ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/11 стр. 3-4
  • Писмо од Водечкото тело

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писмо од Водечкото тело
  • Нашата служба за Царството 2011
  • Сличен материјал
  • Продлабочувај ја љубовта која никогаш не престанува
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Колку е далекосежна твојата љубов?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • „Сакај го Јехова, својот Бог“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Љубовта ни помага да ја поднесеме омразата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Повеќе
Нашата служба за Царството 2011
km 3/11 стр. 3-4

Писмо од Водечкото тело

Драги браќа и сестри,

Ова се навистина возбудливи времиња! Имаме многу причини за радост! Среќни сме што „рамо до рамо“ со вас го даваме досега најголемото сведоштво за нашиот небесен Татко, Јехова (Соф. 3:9; Јован 14:12).

Тоа што сме радосни во службата за Јехова не значи дека немаме сериозни проблеми. Во изминатата службена година, некои од вас претрпеа големи тешкотии поради земјотреси, поплави, урагани и други опасни природни катастрофи (Мат. 24:7). Многумина секојдневно се борат со тешките последици од некоја болест или од староста. Сите ние мораме да се бориме со „болните неволји“, кои од ден на ден стануваат сѐ поголеми (Мат. 24:8). Во некои земји, како што се Ерменија, Еритреја и Јужна Кореја, многу наши браќа се во затвор поради својата вера (Мат. 24:9).

Што ни помага да задржиме позитивен став и покрај ваквите тешкотии? Годишниот стих за 2010 год. нѐ потсети на еден важен фактор: ‚Љубовта сѐ трпи. Љубовта никогаш не престанува‘ (1. Кор. 13:7, 8). Токму нашата меѓусебна љубов, како и љубовта кон Јехова ни ја даваат потребната сила за да успееме сѐ да поднесеме.

Многумина кои тврдат дека се христијани се чудат на обемот и на постојаноста на нашето проповедничко дело. Иако можеби не се согласуваат со нашите верувања и учења, некои од нив велат: „Вие го вршите делото кое ние би требало да го вршиме!“ Како успеваат Јеховините сведоци да проповедаат без престан? Повторно, одговорот е љубовта. Исто како нашиот небесен Татко, и ние не сакаме никој да биде уништен, туку сите да дојдат до покајание (2. Пет. 3:9). Тоа се гледа во новиот најголем број на објавители, кој минатата службена година достигна 7.508.050. Која друга религиозна организација има толку многу проповедници кои ревносно и од љубов им помагаат духовно на другите без да добијат паричен надомест за тоа?

Не смееме да го заборавиме постојаното исполнување на пророштвото на Исаија: „Во последните денови, гората на Јеховиниот дом ќе стои цврсто над планинските врвови и ќе се возвишува над ридовите, и сите народи ќе се слеваат кон неа. И многу народи ќе одат [кон неа]“ (Иса. 2:2-4). Во огромното мноштво кое се слева во Јеховиниот дом се и 294.368-те лица кои се крстија во текот на изминатата службена година. Сакаме да им изразиме добредојде на овие ценети нови браќа и сестри! Нашата христијанска љубов треба да нѐ мотивира да продолжиме да им помагаме да се бранат од нападите на нашиот непријател Сатана Ѓаволот (1. Пет. 5:8, 9).

Бројот на присутни на Спомен-свеченоста, која се одржа во вторник, на 30 март 2010, за првпат достигна 18.706.895, што покажува дека уште неколку милиони поединци би можеле да ни се придружат во нашата служба за Јехова. Навистина сме среќни што Јехова сѐ уште не му ставил крај на овој зол поредок! Во меѓувреме, нашата љубов ни помага и понатаму да истраеме (2. Сол. 3:5).

Обласните конгреси „Остани близок со Јехова“, кои се одржаа низ целиот свет главно во 2010 година, ни го зацврстија односот со нашиот небесен Татко Јехова. Колку вистинити се зборовите на псалмистот: „Среќен е народот чиј Бог е Јехова!“ (Пс. 144:15). Што и да ни донесе иднината, сигурни сме дека, ако Јехова е со нас, нема причина да се плашиме (Пс. 23:4). Наскоро Јехова, преку својот Син, ќе „ги уништи делата на Ѓаволот“ (1. Јов. 3:8). Вистински копнееме по тој ден! Но, во меѓувреме, имаме уште многу работа која треба да ја завршиме (1. Кор. 15:58).

Бидете уверени дека секогаш ве спомнуваме во нашите молитви (Рим. 1:9). „Стојте во Божјата љубов додека го чекате милосрдието на нашиот Господар Исус Христос и се надевате на вечниот живот“ (Јуда 21).

Ве сакаме сите вас!

Вашите браќа,

Водечко тело на Јеховините сведоци

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели