И ние можеме да му дадеме нешто на Јехова
1 Дали си знаел дека луѓето можат да му дадат нешто на Бог? Авел жртвувал за Јехова дел од својот драгоцен добиток, а и Ное и Јов принесувале слични жртви (1. Мој. 4:4; 8:20; Јов 1:5). Се разбира, со тоа не го збогатиле Творецот, бидејќи сѐ е негово. Но, жртвите покажале колку многу го сакале Бог тие верни луѓе. Денес, ние можеме да ги користиме нашето време, силата и средствата за да му принесуваме на Јехова „жртва на фалба“ (Евр. 13:15).
2 Нашето време: Многу е пофално ако ‚си откупуваме‘ време од помалку важните работи за повеќе да учествуваме во службата (Еф. 5:15, 16). Би можеле ли да смениме нешто во својот распоред за да бидеме помошни пионери еден или повеќе месеци во годината? Или, пак, би можеле да останеме во служба подолго отколку што сме испланирале. Ако секоја седмица проповедаме по 30 минути повеќе отколку обично, службата ќе ни се зголеми најмалку за два часа месечно!
3 Нашата сила: За да имаме сила да проповедаме, треба да избегнуваме забава и работни места кои би можеле толку да нѐ исцрпат што повеќе не би биле способни да му го даваме најдоброто на Јехова. Исто така, не треба да си ставаме многу грижи на срцето за тоа да не ‚премали‘, односно да не ни се намали силата што би можеле да ја користиме во службата за Бог (Изр. 12:25). Дури и да имаме оправдани причини за загриженост, многу подобро е ‚да го фрлиме своето бреме на Јехова‘ (Пс. 55:22; Фил. 4:6, 7).
4 Нашите средства: Освен тоа, можеме да даваме и материјални средства за поддршка на проповедничкото дело. Павле ги поттикнал сохристијаните редовно да ‚ставаат настрана‘ за да им се даде на оние што имаат потреба (1. Кор. 16:1, 2). И ние денес би можеле да заштедиме некој денар за да приложиме за потребите на нашето собрание, како и за меѓународното дело. Јехова го цени она што го даваме од срце, дури и ако е само малку (Лука 21:1-4).
5 Јехова ни дал многу работи (Јак. 1:17). Нашата благодарност ќе ја покажеме ако великодушно даваме од нашето време, сила и средства за да му служиме. Така ќе го радуваме Јехова, „зашто Бог го сака веселиот дарител“ (2. Кор. 9:7).