Песна 214
Да го следиме Божјиот пат на животот
1. Скапоцен дар, а и скапоцен посед
— животот Христос што нам ни го дал.
Пред тебе Боже признаваме ние:
Носи уживање Патот за нас.
2. Стравот од тебе Јехова е извор
— мудрост, спознание ќе црпиме.
Радосно читаме од твојот закон;
во света облека го следиме.
3. Животот има цел, а преку Исус
учиме како да живееме.
Светот нам горделив не ни е близок.
Давајќи, среќа ќе добиваме.
4. Сѐ што научивме сега од тебе,
помош ни треба да примениме.
Кротки да чујат за Царството твое,
заедно да те обожаваме.