ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Помогни им на оние што ќе дојдат на Спомен-свеченоста
    Нашата служба 2008 | Март
    • Помогни им на оние што ќе дојдат на Спомен-свеченоста

      1. За кои работи ќе биде дадено впечатливо сведоштво на 22 март 2008 год.?

      1 На 22 март 2008 год., милиони луѓе низ светот ќе добијат впечатливо сведоштво. Присутните на Спомен-свеченоста ќе чујат за големата љубов што Јехова ја покажал кон луѓето со тоа што обезбедил откупнина (Јован 3:16). Ќе дознаат за Царството и за начинот на кој Јехова ќе го употреби за да ја оствари својата волја со целата Земја (Мат. 6:9, 10). Од прва рака ќе ги видат љубовта и единството на Божјиот народ и ќе го почувствуваат нашето срдечно гостопримство (Пс. 133:1).

      2. Како би можеле да им помогнеме на интересентите што ќе присуствуваат?

      2 На интересентите: Меѓу присутните ќе има луѓе со кои штотуку сме започнале да ја проучуваме Библијата. Запознај ги со браќата и сестрите. Објасни им ги нашите седмични состаноци и прошетај ги кратко низ Салата на Царството. За време на говорот, говорникот ќе ги поттикне таквите лица да продолжат духовно да напредуваат. На темел на тие коментари можеш и ти да ги поттикнеш интересентите да ја постигнат таа цел.

      3. Како би можеле да ги охрабриме неактивните објавители?

      3 На неактивните: Меѓу присутните ќе има и неактивни објавители. Пријди им и срдечно поздрави ги. Немој да им поставуваш лични прашања или да кажуваш работи поради кои ќе им биде непријатно. Набрзо по Спомен-свеченоста, старешините треба да ги посетат сите неактивни објавители што присуствувале, да ги пофалат за тоа што се потрудиле да дојдат и срдечно да ги поканат на следниот собраниски состанок.

      4. Како би можел секој од нас да им помогне на гостите?

      4 На гостите: Меѓу присутните можеби ќе има и наши познајници или роднини што сме ги поканиле. Други, пак, можеби ќе дојдат поради поканата што ја добиле во посебната акција. Ако видиш лица што не ги познаваш, претстави им се и изрази им срдечно добредојде. Можеби за прв пат доаѓаат на некој наш состанок. Во разговорот можеби ќе ти се укаже прилика да ја дознаеш нивната адреса или телефонски број. Ако ги посетиш или ако им се јавиш по телефон неколку дена по Спомен-свеченоста, би можел да ги поттикнеш да дознаат повеќе за Библијата и да ја проучуваат.

      5. Што би можеле да кажеме за да почнеме со некого да проучуваме?

      5 Информациите од говорот за Спомен-свеченоста можеме да ги искористиме за да ја понудиме книгата Што учи Библијата кога ќе одиме на некоја повторна посета. На пример, говорникот ќе чита од Исаија 65:21-23. На повторната посета би можел да го спомнеш говорот и да кажеш: „Би сакал да ви кажам кои други прекрасни работи ќе ги овозможи откупнината“. Потоа разгледајте ги страниците 4 и 5 од книгата Што учи Библијата. Или би можел да кажеш: „Многумина се прашуваат кога ќе се исполни пророштвото од Исаија“. Потоа разгледајте ги пасусите 1-3 од 9. поглавје. Друга можност е само да го спомнеш поттикот што го дал говорникот, да му ја дадеш книгата Што учи Библијата и да му покажеш како се проучува со помош на таа книга.

      6. Каква можност имаме додека ја извршуваме Исусовата заповед да ја одбележуваме неговата смрт?

      6 Секој од нас треба да бара можност да им помогне на интересентите, на неактивните објавители и на гостите кои ќе дојдат на Спомен-свеченоста (Лука 22:19). Јехова сигурно ќе ја благослови нашата зголемена активност во службата за Царството.

  • Како да ги понудиш списанијата
    Нашата служба 2008 | Март
    • Како да ги понудиш списанијата

      Стражарска кула 1 март

      „Секој ден слушаме за страдања, болести и смрт. Се прашувате ли дали некогаш ќе бидеме спасени од сето тоа? [Почекај да одговори.] Овој стих од Библијата им дал надеж на милиони луѓе. [Прочитај Јован 3:16.] Темата на ова списание е: ‚Како може да те спаси смртта на Исус?‘“

      Разбудете се! Март

      „Што мислите, дали е добро или лошо да се биде суеверен? [Почекај да одговори.] Во Библијата има еден интересен стих во врска со тоа. [Прочитај Исаија 65:11.] Во оваа статија можете да прочитате дали суеверието е во согласност со библиските учења.“ Покажи ја статијата што почнува на 10. страница.

      Стражарска кула 1 април

      „Дали би сакале да се исполни ова пророштво? [Прочитај Исаија 2:4. Потоа почекај да одговори.] Овој стих укажува на тоа дека Бог ќе се вмеша во човечките работи и ќе ‚создаде складност‘, односно ќе ги среди работите. Библијата покажува дека Бог ќе води војна која е наречена Армагедон. Таа ќе им стави крај на сите војни. Во ова списание е објаснето што точно е Армагедон и зошто треба со радост да го очекуваме.“

      Разбудете се! Април

      „Што мислите, дали живееме во овој период? [Прочитај 2. Тимотеј 3:1-4. Потоа почекај да одговори.] Треба да бидеме живо заинтересирани за последните денови бидејќи, откако ќе поминат, ќе дојде нешто подобро. Повеќе информации за тоа ќе најдете во ова списание.“

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели