Песна 137
Наближува одреденото време
1. О Јехова, карпа си,
наш Бог од дамнина.
Како гром ќе одекнеш,
суд твој не забава.
Дури ако забавиш,
ти не ќе задоцниш. Знај,
крајот се приближува
да сме трпеливи.
2. Уште малку ден ќе дојде
меч да извлечеш;
како еден сите да
те слават по цел свет.
Злобните ќе беснеат
за да ни наштетат. Но,
времето ти пристигна
за силна одмазда.
3. Семоќен и Суверен
Јехова, Бог си ти.
Сите нека научат
величествен Бог си.
Преку Синот владееш
ко јак и моќен Цар. Над
Земјата управуваш
од небо, Боже наш.
4. Радосно ти пееме
со силен, Боже, глас.
Преку Христос предводиш
за да ни дадеш спас.
Времето одредено
се ближи, доаѓа. Со
надеж желно чекаме
на твојта победа.