ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Јехова, Богот на вистината
    Стражарска кула 2003 | 1 Август
    • За да ја постигне својата цел да ги одврати луѓето од чистото обожавање, Сатана шири купишта лаги. На пример, Сатана би сакал да нѐ натера да веруваме дека Бог не сака да ни се приближи и дека не му е грижа за страдањето на земјата. Сепак, Библијата покажува дека на Јехова многу му значат неговите созданија и дека ги осудува злобата и страдањето (Дела 17:24—30). Исто така, Сатана сака луѓето да веруваат дека стремењето по духовни работи е губење време. За разлика од тоа, Писмото нѐ уверува дека „Бог не е неправеден да го заборави вашето дело и љубовта што ја покажавте кон неговото име“. Освен тоа, во него јасно е наведено дека тој „ги наградува оние кои сесрдно го бараат“ (Евреите 6:10; 11:6).

      16. Зошто христијаните мораат да останат будни и цврсто да се држат за вистината?

      16 Во врска со Сатана, апостол Павле напишал: „Богот на овој систем на работи им ги заслепил умовите на неверниците за да не продре до нив светлината на славната добра вест за Христос, кој е слика на Бог“ (2. Коринќаните 4:4). Исто како Ева, некои се потполно измамени од Сатана Ѓаволот. Други, пак, го следат правецот на Адам, кој не бил измамен туку намерно го избрал патот на непослушност (Јуда 5, 11). Затоа, неопходно е христијаните да останат будни и цврсто да се држат за вистината.

      Јехова бара „нелицемерна вера“

      17. Што мораме да правиме за да ја имаме Јеховината наклоност?

      17 Затоа што Јехова е вистинољубив на сите свои патишта, тој очекува да бидат вистинољубиви и оние што го обожаваат. Псалмистот напишал: „Господи, кој може да живее во Твојот шатор? Кој ќе се настани во Твојата Света Гора? Оној кој оди непорочно, кој твори правда и зборува вистина од своето срце“ (Псалм 15:1, 2). Кога ќе се спомнела Јеховината света гора, Евреите што ги пееле овие зборови несомнено помислувале на планината Сион, каде што цар Давид го однел ковчегот на сојузот во шаторот што го подигнал таму (2. Самоил 6:12, 17). Планината и шаторот им буделе сеќавање на местото каде што симболично престојувал Јехова. Таму луѓето можеле да му пристапат на Бог за да го молат за наклоност.

      18. а) Што е потребно за да се има пријателство со Бог? б) Што ќе дискутираме во следната статија?

      18 Секој што сака да го има Јеховиното пријателство мора да ја зборува вистината во „своето срце“, а не само со усните. Вистинските пријатели на Бог мораат да бидат искрени во срцето и мораат да дадат доказ за „нелицемерна вера“, бидејќи вистинољубивите постапки доаѓаат од срцето (1. Тимотеј 1:5; Матеј 12:34, 35). Божјиот пријател не е подлец ниту измамник, бидејќи „Господ се гнаси од човек . . . измамник“ (Псалм 5:6). Јеховините сведоци низ целиот свет се трудат да бидат вистинољубиви, имитирајќи го својот Бог. Во следната статија ќе ја разгледаме оваа тема.

      Како би одговорил?

      • Зошто Јехова ја знае вистината за сѐ?

      • Што покажува дека Јехова е вистинољубив?

      • Како Јехова ја открил вистината?

      • Што се бара од нас во поглед на вистината?

  • Да го имитираме Богот на вистината
    Стражарска кула 2003 | 1 Август
    • Да го имитираме Богот на вистината

      „Станете имитатори на Бог, како љубени деца“ (ЕФЕШАНИТЕ 5:1).

      1. Што веруваат некои во врска со вистината, и зошто нивното резонирање е неисправно?

      „ШТО е вистина?“ (Јован 18:38). Ова прашање, што пред речиси 2.000 години цинично го поставил Понтиј Пилат, укажува дека вистината е премногу недофатна за да се бара. Многу луѓе денес ќе се согласат со тоа. Нападната е самата природа на вистината. Можеби си чул како луѓето велат дека секој сам одлучува што е вистина, или дека вистината е релативна, или дека вистината постојано се менува. Таквото резонирање не е исправно. Самата цел на истражувањето и образованието е да се дознаат фактите, односно вистината за светот во кој живееме. Вистината не е работа на лично мислење. На пример, човечката душа или умира или не умира. Сатана или постои или не постои. Животот или има или нема цел. Во секој од овие случаи може да има само еден исправен одговор. Едното е точно, а другото е неточно; не можат и двете работи да бидат точни.

      2. Во кој поглед Јехова е Бог на вистината, и за кои прашања ќе дискутираме сега?

      2 Во претходната статија видовме дека Јехова е Богот на вистината. Тој ја знае вистината за сѐ. Како чиста спротивност на својот лажлив непријател, Сатана Ѓаволот, Јехова секогаш ја кажува вистината. Освен тоа, Јехова великодушно им ја открива вистината на другите. Апостол Павле ги поттикнал сохристијаните: „Станете имитатори на Бог, како љубени деца“ (Ефешаните 5:1). Како Сведоци на Јехова, како би можеле да го имитираме со тоа што ќе ја зборуваме вистината и ќе живееме според неа? Зошто е важно да го правиме тоа? И каква гаранција имаме дека Јехова ги одобрува оние што одат по патот на вистинољубивоста? Да видиме.

      3, 4. Како го опишале апостолите Павле и Петар она што требало да се случи во текот на „последните денови“?

      3 Живееме во време кога религиозните невистини изобилуваат. Како што претскажал апостол Павле под божествена инспирација, многу луѓе во овие ‚последни денови, имаат облик на побожна оддаденост, но се покажале лажни во поглед на нејзината сила. Некои ѝ се противат на вистината, бидејќи се „со потполно расипан ум“. Освен тоа, „злите луѓе и измамниците . . . напредуваат од лошо на полошо, заведувајќи

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели