-
‚Бидете храбри и силни!‘Стражарска кула 2003 | 1 Март
-
-
Нашиот храбар став му угодува и му оддава чест на Јехова
16, 17. Како можеме ние денес да развиеме храбар став?
16 Ако некој стои цврсто за вистината и праведноста, тој е храбар. Ако некој го прави тоа и покрај тоа што во себе се плаши, тој е уште похрабар. Всушност, секој христијанин може да биде храбар ако навистина сака да ја извршува Јеховината волја, ако е одлучен да остане верен, ако постојано се потпира на Бог и ако секогаш мисли на тоа дека Јехова претходно зајакнал безброј поединци како него. Освен тоа, кога ќе сфатиме дека нашиот храбар став му угодува и му оддава чест на Јехова, стануваме уште поодлучни да не ослабнеме. Подготвени сме да поднесеме подбивање или нешто уште полошо затоа што имаме длабока љубов кон него (1. Јованово 2:5; 4:18).
17 Никогаш не заборавај дека, кога страдаме за нашата вера, тоа не значи дека сме направиле нешто погрешно (1. Петрово 3:17). Ние страдаме затоа што го поддржуваме Јеховиниот суверенитет, затоа што правиме добро и затоа што не сме дел од светот. Во врска со ова, апостол Петар рекол: „Ако трпите затоа што правите добро и поднесувате, тоа му е допадливо на Бог“. Петар исто така рекол: „Оние кои страдаат во склад со Божјата волја, нека му ги доверуваат своите души на верниот Создател додека прават добро“ (1. Петрово 2:20; 4:19). Да, нашата вера му угодува и му оддава чест на нашиот Бог полн со љубов, Јехова. Колку само силна причина имаме да бидеме храбри!
Зборување со властите
18, 19. Кога ќе заземеме храбар став пред некој судија, каква порака пренесуваме, всушност?
18 Кога Исус им рекол на своите следбеници дека ќе бидат прогонувани, тој исто така рекол: „[Луѓето] ќе ве предаваат на месните судови, и ќе ве камшикуваат во нивните синагоги. Да, поради мене ќе ве довлекуваат пред управители и цареви за сведоштво на нив и на нациите“ (Матеј 10:17, 18). Потребна е храброст за да се излезе пред некој судија или владетел поради лажни обвиненија. Сепак, кога смело ги користиме тие прилики за да им сведочиме на таквите поединци, тешката ситуација ја претвораме во прилика да постигнеме нешто важно. Всушност, на оние што ни судат ние им ги пренесуваме Јеховините зборови, запишани во вториот Псалм: „Вразумете се сега, вие цареви; научете се земски судии! Служете Му на Господа со страв“ (Псалм 2:10, 11). Честопати, кога Јеховините сведоци биле лажно обвинувани на суд, судиите ја поддржале слободата на обожавање и ние го цениме тоа. Меѓутоа, некои судии дозволиле врз нив да влијаат противниците. За таквите, Писмото вели: „Научете се“.
19 Судиите треба да се свесни дека највисокиот суд е судот на Јехова Бог. Треба да запомнат дека сите луѓе, вклучувајќи ги и судиите, се одговорни пред Јехова Бог и Исус Христос (Римјаните 14:10). Што се однесува до нас, сеедно дали добиваме правда од рацете на некој човечки судија или не, ја имаме секоја причина да бидеме храбри затоа што Јехова нѐ поддржува. Библијата вели: „Блажени се сите кои се засолнуваат при Него“ (Псалм 2:12).
20. Зошто можеме да бидеме среќни ако треба да поднесеме прогонство и клеветење?
20 Во Проповедта на гората, Исус рекол: „Среќни сте кога поради мене ве укоруваат, и прогонуваат и лажно зборуваат секакво зло против вас. Радувајте се и потскокнувајте од радост, бидејќи голема е вашата награда на небесата; зашто така ги прогонуваа пророците пред вас“ (Матеј 5:11, 12). Се разбира, самото прогонство не е пријатно, но тоа што ќе стоиме цврсто наспроти прогонство, вклучувајќи и клеветнички извештаи во медиумите, е причина за радост. Тоа значи дека му угодуваме на Јехова и дека ќе добиеме награда. Нашиот храбар став покажува дека имаме вистинска вера и нѐ уверува дека имаме Божје одобрување. Всушност, покажува дека имаме целосна доверба во Јехова. Таквата вера е од пресудна важност за еден христијанин, како што ќе покаже следната статија.
Што научи?
• Кои ситуации денес бараат храброст?
• Како можеме да ја негуваме особината храброст?
• Кои се некои добри примери на храброст?
• Зошто имаме желба да постапуваме со храброст?
-
-
Имај доверба во Јехова со сето свое срцеСтражарска кула 2003 | 1 Март
-
-
Имај доверба во Јехова со сето свое срце
„Оние, кои го познаваат твоето име, ќе имаат доверба во тебе“ (ПСАЛМ 9:10, NW).
1, 2. Кои се некои работи во кои луѓето напразно полагаат доверба за да најдат сигурност?
ДЕНЕС, кога толку многу работи ја загрозуваат нашата благосостојба, сосе ма е природно да бараме некого или нешто што ќе ни даде сигурност. Некои мислат дека ако имаат повеќе пари, ќе имаат посигурна иднина но, всушност, парите се многу несигурно прибежиште. Библијата вели: „Кој се надева на богатството, пропаѓа“ (Пословици 11:28). Други полагаат надежи во човечки водачи, но дури и најдобрите од нив прават грешки. И, на крајот, сите тие умираат. Библијата мудро вели: „Не надевајте се на кнезовите, ниту во човечки син, од кого нема спасение!“ (Псалм 146:3). Тие инспирирани зборови нѐ опоменуваат да немаме доверба ни во сопствените независни напори. И ние сме само ‚човечки синови‘.
2 Пророкот Исаија им замерил на националните водачи на Израел од негово време поради тоа што имале доверба во ‚лагата како засолниште‘ (Исаија 28:15—17, NW). Во својата потрага по сигурност, тие склучувале политички сојузи со соседните нации. Но, во таквите сојузи не можело да се положи доверба — тие биле лага. На сличен начин, и денес многу верски водачи одржуваат врски со политичките водачи. И тие сојузи ќе се покажат како ‚лага‘ (Откровение 17:16, 17). Нема да донесат трајна сигурност.
-