророкот Мојсеј ја опишал Ветената земја како „земја на смокви“ (Второзаконие 8:8). Дванаесетте шпиони дале доказ за плодноста на земјата така што во израелскиот логор донеле смокви и други плодови (Броеви 13:21—23). Во 19-ти век, еден патувач низ библиските земји известил дека дрвото на смоквата е најраспространетото дрво таму. Не е ни чудо што Писмото често спомнува смокви и смоквини дрва!
Дрво со двојна берба
Смоквата се приспособува на повеќето почви, а нејзиниот широк систем на корења ѝ овозможува да ги издржи долгите, сушни лета на Блискиот Исток. Дрвото е необично затоа што дава берба од рани смокви во јуни и главна берба, обично од август натаму (Исаија 28:4). Израелците
-