ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • „Најди голема радост во Јехова“
    Стражарска кула 2003 | 1 Декември
    • сведоци, честопати другите нѐ претставуваат на погрешен начин. Но, Јехова им ги отвора очите на оние што се со искрени срца за да им помогне да сфатат дека нашата јавна служба е мотивирана од љубов кон Јехова и кон ближниот. Во исто време, нашето исправно постапување не може да се скрие, иако мнозина го претставуваат на погрешен начин. Јехова нѐ поддржува додека поднесуваме секакво противење и прогонство. Како резултат на тоа, праведноста на Божјиот народ свети како сонце напладне (1. Петрово 2:12).

      ‚Молчи и чекај со копнеж‘

      16, 17. Во склад со Псалм 37:7, за што е време сега, и зошто?

      16 Следните зборови на псалмистот се: „Молчи пред Јехова и со копнеж чекај на него. Немој да се разлутуваш на оној што е успешен на патот свој, на човек што го прави она што го замислил“ (Псалм 37:7, NW). Овде Давид ја нагласува потребата стрпливо да чекаме Јехова да дејствува. Иако сѐ уште не е дојден крајот на овој систем, тоа не е причина да се жалиме. Зарем не сме виделе дека Јеховината милост и стрпливост се многу поголеми отколку што сме мислеле во почетокот? Можеме ли сега да покажеме дека и ние стрпливо чекаме додека сме зафатени во проповедањето на добрата вест пред да дојде крајот? (Марко 13:10). Сега е време да избегнуваме избрзани постапки што можат да ни ја одземат радоста и духовната сигурност. Сега е време уште посилно да се спротивставиме на расипувачкото влијание на Сатановиот свет. Исто така, сега е време да задржиме морална чистота и никогаш да не ја загрозуваме нашата праведна положба пред Јехова. Да продолжиме да ги тргаме од главата неморалните мисли и да избегнуваме недолични постапки кон оние од спротивниот, па дури и кон оние од истиот пол (Колошаните 3:5).

      17 „Стивни го својот гнев и остави ја лутината“, нѐ советува Давид. „Не се дразни за да не направиш зло. Зашто злосторниците ќе бидат сотрени, а кои се надеваат на Бога, ќе ја наследат земјата“ (Псалм 37:8, 9). Да, можеме со доверба да го очекуваме времето — кое сега е толку близу — кога Јехова ќе ја отстрани од земјата сета расипаност и оние што се виновни за неа.

      „Уште малку“

      18, 19. Какво охрабрување доби од Псалм 37:10?

      18 „Уште малку и ќе го снема безбожникот, ќе го бараш неговото место, а него веќе ќе го нема“ (Псалм 37:10). Колку само овие зборови нѐ охрабруваат додека се приближува крајот на овој систем и кулминацијата на катастрофалната независност од Јехова! Секој облик на влада или власт што го измислиле луѓето доживеал беден неуспех. Сега се ближи времето кога повторно ќе има Божја влада, вистинска теократија, Јеховиното Царство во рацете на Исус Христос. Тоа ќе преземе целосна контрола над работите во овој свет и ќе ги отстрани сите противници на Божјето Царство (Даниел 2:44).

      19 Во новиот свет под Божјето царство, колку и да бараш, нема да можеш да најдеш некој ‚безбожник‘. Всушност, секој што тогаш ќе се побуни против Јехова брзо ќе биде отстранет. Никој што го напаѓа неговиот суверенитет или што не се подложува на Божјиот авторитет нема да биде таму. Сите твои соседи ќе бидат истомисленици во желбата да му угодат на Јехова. Колкава само сигурност ќе донесе тоа — нема да има брави, резиња, ништо што ќе ја наруши целосната доверба и среќа! (Исаија 65:20; Михеј 4:4; 2. Петрово 3:13).

      20, 21. а) Кои се „кротките“ од Псалм 37:11, и каде наоѓаат „изобилен мир“? б) Какви благослови ќе имаме ако го имитираме поголемиот Давид?

      20 Потоа, „кротките ќе ја наследат земјата“ (Псалм 37:11а). Но, кои се тие „кротки“? Зборот што е преведен со ‚кроток‘ доаѓа од коренот што значи „измачува, понизува, понижува“. Да, „кротките“ се оние што понизно чекаат Јехова да ги исправи сите неправди што им се нанесени. „Тие ќе уживаат во изобилен мир“ (Псалм 37:11б). Уште сега наоѓаме изобилен мир во духовниот рај во поврзаност со вистинското христијанско собрание.

      21 Иако сѐ уште не сме ослободени од маките, ние си даваме поддршка еден на друг и ги тешиме оние што се депримирани. Како резултат на тоа, кај Јеховиниот народ сѐ повеќе се шири вистинско внатрешно задоволство. Браќата што се поставени како пастири, со љубов им служат на нашите духовни, а понекогаш дури и на нашите физички потреби, помагајќи ни да ги поднесеме неволјите што ги трпиме заради праведноста (1. Солуњаните 2:7, 11; 1. Петрово 5:2, 3). Колку само скапоцен посед е овој мир! Исто така, ние имаме надеж за вечен живот во мирољубивиот рај што претстои. Затоа, да го имитираме поголемиот Давид, Христос Исус, чија ревност за Јехова го мотиривала верно да служи до крајот (1. Петрово 2:21). Правејќи го тоа, и понатаму ќе бидеме среќни, фалејќи го оној во кого наоѓаме голема радост, нашиот Бог, Јехова.

  • „Покажете се благодарни“
    Стражарска кула 2003 | 1 Декември
    • „Покажете се благодарни“

      „Мирот Христов нека владее во вашите срца . . . И покажете се благодарни“ (КОЛОШАНИТЕ 3:15).

      1. Каква спротивност гледаме помеѓу христијанското собрание и светот што е под власта на Сатана?

      ВО 94.600-те собранија на Јеховините сведоци во светот, може да се види дух на благодарност. Секој состанок започнува и завршува со молитва што содржи изрази на благодарност до Јехова. Често може да се слушне „благодарам“, „молам“ или слични изрази од усните како на младите така и на постарите, како на новите така и на долгогодишните Сведоци додека се придружуваат во обожавањето и радосното дружење (Псалм 133:1). Колку само е спротивно ова на себичноста што владее меѓу мнозина што ‚не го познаваат Бог и не се послушни на добрата вест‘ (2. Солуњаните 1:8). Живееме во еден неблагодарен свет. Не е ни чудно што е така кога ќе земеме предвид кој е богот на овој свет — Сатана Ѓаволот, најголемиот застапник на себичноста, чија гордост и бунтовен дух продираат во секоја пора на човечкото општество! (Јован 8:44; 2. Коринќаните 4:4; 1. Јованово 5:19).

      2. Кое предупредување треба да го послушаме, и кои прашања ќе ги разгледаме?

      2 Бидејќи сме опкружени со Сатановиот свет, треба да внимаваме да не нѐ расипат неговите ставови. Во првиот век, апостол Павле ги потсетил христијаните во Ефес: „Некогаш одевте според системот на работи на овој свет, според владетелот на власта на воздухот, духот кој сега дејствува во синовите на непослушноста. Да, меѓу нив сите ние некогаш се однесувавме според желбите на своето тело, правејќи го она што го сакаа телото и мислите, и по природа бевме деца на гневот како и останатите“ (Ефешаните 2:2, 3). Ова е случај и со многу луѓе денес. Според тоа, како можеме да задржиме дух на благодарност? Каква помош ни дава Јехова? На кои практични начини можеме да покажеме дека навистина сме благодарни?

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели