-
Зошто да се биде крстен?Стражарска кула 2002 | 1 Април
-
-
предаваме на некоја работа или на некој човек, туку на самиот Бог.
15. Зошто кандидатите за крштавање се подложуваат на подронување?
15 Кога му се предаваме на Бог преку Христос, ние изразуваме одлучност да го користиме својот живот за да ја вршиме божествената волја, изложена во Писмото. Како симбол на тоа предание, кандидатите за крштавање се подложуваат на подронување во вода, како што бил крстен Исус во реката Јордан за да симболизира дека му се претставува на Бог (Матеј 3:13). Вредно е да се забележи дека во таа многу важна прилика Исус се молел (Лука 3:21, 22).
16. Како можеме пригодно да ја покажеме нашата радост кога гледаме како луѓето се крштаваат?
16 Исусовото крштавање било еден сериозен, но радосен настан. Такво е и денешното христијанско крштавање. Кога гледаме како луѓето го симболизираат своето предание на Бог, нашата радост можеме да ја изразиме преку учтив аплауз и срдечна пофалба. Но, навивање, свиркање и слични работи се избегнуваат од обѕир кон светоста на овој израз на верата. Нашата радост ја изразуваме на достоинствен начин.
17, 18. Што помага да се одреди дали поединците се квалификуваат за крштавање?
17 За разлика од оние што попрскуваат бебиња или ги присилуваат масите што немаат спознание за Библијата да се крстат, Јеховините сведоци никогаш не принудуваат некого да се крсти. Всушност, тие не ги крштаваат оние што не се духовно квалификувани. Дури и пред некој да може да стане некрстен проповедник на добрата вест, христијанските старешини се осигуруваат дали тој ги разбира основните библиски науки, дали живее во согласност со нив и дали дава потврден одговор на едно прашање од типот: „Дали навистина сакаш да бидеш Јеховин сведок?“
18 Со неколку исклучоци, кога поединците веќе ќе имаат значаен удел во делото на проповедање на Царството и кога ќе изразат желба да се крстат, старешините имаат дискусии со нив за да се осигураат дека тие се верници што му се предале на Јехова и ги исполнуваат божествените барања за крштавање (Дела 4:4; 18:8). Личните одговори на над 100 прашања за библиските науки им помагаат на старешините да одредат дали лицата што одговараат на тие прашања ги исполнуваат библиските барања за подронување. Некои не се квалификуваат и затоа не се прифатени за христијанско крштавање.
Дали поради нешто се воздржуваш?
19. Со оглед на Јован 6:44, кои ќе бидат Исусови придружни наследници?
19 На многу принудени учесници во масовните крштавања можеби им било кажано дека при смртта ќе одат на небо. Но, обраќајќи им се на своите следбеници што ги следеле неговите стапки, Исус рекол: „Никој не може да дојде кај мене, ако не го привлече Таткото кој ме испрати“ (Јован 6:44). Јехова привлекол кон Христос 144.000 кои ќе му бидат придружни наследници во небесното Царство. Принудното крштавање никогаш не осветило некого за тоа славно место во Божјето уредување (Римјаните 8:14—17; 2. Солуњаните 2:13; Откровение 14:1).
20. Што би можело да им помогне на поединци кои сѐ уште не се крстени?
20 Особено од средината на 1930-тите, мноштва што се надеваат да ја преживеат „големата неволја“ и да живеат засекогаш на Земјата се придружуваат во редовите на Исусовите „други овци“ (Откровение 7:9, 14; Јован 10:16). Тие се квалификуваат за крштавање бидејќи ги довеле своите животи во согласност со Божјата реч и го љубат со ‚сето свое срце, душа, сила и ум‘ (Лука 10:25—28). Иако увидуваат дека Јеховините сведоци ‚го обожаваат Бог со дух и со вистина‘, некои луѓе сѐ уште не го следат Исусовиот пример и не даваат јавен доказ дека имаат вистинска љубов и исклучителна оддаденост кон Јехова со тоа што би се крстиле (Јован 4:23, 24; Второзаконие 4:24; Марко 1:9—11). Искрената и конкретна молитва во врска со овој битен чекор веројатно ќе им даде поттик и храброст целосно да се приспособат кон Божјата реч, безрезервно да му се предадат на Јехова Бог и да се крстат.
21, 22. Од кои причини некои се воздржуваат да се предадат и да се крстат?
21 Некои се воздржуваат од предание и крштавање затоа што се преокупирани со работите на светот или, пак, поради стремежот по богатство им останува малку време за духовни работи (Матеј 13:22; 1. Јованово 2:15—17). Колку само би биле тие среќни ако ги сменат своите гледишта и цели! Приближувањето кон Јехова ќе ги збогати духовно, ќе им помогне да ја ублажат тегобната грижа и ќе им донесе мир и задоволство што произлегуваат од вршењето на божествената волја (Псалм 16:11; 40:8; Пословици 10:22; Филипјаните 4:6, 7).
22 Други велат дека го љубат Јехова, но не му се предаваат и не се крштаваат бидејќи мислат дека на тој начин ќе избегнат одговорност. Но, секој од нас мора да положи сметка за себе пред Бог. Одговорноста врз нас дошла кога сме чуле за Јеховината реч (Езекиел 33:7—9; Римјаните 14:12). Како ‚избран народ‘, древните Израелци биле родени во нација што му била предадена на Јехова, и затоа имала обврска верно да му служи во согласност со неговите правила (Второзаконие 7:6, 11). Никој денес не се раѓа во таква нација, но ако сме добиле точни библиски упатства, треба да постапуваме според нив во вера.
23, 24. Поради кои стравови поединци не треба да се воздржуваат да се крстат?
23 Некои може да се воздржуваат од крштавање поради страв дека им недостига спознание. Сепак, сите ние имаме многу да учиме бидејќи ‚човек не може да ги постигне делата што Бог ги прави од почеток до крај‘ (Проповедник 3:11). Размисли за етиопскиот евнух. Како прозелит, тој имал некакво спознание за Писмото, но не можел да одговори на секое прашање во врска со Божјите намери. Меѓутоа, откако дознал за Јеховината подготовка за спасение преку откупната жртва на Исус, евнухот веднаш се подложил на крштавање во вода (Дела 8:26—38).
24 Некои се колебаат да му се предадат на Бог бидејќи се плашат од неуспех. Моника, која има 17 години, вели: „Се воздржувам од крштавање од страв да не не можам да живеам според моето предание“. Но, ако имаме доверба во Јехова со сето свое срце, ‚Тој ќе ги исправи нашите патеки‘. Ќе ни помогне да ‚одиме во вистината‘ како негови верни предадени слуги (Пословици 3:5, 6; 3. Јованово 4).
25. Кое прашање заслужува внимание сега?
25 Поради безрезервната доверба во Јехова и длабоката љубов кон него, секоја година илјадници се поттикнати да се предадат и да се крстат. И секако, сите предадени Божји слуги сакаат да му бидат верни. Сепак, живееме во критични времиња, и се соочуваме со различни испити на верата (2. Тимотеј 3:1—5). Што можеме да сториме за да живееме според нашето предание на Јехова? Ова ќе го разгледаме во следната статија.
-
-
Продолжи да му служиш на Јехова со постојано срцеСтражарска кула 2002 | 1 Април
-
-
Продолжи да му служиш на Јехова со постојано срце
„Постојано е моето срце, Боже, постојано е моето срце“ (ПСАЛМ 57:7).
1. Зошто можеме да имаме уверување како Давид?
ЈЕХОВА може да направи да сме постојани во христијанската вера за да можеме да се прилепиме кон вистинското христијанство како негови предадени слуги (Римјаните 14:4). Затоа можеме да го имаме уверувањето што го имал псалмистот Давид, кој бил поттикнат да пее: „Моето срце е непоколебливо [постојано, NW], Боже“ (Псалм 108:1). Ако нашето срце е постојано, ќе бидеме мотивирани да го исполниме нашето предание кон Бог. И ако се потпираме на него за водство и сила, можеме да се покажеме непоколебливи, цврсти во нашата решеност и верување како чувари на интегритетот, „секогаш обилно вработени во делото Господово“ (1. Коринќаните 15:58).
2, 3. Какво значење имаат Павловите поттикнувања запишани во 1. Коринќаните 16:13?
2 Во поттикнувањата упатени до Исусовите следбеници во древниот Коринт, но кои секако важат за денешните христијани, апостол Павле рекол: „Останете будни, стојте цврсто во верата, однесувајте се машки, бидете јаки“ (1. Коринќаните 16:13). На грчки јазик, секоја од овие заповеди е во сегашно време, што поттикнува на постојана акција. Какво значење има оваа опомена?
3 Можеме духовно да ‚останеме будни‘ со тоа што ќе му се спротивставуваме на Ѓаволот и ќе останеме близу до Бог (Јаков 4:7, 8). Потпирањето на Јехова ни овозможува да ги задржиме редовите збиени и да ‚стоиме цврсти во христијанската вера‘. Ние — вклучувајќи ги и многуте жени меѓу нас — ‚се однесуваме машки‘ така што храбро му служиме на Бог како објавители на Царството (Псалм 68:11, NW). ‚Јаки сме‘ така што постојано се потпираме на нашиот небесен Татко за сила за да ја вршиме неговата волја (Филипјаните 4:13).
4. Што водело до нашето крштавање како христијани?
4 Ние сме зазеле став за вистинската вера кога безрезервно сме му се предале на
-