ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Стекни доверба во Јехова
    Стражарска кула 2003 | 1 Септември
    • патишта. Тој е верен Бог и нема неправда, Тој е праведен и вистинит“ (Второзаконие 32:4). Да го освежуваме одвреме навреме нашето разбирање за овие работи така што ќе медитираме за нив. На тој начин, кога се соочуваме со испити, ќе одолееме на обидите на Сатана да посее сомнежи во нашите мисли. Но, што е со вториот чекор спомнат во почетокот? Што е вклучено во тоа да се има доверба во Јехова?

      Што значи тоа да се има доверба во Јехова

      18, 19. Со кои зборови Библијата нѐ охрабрува да имаме доверба во Јехова, но во врска со тоа, какви погрешни претстави имаат некои луѓе?

      18 Божјата реч нѐ поттикнува: „Имај доверба во Јехова со сето свое срце и не потпирај се на сопствениот разум. На сите свои патишта имај го на ум, и тој ќе ги исправи твоите патеки“ (Пословици 3:5, 6, NW). Овие зборови се прекрасни и успокојувачки. Секако дека никој во целиот универзум не е подостоен за доверба од нашиот љубен небесен Татко. Сепак, полесно е да се прочитаат овие зборови од Пословици отколку да се применат.

      19 Многу луѓе имаат погрешна претстава за тоа што значи да се има доверба во Јехова. Некои мислат дека таквата доверба е само некакво чувство, некаква блажена емоција што би требало природно да ни се појави во срцето. Други, пак, изгледа веруваат дека довербата во Бог значи дека можеме да очекуваме да нѐ штити од секаква тешкотија, да го реши секој наш проблем, да направи секој предизвик во секојдневниот живот да испадне токму онака како што се надеваме — и тоа веднаш! Но, таквите сфаќања се неосновани. Довербата е многу повеќе од обично чувство и не е нереалистична. Кај возрасните, довербата вклучува да донесуваат совесни, добро промислени одлуки.

      20, 21. Што е вклучено во тоа да се има доверба во Јехова? Илустрирај.

      20 Повторно забележи што ни вели стихот од Пословици 3:5. Довербата во Јехова е ставена наспроти потпирањето на сопствениот разум, што покажува дека не можеме да го правиме и едното и другото. Дали тоа значи дека не ни е дозволено да ги користиме своите способности на разбирање? Не, бидејќи Јехова, кој ни ја дал таа способност, очекува од нас да ја користиме додека му служиме (Римјаните 12:1). Но, на што се потпираме? Ако нашето размислување не е во склад со Јеховиното размислување, дали ја прифаќаме неговата мудрост како она што е — бескрајно повисока од нашата? (Исаија 55:8, 9). Да имаме доверба во Јехова значи да дозволиме неговото размислување да го води нашето.

      21 Да илустрираме: Замисли си едно мало дете како седи на задното седиште на автомобилот, додека родителите седат напред. Со воланот управува таткото. Кога во текот на патувањето ќе се појават тешкотии — кога не се сигурни кој е исправниот пат или можеби се појави некој проблем со временските услови или со условите на патот — како ќе реагира детето што е послушно и има доверба? Дали ќе извикува наредби од задното седиште, кажувајќи му на татка си како да управува со автомобилот? Дали ќе се сомнева во одлуките на родителите или ќе се противи кога ќе го потсетат да остане врзано на седиштето? Не, тоа природно има доверба во своите родители дека ќе најдат решение за таквите работи, иако се несовршени. Јехова за нас е совршен Татко. Зарем не треба да имаме безрезервна доверба во него, особено кога се соочуваме со тешки ситуации? (Исаија 30:21).

      22, 23. а) Зошто треба да ја положиме нашата доверба во Јехова кога се соочуваме со проблеми, и како можеме да го правиме тоа? б) За што ќе дискутираме во следната статија?

      22 Меѓутоа, Пословици 3:6 покажува дека треба ‚да го имаме Јехова на ум на сите наши патишта‘, а не само кога се соочуваме со тешки ситуации. Затоа, во одлуките во животот што ги донесуваме од ден на ден треба да се гледа нашата доверба во Јехова. Кога ќе се појават проблеми, не треба да очајуваме, да нѐ фаќа паника или да се спротивставуваме на водството што го дава Јехова за тоа како на најдобар начин да ги средиме работите. На испитите треба да гледаме како на прилики да го поддржиме Јеховиниот суверенитет, да помогнеме да се докаже дека Сатана е лажливец и да се научиме на послушност и на други особини што го радуваат Јехова (Евреите 5:7, 8).

      23 Можеме да ја покажеме нашата доверба во Јехова без оглед на тоа какви препреки стојат пред нас. Тоа го правиме со нашите молитви и со начинот на кој се потпираме за водство на Јеховината реч и на неговата организација. Но, како можеме да покажуваме доверба во Јехова кога се соочуваме со проблемите што се појавуваат во денешниот свет? Во следната статија ќе ја разгледаме таа тема.

  • Имај целосна доверба во Јехова во време на неволја
    Стражарска кула 2003 | 1 Септември
    • Имај целосна доверба во Јехова во време на неволја

      „Господ ни е засолниште и тврдина, секогаш проверен помошник во неволја“ (ПСАЛМ 46:1).

      1, 2. а) Кој пример покажува дека не е доволно да тврдиме дека имаме доверба во Бог? б) Зошто мораме да правиме повеќе отколку само да велиме дека имаме доверба во Јехова?

      ЕДНА работа е да тврдиме дека имаме доверба во Бог. Но, сосема друга работа е да го покажеме тоа со нашите постапки. На пример, фразата „Нашата доверба е во Бог“ веќе долго време ја има на банкнотите и на монетите на американскиот долар.a Во 1956, американскиот конгрес донел закон со кој овој израз бил прогласен за државно мото на Соединетите Држави. Иронично е тоа што многу луѓе — не само во таа земја туку и во целиот свет — полагаат поголема доверба во парите и во богатството отколку во Бог (Лука 12:16—21).

      2 Како вистински христијани, мораме да правиме повеќе отколку само да речеме дека имаме доверба во Јехова. Исто како што „верата без дела е мртва“, така и секое тврдење дека имаме доверба во Бог е бесмислено ако не го поткрепиме со постапки (Јаков 2:26). Во претходната статија научивме дека својата доверба во Јехова ја покажуваме кога му се обраќаме во молитва, кога бараме водство од неговата Реч и кога бараме водство од неговата организација. Сега да разгледаме како можеме да ги преземеме тие три чекори во време на неволја.

      Кога ќе останеш без работа или ако имаш ниски примања

      3. Со кои економски притисоци се соочуваат Јеховините слуги во овие „критични времиња“, и од каде знаеме дека Бог е спремен да ни помогне?

      3 Во овие „критични времиња“, ние како христијани се соочуваме со истите економски

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели