Песна 99
Бог ја разоткрива „вечната намера“
1. Чекори само напред,
сега во стројот ти.
За слугите на Земјата,
Бог темпо одредил.
Својата реч тој верно
ја обистинува.
Големо мноштво спремно е
Бог да го послуша.
2. Суверен Бог Јехова,
Извор на надеж е,
не дава тој да талкаме
во мракот духовен.
Намера, знај, Бог има
мир да е секаде.
Се ближи крај на војните,
Цар Христос владее.
3. Светлина Бог ни дава,
да се напрегаме,
и по тој пат на животот
со будност одиме.
Успешно ќе се сврши
Божјата намера.
Мудро е да продолжиме
со Бог во вечноста.