ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Дали Јуда лежела опустошена?
    Стражарска кула 2006 | 15 Ноември
    • Дали Јуда лежела опустошена?

      БИБЛИЈАТА прорекла дека Вавилонците ќе го опустошат царството Јуда и дека тоа ќе лежи опустошено сѐ додека Евреите не се вратат од заробеништво (Еремија 25:8-11). Вдахновениот историски извештај, кој бил запишан околу 75 години откако првата група изгнаници се вратиле во својата татковина, ни дава силна причина да веруваме дека ова пророштво навистина се исполнило. Во него стои дека вавилонскиот цар ‚ги одвел во заробеништво во Вавилон оние што му избегале на мечот‘ и дека тие ‚им биле слуги нему и на неговите синови додека не завладеало персиското царство‘. А во врска со земјата вели: „[Таа] одмораше во сите денови додека беше пуста“ (2. Летописи 36:20, 21). Дали има археолошки докази што го потврдуваат тоа?

      Во списанието Biblical Archaeology Review, Ефраим Стерн, професор по палестинска археологија на Еврејскиот универзитет, истакнува: „И Асирците и Вавилонците опустошиле големи делови од древниот Израел, но археолошките докази за последиците од нивните освојувања укажуваат на две сосема спротивни работи“. Тој објаснува: „Асирците оставиле јасна трага со своето присуство во Палестина. Меѓутоа, чудно е што, по уништувањето од страна на Вавилонците, не можат да се најдат археолошки докази... Нема никакви докази дека таа била населена сѐ до периодот на Персијците... Не постои апсолутно никаков доказ што би укажувал на тоа дека некој живеел таму. За сето тоа време, ниту еден град што бил уништен од Вавилонците не бил повторно населен“.

      Професор Лоренс Е. Стејџер од Харвардскиот универзитет се согласува со ова. Тој вели: „Во цела Филистеја, а подоцна и во Јуда, користејќи тактика на намерно и целосно уништување на непријателската земја, вавилонскиот цар ја претворил територијата западно од реката Јордан во вистинска пустина“. Стејџер додава: „Дури откако почнал да владее Кир Велики, Персиецот што ги наследил Вавилонците, повторно се појавиле археолошки записи... во Ерусалим и Јуда, татковината во која се вратиле многуте еврејски изгнаници“.

      Навистина се остварило она што Јехова го рекол во врска со Јуда — дека ќе лежи опустошена. Тоа што го претскажува Јехова Бог секогаш се исполнува (Исаија 55:10, 11). Затоа можеме да имаме потполна доверба во Јехова и во ветувањата што се запишани во неговата Реч, Библијата (2. Тимотеј 3:16).

  • Дали би сакале да бидете посетени?
    Стражарска кула 2006 | 15 Ноември
    • Дали би сакале да бидете посетени?

      Дури и во овој немирен свет, можете да бидете среќни ако дознаете што навистина учи Библијата за Бог, за неговото Царство и за неговата прекрасна намера со човештвото. Ако сакате повеќе информации или би сакале некој да Ве посети во Вашиот дом и бесплатно да ја проучува Библијата со Вас, Ве молиме пишете до: Јеховини сведоци, п. ф. 800, 1 000 Скопје, или на соодветната адреса од страница 2.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели