ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Како да започнеме библиски студии со книгата Што учи Библијата
    Нашата служба 2006 | Јануари
    • Како да започнеме библиски студии со книгата Што учи Библијата

      Многумина од нас би се радувале кога би воделе библиска студија, само кога би можеле да ја започнеме. Новата книга Што навистина учи Библијата? може да ни помогне во тоа. Воведот во книгата на страниците 3-7, има за цел да го вклучи станарот во една библиска дискусија со помош на публикацијата. Дури и оние со мало искуство во службата ќе можат лесно да ја користат за да започнуваат библиски студии.

      ◼ Би можел да се обидеш со овој пристап користејќи ја страница 3:

      Откако ќе споменеш некоја информација од вестите или некој проблем за кој се загрижени луѓето на твоето подрачје, прочитај му ги на станарот прашањата со масни букви на страница 3 и замоли го да каже што мисли за нив. Потоа сврти на страниците 4, 5.

      ◼ Или можеби повеќе ќе сакаш да започнеш користејќи ги страниците 4, 5:

      Би можел да кажеш: „Зарем не би било прекрасно кога навистина би се случило ова што го гледаме на овие слики?“ Или би можел да прашаш: „Кое од овие ветувања би сакале да се исполни?“ Слушај го внимателно одговорот.

      Ако станарот е посебно заинтересиран за некој стих, покажи му што вели Библијата за таа тема така, што ќе ги разгледаш пасусите во книгата кои го обработуваат тој стих. (Види ја рамката на оваа страница од додатокот.) Обработете го материјалот на ист начин како за библиска студија. Ова може да се направи на вратата уште при првата посета и тоа за пет до десет минути.

      ◼ Друг пристап е да го поканиме станарот да каже што мисли користејќи ја страница 6:

      Покажи му ги на станарот прашањата што се наведени долу на страницата и прашај го: „Дали некогаш сте си поставиле некое од овие прашања?“ Ако покаже интерес за некое од нив, сврти на пасусите во книгата што одговараат на тоа прашање. (Види ја рамката на оваа страница од додатокот.) Додека заедно ги разгледувате информациите, ти веќе водиш библиска студија.

      ◼ Со помош на страница 7 може да се прикаже библиска студија:

      Прочитај ги првите три реченици од страницата, а потоа сврти на поглавје 3 и со помош на пасусите 1-3 покажи му како изгледа една библиска студија. Договори се кога да навратиш за да ги разгледате одговорите на прашањата во пасус 3.

      ◼ Како да се договориш за повторна посета:

      На крајот од посетата договори се да го продолжите разговорот. Едноставно би можел да кажеш: „Само за неколку минути, научивме што учи Библијата за една важна тема. Следниот пат можеме да разговараме за [остави едно прашање што ќе го разгледате]. Може ли да дојдам следната седмица во истото време?“

      Додека се приближуваме до времето кое Јехова го одредил, тој продолжува да нѐ опремува за задачата што треба да ја завршиме (Мат. 28:19, 20; 2. Тим. 3:17). Затоа, делотворно да ја користиме оваа прекрасна нова публикација за да започнуваме библиски студии.

  • Како да ја нудиме книгата Што учи Библијата
    Нашата служба 2006 | Јануари
    • Како да ја нудиме книгата Што учи Библијата

      Овој додаток содржи различни предлози за тоа како да се нуди книгата Што учи Библијата. За да биде тоа поделотворно, кажи ги предлозите со свои зборови, приспособи ги според луѓето на твоето подрачје, и запознај се со некои мисли од книгата што можат да се користат за разговор. Можеш да користиш и други презентации кои би биле практични за твоето подрачје. (Види во Нашата служба за Царството од јануари 2005, стр. 8.)

      Армагедон

      ◼ „Кога ќе го слушнат зборот ‚Армагедон‘, многумина помислуваат на масовно уништување. Дали би се изненадиле ако дознаете дека Армагедон е всушност нешто што треба со радост да го очекуваме? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Откровение 16:14, 16.] Забележете ја оваа мисла во врска со тоа каков ќе биде животот по Армагедон.“ Сврти на страниците 82-84 и прочитај го пасус 21.

      Библија

      ◼ „Луѓето честопати гледаат на Библијата како на Божја реч. Дали некогаш сте се прашале како е можно една книга што ја напишале луѓе, со право да биде наречена Божја реч? [Почекај да одговори. Потоа прочитај 2. Петрово 1:21 и пасус 5 на страниците 19, 20.] Оваа книга ги дава библиските одговори на овие прашања.“ Покажи ги прашањата на страница 6.

      ◼ „Денес, луѓето имаат пристап до повеќе информации од кога и да било порано. Но што мислите, каде може да се најде добар совет кој ќе ни помогне да имаме среќен, успешен живот? [Почекај да одговори. Потоа прочитај 2. Тимотеј 3:16, 17 и пасус 12 на страница 23.] Оваа книга објаснува како можеме да живееме на начин што му е угоден на Бог и кој ќе ни користи нам.“ Покажи ја табелата и сликата на страници 122, 123.

      Вечен живот

      ◼ „Повеќето луѓе посакуваат добро здравје и долг живот. Но, кога би било возможно, дали би сакале да живеете вечно? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Откровение 21:3, 4 и пасус 17 на страница 54.] Оваа книга зборува за тоа како можеме да добиеме вечен живот и каков ќе биде животот кога тоа ветување ќе се оствари.“

      Војна/мир

      ◼ „Луѓето насекаде копнеат по мир. Што мислите, дали надежта за мир на Земјата е само сон? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Псалм 46:8, 9.] Оваа книга зборува за тоа како Бог ќе ја исполни својата намера и како ќе создаде светски мир.“ Покажи ја сликата на страница 35 и разгледај ги пасусите 17-21 на страници 33, 34.

      Исус Христос

      ◼ „Исус Христос им е познат на луѓето од целиот свет. Некои велат дека тој бил само еден извонреден човек. Други, пак, го обожаваат како Семоќен Бог. Што мислите, дали е важно што веруваме во врска со Исус Христос?“ Почекај да одговори. Потоа прочитај Јован 17:3 и пасус 3 на страници 37, 38. Насочи го вниманието кон воведните прашања под насловот на поглавјето.

      Јехова Бог

      ◼ „Многу луѓе што веруваат во Бог сакаат да му се приближат. Дали знаете дека Библијата нѐ поканува да му се приближиме? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Јаков 4:8а и пасус 20 на страница 16.] Целта на оваа книга е да им помогне на луѓето со помош на личниот примерок од Библијата да научат повеќе за Бог.“ Покажи ги воведните прашања на страница 8.

      ◼ „Многу луѓе се молат да се свети името на Бог. Дали некогаш сте се прашале кое е тоа име? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Псалм 83:18 и пасусите 2, 3 на страница 195.] Оваа книга објаснува што навистина учи Библијата за Јехова Бог и неговата намера за човештвото.“

      Молитва

      ◼ „Дали некогаш сте се прашале како Бог одговара на молитвите? [Почекај да одговори. Потоа прочитај 1. Јованово 5:14, 15 и пасусите 16-18 на страници 170-172.] Ова поглавје исто така објаснува зошто треба да се молиме и што мораме да правиме за Бог да ги слушне нашите молитви.“

      Религија

      ◼ „Многу луѓе почнуваат да гледаат на светските религии повеќе како на причина за човечките проблеми, отколку како на решение. Што мислите, дали религијата ги води луѓето во исправна насока? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Матеј 7:13, 14 и пасус 5 на страници 145, 146.] Ова поглавје разгледува шест карактеристики кои одредуваат кое обожавање го прифаќа Бог.“ Покажи го списокот на страница 147.

      Семејство

      ◼ „Сите сакаме да имаме среќен семеен живот, зарем не? [Почекај да одговори.] Библијата зборува дека секој во семејството може да придонесе за семејната среќа — ако го имитира Бог така што ќе покажува љубов.“ Прочитај Ефешаните 5:1, 2 и пасус 4 на страница 135.

      Смрт/воскресение

      ◼ „Многу луѓе се прашуваат што навистина се случува при смртта. Што мислите, дали е можно да го дознаеме тоа? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Проповедник 9:5 и пасусите 5, 6 на страници 58, 59.] Оваа книга исто така објаснува од какво значење ќе биде библиското ветување за воскресение, за оние што умреле.“ Покажи ја сликата на страница 75.

      ◼ „Кога ќе ни умре некој близок, нормално е да посакуваме повторно да го видиме. Зарем не се согласувате? [Почекај да одговори.] Многумина се утешиле од библиското ветување за воскресение. [Прочитај Јован 5:28, 29 и пасусите 16, 17 на страници 71, 72.] Ова поглавје дава одговор и на овие прашања.“ Покажи ги воведните прашања на страница 66.

      Станбени услови

      ◼ „Скоро насекаде во светот станува сѐ потешко да се најде евтино и пристојно место за живеење. Што мислите, дали еден ден ќе има доволно станови за сите? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Исаија 65:21, 22 и пасус 20 на страница 34.] Оваа книга објаснува како ќе се исполни ова пророштво од Бог.“

      Трагедии/страдања

      ◼ „Кога ќе се случи некоја трагедија, многумина се прашуваат дали Бог навистина се грижи за луѓето и дали го забележува нивното страдање. Дали и вие сте се прашувале за тоа? [Почекај да одговори. Потоа прочитај 1. Петрово 5:7 и пасус 11 на страница 11.] Оваа книга објаснува на кој начин Бог потполно ќе го отстрани страдањето на луѓето.“ Покажи ги воведните прашања на страница 106.

      [Рамка на страница 5]

      Спомни го начинот на финансирање со доброволни прилози

      „Ако сакате денес да дадете скромен прилог за нашето меѓународно дело, со радост ќе го примам.“

      „Иако нашата литература се нуди бесплатно, сепак прифаќаме скромен прилог за нашето меѓународно дело.“

      „Можеби се прашувате како се финансира ова дело. Ова меѓународно дело се поддржува со доброволни прилози. Ако сакате денес да дадете скромен прилог, ќе ми биде задоволство да го примам.“

  • 1) Прашање, 2) стих, и 3) поглавје
    Нашата служба 2006 | Јануари
    • 1) Прашање, 2) стих, и 3) поглавје

      Книгата Што навистина учи Библијата? може едноставно да се понуди на следниов начин: 1) прашај го лицето да каже свое мислење за некоја тема, 2) прочитај соодветен стих, и 3) покажи едно поглавје од книгата во кое се зборува за таа тема, со тоа што ќе ги прочиташ воведните прашања под насловот од тоа поглавје. Ако станарот покаже интерес, би можел да му покажеш како изгледа една библиска студија со помош на воведните пасуси од тоа поглавје. Оваа метода може да се користи за да се започне студија на ново место или кога правиме повторни посети.

      ◼ „Што мислите, дали е можно ние, обичните луѓе, да го запознаеме семоќниот Творец, како што е запишано тука во Библијата?“ Прочитај Дела 17:26, 27 и почекај да одговори. Потоа покажи го поглавје 1.

      ◼ „Покрај толку многу проблеми денес, што мислите, дали е можно да најдеме утеха и надеж како што е опишано тука?“ Прочитај Римјаните 15:4 и почекај да одговори. Потоа покажи го поглавје 2.

      ◼ „Кога би имале моќ, дали би ги направиле следниве промени?“ Прочитај Откровение 21:4 и почекај да одговори. Потоа покажи го поглавје 3.

      ◼ „Што мислите, дали нашите деца некогаш ќе ги доживеат условите што се опишани во оваа древна песна?“ Прочитај Псалм 37:10, 11 и почекај да одговори. Потоа покажи го поглавје 3.

      ◼ „Што мислите, дали некогаш ќе се исполнат овие зборови?“ Прочитај Исаија 33:24 и почекај да одговори. Потоа покажи го поглавје 3.

      ◼ „Сте се прашувале ли некогаш дали мртвите знаат што прават живите?“ Почекај да одговори. Потоа прочитај Проповедник 9:5 и покажи го поглавје 6.

      ◼ „Што мислите, дали е можно еден ден повторно да ги видиме нашите блиски што умреле, како што рекол Исус во овие стихови?“ Прочитај Јован 5:28, 29 и почекај да одговори. Потоа покажи го поглавје 7.

      ◼ „Според вас, што е потребно за да се извршува Божјата волја на Земјата како што се врши на небото, како што е спомнато во оваа позната молитва?“ Прочитај Матеј 6:9, 10 и почекај да одговори. Потоа покажи го поглавје 8.

      ◼ „Што мислите, дали живееме во времето што е опишано во ова пророштво?“ Прочитај 2. Тимотеј 3:1-4 и почекај да одговори. Потоа покажи го поглавје 9.

      ◼ „Многу луѓе се прашуваат зошто човечките проблеми се зголемуваат. Дали некогаш сте помислиле дека ова е причината за таа состојба?“ Прочитај Откровение 12:9 и почекај да одговори. Потоа покажи го поглавје 10.

      ◼ „Дали некогаш сте посакале да го дознаете одговорот на следново прашање?“ Прочитај Јов 21:7 и почекај да одговори. Потоа покажи го поглавје 11.

      ◼ „Што мислите, дали примената на овој совет од Библијата би им помогнал на луѓето да имаат среќен семеен живот?“ Прочитај Ефешаните 5:33 и почекај да одговори. Потоа покажи го поглавје 14.

      Откако на лицето си му покажал како изгледа библиска студија и потоа си ја одржал два пати, а постои веројатност дека ќе се продолжи и понатаму, тогаш можеш да ја известиш студијата.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели